2Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела
Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
1Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
ТенисОсака: Само сакав Серена да ме запомниЈапонската тенисерка Наоми Осака истакна дека поради Серена Вилијамс почнала да игра тенис и дека дуелот и победата над Американката е остварување на нејзиниот сон.Шампионката од Индијан Велс ја совлада една од најдобрите тенисерки на сите времиња во првото коло од Мастерсот во Мајами. - Поради неа се одлучив да играм тенис, така што ова е остварување на мојот сон. На неа се огледувам и често се прашувам што Серена би направила. Само сакав Серена по натпреварот да знае која сум јас, истакна јапонската тенисерка. Таа не го криеше одушевувањето и додаде дека Серена по натпреварот на мрежата и рекла дека „завршила добра работа“. - Се надевам дека ќе продолжам со добрите игри и во Мајами и зошто да не освојам уште еден Мастерс трофеј, нагласи 20-годишната Јапонка. Осака оваа сезона игра во одлична форма и има само четири порази, а во второто коло во Мајами ќе се соочи со четвртата носителка Украинката Јелена Свитолина./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаНов притвор за Деко: ОЈО ГОКК го товари за давање мито за лиценцата на „Пулс“30-дневен притвор за Дејан Јованов-Деко во нов случај против него кој го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во кој Јованов се товари дека дал мито на лице вработено во Министерството за економија.30-дневен притвор за Дејан Јованов-Деко во нов случај против него кој го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во кој Јованов се товари дека дал мито на лице вработено во Министерството за економија, со цел неговата дискотека „Пулс“ да доби лиценца за работа без да подлежи на претходна проверка дали ги исполнува условите. Поради ризик од бегство, ОЈО ГОКК предложи ефективен притвор за Јованов, а судот ја прифати мерката. -Притворот е определен поради постоење постоење опасност осомничениот да се даде во бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. Тој ќе биде префрлен на издржување на новоопределената мерка притвор во Затвор Скопје, согласно Правилникот за спровод и издржување на определените мерки за обезбедување присуство, – Основен Кривичен суд Скопје. Одбраната на Јованов најави жалба – за адвокатката Коцевска ова е манипулација на обвинителството. Таа тврди дека не станува збор за нов предмет, туку дека лицето на кое наводно Јованов му дал мито, веќе се наоѓа на обвинителната клупа во случајот за пожарот во Пулс и тоа токму за делото примање на поткуп. -Таквата конструкција и манипулација на обвинителството со поднесување на ова обвинение, за коешто во кочанскиот предмет веќе е дел од расправата – бидејќи за службеното лице од Министерство за економија во кочанскиот предмет во обвинението е ставено кривичното дело примање на поткуп. А ова давање на поткуп е во однос на истиот настан којшто веќе е опфатен во оваа постапка. Значи, тука Обвинителството располагало со доказите уште пред година и пол, меѓутоа го држело ова под маса, со цел да дојде оваа малверзација денед, откако ќе истече притворот да може да му го продолжи,- изјави Ивана Коцевска, адвокатка на Дејан Јованов Деко. Станува збор за Џеваир Камбери, кој се наоѓа на обвинителната клупа уште од минатата година за примање поткуп како вработен во министерството за економија и тоа во случајот со пожарот во Пулс. Новата мерка за Јованов пак значи дека тој останува во ефективен притвор и по официјалното истекување на законскиот рок во кој тој може да остане во притвор во врска со предметот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој Јованов е првообвинет. Одбраната на Јованов од претходно достави и гаранција во недвижен имот од 200 илјади евра дека тој нема да бега, ако на 3 октомври излезе на слобода, но обвинителството даде негативно мислење за гаранцијата, која пак денеска одбраната ја повлече. Во врска со новиот притвор од 30 дена, одбраната најави и жалби до Европскиот суд за човекови права. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната неделаСледната недела ќе се направи конкретен чекор за деблокада на македонските евроинтеграции. Ова од Скопје го најава претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен која е во официјална посета на земјава.На прес-коференцијата по средбите во владата, премиерот Мицкоски кажа дека на Фон Дер Лајен и го пренел барањето за европско посредништво во дијалогот со бугарија. Средбите во Скопје ги следи Афродита Рамос, Афродита што точно ќе се случува следната недела во Софија? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Урсула фон дер Лајен Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКако хеликоптерите поскапеа за 30 милиони евра: Мисајловски ја прозваа ПетровскаКако за само неколку дена набавката на осумте армиски хеликоптери од италијански „Леонардо“ станала поскапа за повеќе од 30 милиони евра? Прашањето кое со години ја следи една од најголемите набавки за модернизација на Армијата повторно се врати во фокусот, овојпат откако за договорот што го потпиша поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска јавно проговорија и актуелниот министер Владо Мисајловски и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Дополнителни прашања отвори и министерот за одбрана Владо Мисајловски во „Само интервју“ на Канал 5. Според него, непосредно пред завршувањето на постапката дошло до значително зголемување на вредноста на договорот. „На неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот има една изјава дека цената најмногу се зголемила поради инфлација. Зборуваме за зголемување од 213,7 милиони евра до 245,9 милиони. Ова се прашања што се отворени. Јас не сум обвинител. Легитимно е прашањето како поскапел договорот?“- Владо Мисајловски. Петровска ги отфрла обвинувањата како неточни и тврди дека одлуката за набавката на хеликоптерите била донесена уште во 2023 година, што, според неа, е документирано во Министерството за одбрана. Таа оценува дека наводите што ги изнесуваат Мисајловски и Филипче се дел од иста теза со која, се прави за да се нарушат нејзиниот углед и репутација во период кога е политички поактивна. -Не точна е комплетно тезата и тврдењата дека договорот е вклучен спротивно на препорака на комисија и затоа постојат документи и записници во МО, коишто можат да се видат и министерот може да ги декласифицира и објави. Она што е заедничко, затоа што истата теза ја гледам и од Венко Филипче и од Владо Мисајловски. Да повторам дека тоа е човекот кој што го повикувам повеќе од година дена на ТВ. соочување , еве прилика па ги повикам двајцата на тв соочување да ги расчистам сите нејаснотии што ги имаат – вели Славјанка Петровска – Пратеник од СДСМ. По новите обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство по допрен глас да го повика Филипче и да ги провери неговите наводи за евентуални неправилности при набавката. Од Обвинителството за “Канал 5 велат дека во моментов нема оформен предмет за набавката на хеликоптерите. Доколку надлежна комисија или друг орган при проверките утврди сомнение за кривично дело, има обврска тоа да го пријави, по што Обвинителството би можело да постапува. Досега за случајот предемет единствено отоври Антикорипциска во 2024 година, но никогаш немаше епилог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook