Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаОслободителна пресуда за Васил ТупурковскиКривичниот суд донесе ослободителна пресуда за Васил Тупурковски и Јован Андонов за Тајванските кредити.Ова е трета по ред. Во судницата денеска не беа Тупурковски и Андонов, но нивните адвокати рекоа дека се задоволни од пресудата и очекуваат Апелациониот суд да ја потврди пресудата со што би се завршил седумгодишниот судски спор. Тупурковски првиот пат беше осуден на три години затвор за злоупотреба на околу 2,4 милиони евра од тајванските кредити што ги доделувала Агенцијата за обнова и развој кога бил директор. Скопска Апелација утврди сериозни пропусти во постапката на Кривичниот суд и ја укина пресудата. Во вториот процес тој беше ослободен од обвинението, но Апелација оцени дека пресудата била нејасна. Денеска Тупурковски повторно доби ослободителна пресуда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
БалканНов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите деновиНов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделникОткако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5. Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветТрамп го замрзна спроведувањето на новите санкциите кон Русија: Тоа е во национален интерес на САДПретседателот на САД Трамп со извршна наредба ги суспендираше дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија.Важен историски момент -вака беше оценката од официјална Москва откако Трамп на само два дена пред стапувањето на сила ги замрзна санкциите односно го суспендираше спроведувањето на новите санкции против Русија, вклучително и високите царини за земјите што купуваат руска нафта и гас. Одлуката е донесена по договорот кој го имаа Трамп и Путин, стотици илјади руски дизел да биде досатпен на САД и светскиот пазар односно првично во најкус можен рок да има околу 300 илјади тони. Претседателот на САД Трамп со извршна наредба ги суспендираше дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија. „Му доставив на Конгресот потврда дека ваквото изземање во овој момент е во национален интерес на Соединетите Американски Држави“, Трамп Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русијаа не е заинтересирна за мировни преговори и го критикуваше договорот за извоз на руски дизел со оценка дека ова само ќе ги наполни џебовите на Путин за финансирање на војната проитв Украина. Зеленски запрашан дали американскиот претседател Доналд Трамп, го користи како „жртвено јагне“ за своите проблеми, неговиот одмор ги насмеа присутните новинари. -Ова е мојот одговор Францускиот претседател Макрон за постапката на Трамп рече дека само се поткопува довербата и дека Европа нема да ја напушти поддршката кон Украина -Со ова се ипраќа негативна порака и се предизвикува недоверба. Затоа мислам дека не е корисно што ќе се трудам да го објаснам дека треба да се работи на корисни мерки за да се намалат цените на горивата.- Володимир Зеленски Европската Унија подготвува пакет санкции против Русија, со порака дека економскиот притисок врз Москва. А дека Путин не ја запир авојната покажува и најновиот напад каде најмалку осум лица загинаа а 60 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во петокот. Погодени се и два трговски центри, додека нападите врз енергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија за повеќе од еден милион луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook