Соопштуваат дека немало потреба од средба додека не добиеле доказ дека институциите сериозно ја разбираат загриженоста на граѓаните околу загадувањето..
Поканата за средба со премиерот Заев и организаторите на Зелената револуција им била доставена непосредно пред протестот а за истиот да се реализира бараат исполнување на следните барања кои сметаат можат да бидат реализирани за пет работни денови:
1. Указ за итно носење на ДУП Гази Баба за Вардариште.
2. Јавното Обвинителство да отвори истрага за Охис во стечај,
3. Да се усвојат на Влада измените и дополните на Законот за животна средина
4. Стопирање на процедурата на усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална хигиена со законот за прекршоци.
5. Поднесување на веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат.
6. Одземање на концесијата на Еуромакс за рудникот Иловица-Штука.
7. Одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица.