Османи: Не презедовме никакви обврски поврзани со наводите на бугарското МНР

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата на канал 5 телевизија , „ Само вистина “ , рече дека на средбата во Софија не биле преземени никакви обврски во врска со наводите што попладнево ги објави бугарското МНР.

Османи рече дека во Софија бил направен дијалог , биле ставени идеи за натамошни разговори на ниво на размена на идеи, а не биле преземени никакви обврски.

Во Софија воспоставен е отворен дијалог за позициите на двете страни во однос на прашањата. Ние разменувавме идеи за можни решенија по однос на сите тие точки кои се споменуваат, а се комплементарни на основната идеја што ја дава португалското решение, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на гостувањето на телевизија Канал 5, во однос на писмото од бугарското МНР.

– Овие решенија се разменети како идеи и предлози на состанокот. Идејата и договорот беше на нив да се одговори пред Самитот. Доколку имаме договор, тоа да се преточи во поддршка и тогаш би имале комплетен договор – дефиниран патоказ, прашањата кои ги решава предлогот на поругалското претседателство во однос на јазикот и позицијата на патоказот во европскиот процес и плус зелено светло за почетокт на преговоир. И имаме комплетно решение. Негативното е што овој одговор од Софија доаѓа после Советот, значи ја немаме одлуката, но предноста е што ова е индикација дека начелно се прифаќаат идеите како да се надмине проблемот, појасни Османи.

Жално е, посочи Османи, што стигнавме во ситуација да бараме гаранции – Бугарите од нас да бараат гаранции за имплементација на договореното, а ние сега да кажеме „па и јас сакам гаранција дека ќе добиеме зелено светло за почеток на преговорите".

Се обидувам, рече Османи, барем од првото читање на писмото, да го интерпретирам како прифаќање на решенијата, како конечно решение.

– Тоа сепак, треба да е поврзано со одлуката за започнување на преговори, бидејќи целта и на Договорот од 2017 година е разликите да стават во една рамка и заеднички да ги најдеме решенијата и да ги преземеме обврските, посочи Османи.

Не сметам, нагласи Османи, дека ова прашање може да се реши со еднострани решенија.

– Договорот од 2017 година, во суштина, го имаше токму овој момент, дека едностраните обиди претходно не вродуваа со плод, туку напротив само ги кочеа билатералните односи. Договорот воведе рамка, во која на паритетна основа, на добра волја ги ангажираше двете страни да разговараат, да наоѓаат решенија, да ги имплементираат и заеднички да го мониторираат имплементирањето на Договорот. Така што не сметам дека и сега ние треба да се вратиме во ситуација пред Договорот од 2017, со едностран пристап, изјави Османи.

Во Софија, нагласи Османи, се разговараше за идеи како да се надминат разликите.

– На пример, во однос на краткото име. Едно од барањата на Бугарија беше секаде да стои само Република Северна Македонија, додека Северна Македонија да се исфрли од употреба. Ние сметавме дека тоа не треба да е така, и дадовме предлог дека најдобро ќе се реши, доколку со една изјава ние кажеме дека краткото име е исто, како што е и долгото име, изјави Османи.

Во однос на точката, која се однесува на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, Османи рече дека во 2006 година, Собранието веќе има донесено ваква слична резолуција, и воопшто не гледа ништо спорно да се усвои една таква резолуција.

За содржината на учебниците, Османи рече дека прашањата на стереотипите и говорот на омраза треба да бидат расчистени и за тоа да се најде заеднички наратив.

– Во Договорот стои заедничка историја и ние можеме да го преведеме како споделена или ваква или таква, но во Договорот стои заедничка историја меѓу Бугарија и Македонија. Европскиот пристап е поинаков. Едноставно секој си има свој поглед во однос на конкретен историски настан и историска личност и двете страни ги почитуваат или пак во учебниците се објаснуваат двата погледи и тоа е дел од проблемот. Затоа сметам дека историската Комисија не е ниту замислена да може да најде решение за една или две години. Тоа е тежок процес, изјави Османи.

Инаку попладнево бугарското МНР излезе со соопштение во кое се наведени пет точки за наводен договор постигнат на средбата на 17 јуни.

Според МНР на Бугарија македонската страна изразила подготвеност во најкратки рокови Скопје да потврди пред ОН дека името РСМ не го означува географскиот регион Северна Македонија, кој се наога во Бугарија.

-По испорачањето на оваа вербална нота Бугарија веднаш ке запре да настојува да се употребува долгото име Република Северна Македонија

Втората точка е дека Македонија ќе запре со малцинските претензиии кон Бугарија потврдувајки дека нема историски ,етнички и други основи да бара малцински статус на било која група на луге.

Трето Македонија да почне процес на рехабилитација на жртвите од југословенскиот комунузам репресирани на нејзина територија поради бугарските чуства ..

Во четвртата точка преземна била обврска Македонија со Бугарија да ја адаптира содржината на наставните програми со цел објективно да се прикаже заедничката историја, како централен елемент во преамбулата на договорот за добросодество.

