Седна во автомобил во друштво на директорот на Агенцијата за спроведување на законот за јазици и снимател на задното седиште со кои направија обиколка во главниот град за проверка дали интитуциите го спроведуваат законот за јазиците, но и преспанскиот договор според кој на таблите се додава придавката Северна. Во еден дел од 10 минутното видео кое самиот вицепремиер си го објави на својот фејсбук профил, откако забележа еднојазична табла, му се јави на директорот на институцијата и го праша зошто е тоа така.
-Ало, добар ден, Бујар Османи на телефон, како сте директоре. Во сабота се јавувам сакав да те прашам тука сум пред институцијата, гледам таблата е само еднојазична каков ви е планот за менување?. Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите. Подобро што сте ја вратиле, за да нема грешка, тоа е полошо. Комуницирате со Агенцијата за јазици?. Е така. За да ви помогне во дефинирање. Добро. Готово.– Бујар Османи
Го прашавме Османи во кое својство вицепремиер за евроинтеграции ја прави проверката, но одговор се уште не добивме. Надзорот и казните за институциите кои нема да го почитуваат законот е во надлежност на инспекторатот кој ќе има ингеренции почнувајќи од 15ти јануари, една година по стапување на сила на законот, додека пак од Агенцијата која го имплементира законот велат дека речиси 80 проценти за менување на таблите на територијата на цела држава е веќе завршено.
Од Законот за јазици спорни се две одредби - за банкнотите и униформите на армијата и полицијата. Иако законот стапи на сила, Венецијанската комисија треба да го даде финалниот став во октомври откако делегацијата која беше во посета на земјава ги слушна забелешките од пратениците и невладиниот сектор.