Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам

Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел.

Кандидатот за претседател на Македонија од Европскиот фронт Бујар Османи денеска ги посети тетовските села почнувајќи од Бозовце, Вешала, Бродец, Шипковица, Лисец, Гајре и др. и разговараше со жителите на овие села за неговата програма како претседател и за крстосницата во која се наоѓа државата што соодветствува со историската важност на неговата кандидатура за претседател.

Османи, нагласувајќи дека како кандидат на Европскиот фронт, односно на девет политички партии и четири заедници, кои вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Македонија, Албанци, Турци, Бошњаци и Роми, додаде дека овојпат шансите се многу сериозни да помине како кандидат Албанец во вториот круг. Земајќи во предвид дека гласовите ќе бидат распределени на 5 кандидати, секој силен на свој начин, тоа му дава предност да оди во вториот круг. „Но, ова бара мобилизација, затоа нема место кое не сум го посетил. И најголемата порака што можеме да ја пратиме е дека сега сме држава на два народа, кои се натпреваруваат во вториот круг за претседател, еден Македонец, еден Албанец. Ова е историска порака. Затоа ве замолувам да се мобилизирате, да овозможите да се пробие оваа бариера, бидејќи се создава еуфорија, а еуфоријата е како лавина од снег што собира се пред себе. Затоа ве повикуваме луѓе, за да ја оствариме оваа историска победа, да одиме во вториот круг“ – побара Османи поддршката од народот.

Меѓу другото, Османи се осврна и на убавините на овие села, споредувајќи ги со швајцарските и австриските туристички места, додавајќи дека ако бевме земја на Европската унија, ќе имаше конкуренција да се посети овој регион. Меѓу другото, тој додаде „ни треба поддршка, ни треба единство овој пат за да можеме да ги реализираме целите што ги започнавме, а целите се добри, намерата е добра: да се создаде полесен живот, подобар живот, да ги задржуваме луѓето овде, да ја донесеме Европа овде а не да се замине таму...ако ја постигнеме таа цел, можам искрено да кажам дека ова ќе биде центар на планинскиот туризам во Европа.

На крајот Османи им се заблагодари на сите жители за поддршката и додаде дека нивниот глас на 24 април ќе ја одреди судбината на изборите на 8 мај. „Ве повикувам во среда да се мобилизираме, да бидеме сите заедно бидејќи оваа одлука во среда, ја одредува насоката во која ќе оди иднината на нашиот народ, на нашата земја“ и подвлече дека за жал се соочуваме и со голема закана што доаѓа од национализмот кој е во постојан раст и се надева дека овој голем Европски фронт што е изграден, ќе стане силен штит кон тој национализам и ќе изгради мост што ќе води до Брисел.

Излезе од печат поетската збирка „Литературни искри”

 Во пресрет на 11. Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри”, излезе од печат заедничката поетска збирка со авторите учесници на конкурсот. Во неа се содржани 56 автори со по едно дело.

Годинава, на единаесетотто издание на фестивалот во конкуренција влегоа 149 регуларни пријави во двете возрасни категории.

Од песните кои прочита и оцени жири-комисијата, се издвоија 12 највисоко оценети автори од кои на шест ќе им бидат доделени награди.

- Со благодарност и пожелание да ја слават, но и читаат поезијата, во оваа збирка ви отвораме срдечен простор за прочит на сите автори што ги споделија со нас нивните искрени интимни поетски, истакнува претседателката на жири комисијата Д-р Наташа Сарџоска во освртот за збирката.

Во оваа збирка има автори од Хрватска, Србија, Романија, Словенија, Албанија и Црна Гора, Босна и Херцеговина сите на нивниот мајчин јазик и во превод на македонски јазик. Организаторот и проектен координаторот на фестивалот, Слаѓана Брезовска, информираше дека подготовките за реализација на единаесеттото фестивалско издание се при крај. Таа упати отоворена покана до сите љубители на пишаниот збор на 24 мај Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар да присуствуваат на претставувањето на финалистите промоцијата на заедничката поетска збирка.

Традиционалната поетска литературна манифестација Меѓународен поетски фестивал „Литературни Искри”,Гостивар се организира по повод Државниот празник 24-ти Мај во чест на сесловенските просветители Кирил и Методиј по единаесетти пат. /МИА

Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека ја отфрлил идејата на шефот на француската држава Емануиел Макрон за „примирје“ со Русија за време на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Според Зеленски примирјето „ќе му користи на непријателот“.

- Да замислиме за момент дека има прекин на огнот. Прво, ние не му веруваме на (рускиот претседател Владимир) Путин. Второ, тој нема да ги повлече своите војници. Трето, кој гарантира дека Русија нема да ја искористи можноста да донесе трупи на нашата територија, посочи Зеленски.

Макрон се залага за примирје ширум светот за време на Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.

Зеленски во интервјуто за АФП наведе и дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.

- Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.

Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје. Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.

- Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина, истакна Зеленски.

Украинскиот претседател во интервјуто се осврна и на тоа со колкава воена опрема располага Украина. Тој истакна дека Украина бара од 120 до 130 авиони ловци Ф-16 за да може да го одбрани небото од 300 руски авиони.

- Ни треба толкав број на Ф-16 за да имаме рамнотежа на силите. Украина има само една четвртина од системите за противвоздушна одбрана што и се потребни и има потреба од 120 до 130 ловци Ф-16 за да се стави крај на доминацијата на Русија во воздухот, потенцира Зеленски. /МИА

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија./МИА

притисни ентер