Османи: Очекуваме јасна одлука за почнување преговори со ЕУ

Очекуваме јасна одлука за отпочнување на преговори со Европската Унија, затоа што ова е единствениот правилен епилог на овој процес кој не се засновал на политички премостувања, истакна вицепремиерот Бујар Османи.

Османи на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции посочи дека очите на 20 милиони жители од Западен Балкан се насочени кон Брисел и очекуваат каков одговор ќе добие Северна Македонија и дали ЕУ ќе го одржи зборот за да се сочува перспективата на оваа земја.

– Граѓаните на Косово очекуваат каков одговор ќе добие Северна Македонија и да видат дали се исплати да пристапат на дијалог за компромис со Србија, а очите на осум милиони граѓани од Србија се насочени кон Брисел за да видат каков одговор ќе добие Северна Македонија, рече Османи.

Очекувањата, како што истакна вицепремиерот се големи и тоа е природно, бидејќи ова не е процес кој го започнавме вчера, туку е процес на кој работиме последниве 19 години.

Вицепремиерот Османи посочи дека како држава сме подготвени за предизвикот кој го носат пристапните преговори.

Говорејќи за текот на транспонирањето на европското законодавство, Османи пред присутните објасни до каде е процесот и што ја очекува земјава откако ќе ги започне преговорите со Унијата, а ја презентираше и преговарачката структура чие воспоставување е веќе финализирано.

-После две децении во процесот на европска интеграција Република Северна Македонија конечно ќе премине во долго очекуваната фаза на преговори која претставува не награда туку валоризација на се она што го постигнавме заедно, особено реформите кои беа спроведени со консензус и на партиите на власт и на тие во опозиција. Со тоа им покажавме и на граѓаните и на нашите меѓународни партнери дека европската интеграција е стратешка определба во која сите веруваме и за чие што остварување сите придонесуваме, истакна Османи.

Верувам, посочи тој, дека на октомврискиот самит земјите – членки ќе донесат одлука која ќе даде импулс за натамошен напредок на земјава, импулс кој ќе има позитивно влијание и врз останатите процеси во регионот, а ќе претставува и позитивен придонес во создавањето постабилна, побезбедна и кредибилна Европска Унија.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Никола Попоски реле дека за датум не одлучуваме ние, туку 27 односно 28 земји членки бидејќи Велика Британија е се уште дел од ЕУ.

– Членки во ЕУ ќе станеме кога ќе се приближиме толку до европските стандарди што за нив ќе биде од прилика сеедно дали сме влегле или не. И мислам дека тој ќе биде главниот критериум по кој ќе се случуваат следните проширувања, рече Попоски.

Тој во своето обраќање рече дека Макрон и Меркел сигурно состанокот нема да го посветат на Северна Македонија, имајќи предвид дека има многу поважни прашања за разговори.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ истакна дека ќе биде многу разочарувачки ако добиеме уште едно одлагање бидејќи, како што додаде, уште едно одлагање ќе значи рушење на кредибилитетот на ЕУ пред нашите граѓани.

-Тука не се работи воопшто за политичка игра, туку за објаснување кое им го должиме на нашите граѓани, бидејќи како држава направивме тешки чекори и тоа мислам дека треба да ни се признае. Не зборувам за политички жртви, туку за сериозни отстапки кои ги направивме во име на евроинтеграциите и граѓаните го поддржуваа тоа, рече таа.

Овде не се работи за подарок, затоа што, како што рече Туфегџиќ „ никој нам ништо не ни подарува, туку напротив ние сериозно ја одработивме задачата која сами пред се си ја зададовме".

Посебен советник за евроатлански интеграции во кабинетот на премиерот, Бојан Маричиќ, меѓу другото рече дека треба сите да бидеме среќни заради точката во која се наоѓаме и да бидеме внимателни бидејќи уште многу работа се наоѓа пред нас без разлика на тоа како ќе гласи одлуката на крајот на оваа недела.

-Дали имаме право да се радуваме, тоа ќе го видиме на крајот на неделата. Но, мислам дека толку многу е направено и толку тешки одлуки поминаа и низ ова Собрание и низ Владата и во општеството што доколку добиеме посакувана позитивна одлука ќе треба да ја дочекаме со радост, но и со поголема одговорност и поинтензивна работа на сите нивоа, рече Маричиќ.

Додаде дека треба да сме среќни ако по 15 години излеземе од чекалната и ако се мобилизираме како што веќе сме тргнати за трансформација на општеството и за реформи на сите нивоа.

На денешната шеста седница на Националниот совет за евроинтеграции присуствуваа членовите на комисиите за надворешни прашања, амбасадори на земјите членки на ЕУ, како и претставници од државните институции и граѓанските организации./МИА

Ален на средба со Курти: Косово припаѓа во ЕУ и НАТО, да се спроведат договорите со Србија

Претходно, американската дипломатка се сретна и со претседателката Вјоса Османи.

Американската државна потсекретарка за јавна дипломатија Елизабет Ален, која престојува во Косово, по средбата со претседателката на државата, Вјоса Османи, беше примена и од косовскиот премиер, Албин Курти, со кого вели дека имала „длабока дискусија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ален на платформата „Икс“, поранешен Твитер, покрај фотографии од средбата со Курти, напиша дека „Косово припаѓа во ЕУ и НАТО“, а го повтори и барањето на Вашингтон за спроведување на договорите со Србија.

„Ја ценам длабоката дискусија со косовскиот премиер Албин Курти. Косово припаѓа во ЕУ и НАТО. Ние бараме целосна имплементација на сите договори што Косово и Србија ги постигнаа во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ“, напиша Ален.

Претходно, американската дипломатка се сретна и со претседателката Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на Соединетите Американски Држави и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави.

На заедничката прес-конференција по потпишувањето на договорот, Ален рече дека со Османи разговарале и за „критичните прашања на евроатлантскиот пат на Косово“, оценувајќи дека „суштинскиот чекор кон евроатлантскиот пат на Косово (е) напредокот на Косово во врска со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство“. /МИА

Руската нафтена рафинерија во Краснодар привремено ја прекина работата по украинските напади

Руската нафтена рафинерија „Славјанск“ во јужниот дел на областа Краснодар денеска привремено ја прекина работата по синоќешниот напад на украински беспилотни летала, јавија руските медиуми.

Според извештаите на локалните власти, шест украински беспилотни летала паднале на територијата на рафинеријата.

Дроновите со кои беше нападната рафинеријата во јужниот дел на Русија не предизвикаа пожари, додаваат медиумите, повикувајќи се на властите.

Рафинеријата има капацитет од четири милиони тони нафта годишно, што е околу еден милион барели дневно./МИА

Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт

Стабилна е состојбата на 56 годишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип. 

Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на oдделението за ортопедија во штипската Клинничка болница. Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна на повредите добиени при пад на лифтот, во кој биле работно ангажирани.

Во меѓувреме директорката на Државниот инспектор за труд, Весна Томовска за МИА изјави дека на лице место вчера е излезен трудов инспектор. Утврдено е дека двајцата работници не биле вработени, туку работно ангажирани во објектот. Починатиот бил кувар во пензија.

Посочува дека утре до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа во објектот. Од Обвинителството пак информираат дека се обезбедуваат докази за расчистуваање на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата се уште нема официјални информации. Телото на починатото лице е дадено на обдукција.

притисни ентер