Оштетен авион кој летал од Загреб за Сараево

Се сомнева дека е пукано врз оштетениот авион кој летал од Загреб за Сараево.

Авионот на Кроација ерлајнс кој синоќа слета во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје.

Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје.

За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек, јавуваат федералните медиуми. „По добиената информација дека редовната контрола на авионот на аеродромот во Сараево, кој допатувал со лет од Загреб, покажала оштетување на трупот на авионот, што можеби е предизвикано од куршум од огненото оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ побара истрага, истражен тим, во присуство на службеници од Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ“, се вели во соопштението.

Треба да се напомене дека безбедноста на патниците за време на летот не била загрозена, а со детален преглед ќе се утврди начинот на оштетување како и безбедноста на леталото за понатамошна воздушна пловидба.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

Андоновски: „Нула корупција“ во јавните набавки

 Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денеска беше во посета на Струмица каде имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација.

- Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за Општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме „Нула корупција" преку интеграција и дигитализација на сите регистри, изјави Андоновски.

Посочи дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите.

-Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат. Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот. Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки, додаде Андоновски.

Топлотен бран од Африка пристигнува во Македонија

На Македонија во наредниве денови и се заканува екстремно топло време со летни температури над 30 степени, нешто што е невообичајно за овој дел од годинината.

Долнително песочен облак од Сахара, кој веќе прави проблеми во соседна Грција ќе дојде и во земјава. На оваа тема ја вклучуваме Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.

Што велат метеоролозите, кога пристигнува топлото време?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер