Османи: Направивме се што можевме, Франција не дозволи

Јас немам дилеми дека европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денеска е нарушен.

Ние сме дел од Европа и денешната неправда не смее да нѐ оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементацијата на реформите, изградбата на добрососедските односи и негувањето на соживотот и мултикултурното општество, односно едноставно, да продолжиме во изградбата на европска Република Македонија, објави денеска на Фејсбук вицепремиерот задолжен за европски прашање Бујар Османи.

– Јас немам дилеми дека европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денеска е нарушен. И тоа е нормална, логична и природна последица кога една Унија изградена на принципи ќе го наруши основниот принцип и нема да го одржи сопствениот збор. Но, тоа не смее да нѐ оддалечи од европските вредности, наведува Османи во објавата.

Тој потенцира дека е свесен оти изминативе неколку дена „секој од нас, на одреден начин, беше под притисок на измешани чувства – на исчекување и надеж, но и на чувство на немир и тензија. – И тоа е веројатно нормално, имајќи предвид дека европските интеграции се наша суштинска определба, а припадноста во европското семејство наша автентична ориентација, додава Османи.

– Сакам да ве уверам дека на овој пат навистина направивме многу; направивме буквално сѐ што е во наша моќ и тоа ни го признаваа сите, буквално сите политички центри на моќ го признаваат напредокот на земјава. Од реформи со кои ја вративме довербата на граѓаните во институциите, до зрели политички компромиси со кои создадовме земја опкружена со соседи – пријатели. И не е дека овој резултат не беше вреднуван. Стануваме 30-та членка на НАТО – нашата најважна гаранција за стабилна и безбедна иднина; но минавме и во нова фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ со која институционално се поврзуваме со Унијата; го започнавме набљудувачкиот скрининг, а станавме членки на Јадранско–јонската група земји, истакнува Османи.

Тој натаму нагласува дека со сето ова како земја едноставно навистина се вративме на евроатланскиот пат во најширока смисла на зборот.

– И ова не е само наша констатација. За ова добивме потврда и од Европската комисија, и од соседите, и од земјите – членки на Унијата, но денешниот Совет на ЕУ покажа дека и на Унијата и е потребна реформа. Денес 27 земји членки, на кои им се заблагодаруваме, побараа јасно и недвосмислено Република Македонија да добие нов импулс во европските интеграции за да продолжи на патот на реформите. Една земја, чие клучно барање е да се напушти принципот на консензус при одлучувањето, денес го искористи ова право за да не дозволи заокружена одлука за старт на преговорите, истакнува Османи во објавата на Фејсбук.

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер