Османи: Да се ​​фокусираме и на минатото и на иднината

Не ја потценувам важноста на историјата и минатото, треба да разговараме за овие прашања, но, треба да се фокусираме на сегашноста. 

Секој ден пишуваме историја. Првите пораки кои доаѓаат од партиите кои можат да коалицираат ни влеваат оптимизам, изјави за телевизија Нова министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Ако ме прашувате за разликите што ги имаме и за европската перспектива, ние никогаш не сме ја прекинале комуникацијата со Република Бугарија и покрај тоа што беше потешко поради тоа што за една година имаше три избори. Не беше формирана влада и имаше преодна, но бевме во постојана комуникација со преодната влада на Бугарија, рече Османи на прашањето за иднината на билатералните односи, пренесува БГНЕС.

-Неодамна имавме три директни средби меѓу експертите. Разменивме ноти, документи, позиции, мислења и така ќе продолжиме и во иднина. Се надевам дека побрзо ќе се формира редовен владин кабинет и институции за да можеме да ставиме крај на овој спор. Заложник е не само нашата европска перспектива, туку и целиот регион, заложник е пријателството меѓу нашите две земји.Република Бугарија е една од земјите кои го придвижуваат процесот на европска интеграција на целиот регион. Да не заборавиме дека во 2018 година во Софија Република Бугарија беше домаќин на Самитот на ЕУ за Западен Балкан и ја водеше европската перспектива на целиот регион. Мислам дека тоа е во интерес и на Бугарија и тоа е во наш интерес и интерес на цела Европска унија, побрзо да се стави крај на ова прашање, кое непотребно ги оптоварува нашите билатерални односи, рече Османи.

Посочувајќи дека една година преговараат со преодната влада оцени дека преговорите ќе се одвиваат полесно со редовна влада со целосен мандат за одлучување.

-Првите пораки што доаѓаат од партиите кои можат да коалицираат ни влеваат оптимизам. Но, во односите меѓу РСМ и Бугарија не треба да го ставаме фокусот само на минатото, туку и на сегашноста и иднината. Цело е кога има се. Не ја потценувам важноста на историјата и минатото, треба да разговараме за овие прашања, но треба да се фокусираме на сегашноста, секој ден пишуваме историја, ние сме сериозни и конструктивни, веруваме во пријателство на нашите две земји, веруваме во заедничка иднина во Европа. Ние сме сојузници во НАТО и треба само порационален пристап од двете страни, како и разбирање на другата страна, рече шефот на македонската дипломатија.

Извршена ларвицидна дезинсекција на територија на општина Илинден

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. 

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ– Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.

Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

Општина Илинден

Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин, порача Борел

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција.

Моето лично мислење е сосема јасно дека земјите членки не треба да присуствуваат на инаугуративната церемонија за новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното во Брисел на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка.

- По многубројните дискусии со претставниците на земјите членки, на сите нив им порачав дека според мое мислење не треба да се присуствува на таа инаугурација и мислам дека мнозинството од земјите членки нема да присуствуваат, изјави Борел.

Тој додаде дека неприсуството на церемонијата го смета за правилна одлука, бидејќи како што рече, на крајот Путин е некој против кого има покренато обвинение од страна на Меѓународниот кривичен суд.

- Би било и контрадикторно да се присуствува на церемонијата, ако претходно оценивме дека претседателските избори не беа фер и слободно. Затоа мој совет до земјите членки е да не присуствуваат, нагласи Борел, додавајќи дека сепак на крајот суверена одлука на секоја држава е дали ќе присуствува на церемонијата.

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција. /МИА

Април возбудлив за играчите на ВЛТ

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите 46.238.549 денари

46.238.549 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кон играчите на видеолотариските терминали за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во април, оваа година.

Фантастични 46.238.549 денари легнаа на сметките на играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ.

Април е месец на ВЛТ добивки. Овој месец Ј.М. од Битола на 15.04.2024 ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари.

Во април имавме и 12 МИЛИОНЕР џекпот добивки. Играчите кои ги освоија, заедно поделија неверојатни 19.029.075 денари. Дополнително, во април играчите на ВЛТ освоија и 6.258.433 денари за МИНИ ЏЕКПОТ.

Само за потсетување, најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на сите времиња- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зоната на паѓање. Секој кој се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, има можност да ја освои оваа фантастична добивка. Највисокиот износ кој може да се освои со оваа добивка е 21 милион денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

притисни ентер