Оштетените штедачи од Еуростандард Банка бараат закон за нивно обесштетување

За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за наоѓање решение на проблемот од нивна страна.

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието со цел барање на поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените штедачи од Еуростандард Банка – физички и правни лица.

Оштетените штедачи бараат итно носење законско решение со кое државата ќе ги превземе побарувањата на физичките и правни лица депоненти во Еуростандард Банка и во целост парично ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса.

– За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за наоѓање решение на проблемот од нивна страна. Пратеничките групи од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, и Левица дадоа целосна поддршка за носење на законско решение во најскоро можно време со коешто ќе се изврши целосно парично обештетување на физичките и правни лица депоненти од Еуростандард Банка. Во наредните денови ние како Здружение очекуваме да се дефинира текстот на законот за што Здружението бара од Владата и парламентарните групи во Собранието итно носење на законското решение со цел да се заштитат граѓаните и фирмите од понатамошни трагедии и последици кои ќе настанат не по нивна вина, се наведува во соопштението од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка.

ММФ: Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на „Еуростандард“

 Обидите за политизирање на активностите и одлуките на Народната банка се ризик за загрозување на независноста на Народната банка. 

Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем, смета извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд , Антони Де Ланој.

Искажувајќи поддршка за постапувањето на Народната банка, Де Ланој се осврна и на некои од изјавите и случувањата по затворањето на „Еуростандард банка“.

– Обидите за политизирање на активностите и одлуките на Народната банка се ризик за загрозување на независноста на Народната банка. Меѓународното искуство покажа дека без независност, централните банки се воздржуваат од донесување тешки, но неопходни одлуки, што на крајот ја става во опасност стабилноста на севкупниот финансиски систем и може да доведе до далеку поголеми загуби за општеството отколку кога навремено се преземаат потребните корективни супервизорски активности, вели Де Ланој.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа за „Еуростандард банка"

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ќе достави барање за спроведување на надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на „Еуростандард банка". 

Иницијативата е поддржана од целата опозиција од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и Левица, информира Зоранчо Јованчев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ оти банката свесно е доведена во стечај со одлевање на големи суми на пари преку кредити без покритие за финансирање на фирми од Струмица блиски до семејството Заеви, ги потврдил и сопственикот на „Еуростандард банката", кој јавно објавил и дел од фирмите каде, според него, завршувале парите од банката, а кои фирми немале покритие за кредитите, односно биле банкротирани.

– Ова е криминал од 200 милиони евра, каде оштетени се 100.000 граѓани. Овој криминал кој води до Струмица не смее да остане не расчистен. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа, на која ќе бидат повикани сите релевантни чинители, како гувернерката на НБРМ, сопственикот на банката, оштетените штедачи, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и ЈО. Мора да има одговорност за секој оној кој го довел во опасност финансискиот пазар на Република Македонија и имотот на граѓаните, рече Јованчев.

Тој вели дека е недозволиво поради тоа што некој правел сомнителни трансакции, сега да трпат 20.000 пензионери од руралните делови на државата, кои се уште немаат подигнато пензија, затоа што до сега примале пензија преку пошта. Исто така, додава тој, не може заради желбата за богатење на неколкумина над 2000 фирми сега да не можат да дојдат до своите пари. ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и за тоа што 780 луѓе кои имаат повеќе од 30 илјади евра во банката сега не можат да си ги земат своите пари, односно им пропаднале.

За да се лоцира одговорноста, потенцира Јованечев, најдобро е да се откријат фактите, што според него, е и целата на оваа Надзорна расправа.

Видео: Две муслиманки избодени под Ајфеловата кула

Нападот се случува во време кога тензиите во Франција се на високо ниво заради бруталното убиство на еден учител.

Две муслиманки се избодени под Ајфеловата кула во Париз. Француската полиција уапсила две осомничени лица, а медиумите јавуваат дека станува збор за расистички напад затоа што напаѓачите наводно извикувале „валкани Арапи“.

Париското обвинителство ги опишало двете осомнилени лица, кои се во притвор под обвинение за обид за убиство, како „белци со европски изглед“.

Нападот се случува во време кога тензиите во Франција се на високо ниво заради брутално убиство на еден учител, кој бил обезглавен од 18 годишен исламист затоа штоп на учениците им држел предавања за слобода на говор покажувајќи им карикатури од Мухамед.

Жртвите на нападот се идентификувани како Французинки со алжирско потекло, 49 годишната Кенза и две години помладата Амел.

Кезна е забодена шест пати па завршила во болница со прободено белодробно крило, а Амел завршила на операција заради повреда на раката, потврдил близок извор од истрагата.

Интересно е дека нападот се случил во недела навечер, два дена по бруталното убиство на професорот, но властите првенствено не објавиле информации за нападот.

притисни ентер