И петто, заедничко идетификување и отстранување на таблите и натписите на територијата на Македонија кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите, се наведува во објавата на МНР на Бугарија..Оттаму велат и дека министерот за надворешни Светлан Стоев веќе испратил и писмо до министерот Бујар Османи во кое тој навел дека очекува да бидат исполнети превземените обврски спрема Бугарија

Изложени ликовни творби од ученици по повод Националниот комеморативен ден на Израел- Јом Хашоa

Конкурсот беше распишан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, и се состои од три проекти - ликовен, литературен и дигитална содржина.

По повод одбележувањето на Националниот комеморативен ден на Израел - Јом Хашоа, кој е посветен на хероизмот во Варшавското гето, денеска во Меморијален центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје е отворена изложба од ликовни творби на ученици кои учествуваа на наградниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“. Учесниците низ своја призма создадоа дела поврзани со Холокаустот.

Конкурсот беше распишан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, и се состои од три проекти - ликовен, литературен и дигитална содржина.

Согласно одлуката од жири комисијата, првото место го освои Мартин Николовски, деветто одделение од основното училиште „Љубен Лапе“ од Скопје, чиј ментор е Сузана Михајловска. Второто место го освои Сара Гигова од основното училиште „Димитар Влахов“ од Штип, чиј менторот е Дејан Марков, а третото место го доби цртежот изработен од Илина Талеска, деветто одделение чиј ментор е Марга Масеска.

Како што изјави на отворањето на изложбата Жаклина Мучева, раководител на секторот за едукација на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија, повеќето од делата кои се изложени се поврзани со две книги кои што учениците ги читаат - „Ана Франк“ и „Момчето во пругасти пижами“.

Таа испрати апел до сите наставници оваа литература да ја прошират, бидејќи како што посочи, имаме содржини кои што можат да го збогатат знаењето на сите ученици.

-Оваа изложба ја отвораме традиционално и навистина сме горди на проектот бидејќи се она што го добиваме од учениците во основните училишта во нашата земја во овие 13 години, за нас е големо богатство. Децата низ својата призма, низ призмата на историјата и она што го учат на единствениот училишен час кој што го имаат на програмата за Холокауст и она што го учат овде во Меморијалниот центар преку поставката и работилниците кои што ги организираме за нив, навистина можете да видите дека создадоа дела кои што се излезени од детската имагинација, креативност, но и вештина и таленти, посочи Мучева.

Таа информираше дека оваа година добиле 90 трудови од повеќето училишта во нашата земја. Изложени се околу 50 цртежи кои се најдобри, според одлуката на жири комисијата. Сертификати ќе добијат сите учесници, и училиштата и менторите.

Маја Наноу, член на Управниот одбор на Еврејската заедница во обраќањето пред отворање на изложбата посочи дека Јом хашоа е ден на сеќавање на холокауст и хероизам. На овој ден Израел и сите Евреи во светот им оддаваат почит на шест милиони Евреи убиени од нацистичкиот режим на нацистичка Германија и нивните сојузници и соработници.

- На овој ден се сеќаваме и оддаваме почит на милионите животи загубени за време на Холокаустот, мрачно и нечовечко поглавје во историјата. Се сеќаваме на оние кои беа жртви на најгрозоморната нетолеранција, омраза и варваство, како и на актите на храброст и хуманост што произлегоа, од херојските напори на оние кои се спротивставија, до храбрите поединци кои ги ризикуваа своите животи за да ги спасат другите, наоѓајќи светлина во темнина, рече Наноу.

Таа напомена дека и нашата држава рамо до рамо со целиот прогресивен свет им оддава почит на своите 7.144 Евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта во Треблинка.

-Македонија не ги заборави своите 7.144 убиени Евреи и почитувајќи ги највисоките светски стандарди во одбележувањето на холокаустот, изврши денационализација на еврејските имоти без правни наследници и ние заедно го изградивме овој Меморијален центар, рече Наноу.

Самоил Садикарио, член на еврејската заедница изјави дека ќе продолжат да го кажуваат наративот за Холокаустот, со цел да допре во свеста на луѓето.

-Изразувам големо жалење за сите холокаусти, еврејски и нееврејски, кои се случија на овој свет, многу животи отидоа само заради некои луди идеи што постоеја и се уште постојат. Во Македонија е можеби најрадикалниот Холокауст во однос на проценти. Поточно, 99 проценти од Евреите се депортирани во логорот Треблинка, но секако и во другите земји бројките се огромни, рече Садикарио.

Пред отворањето на изложбата, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија Соломон Садикорио ги запали шесте меморијални свеќи. /МИА

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

 Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување.

Бензините поевтинуваат за денар ипол, а дизелот за еден денар по литар

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 88, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,829 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,832 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,438 отсто, кај дизелот за 2,100, кај екстра лесното масло за 2,605 и кај мазутот за 1,907 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407 отсто.

притисни ентер