Други спортовиОрганизаторите на Олимписките игри тврдат дека нема откажување, без оглед на пандемијатаОлимписките игри во Токио, и покрај пандемијата и постојаното противење на јапонската јавност, ќе се одржат со стопроцентна сигурност, рече претседателот на организацискиот одбор на Токио 2020, Сеико Хашимото.На 50 дена пред игрите во интервју емитувано од БиБиСи Спорт, Хашимото рече дека е уверена дека Олимпијадата ќе се одржи според планираното, од 23 јули до 8 август. „Верувам дека шансата овие игри да се одржат е сто проценти и ние ќе го сториме тоа“. Таа исто така потврди дека овие Олимписки игри можат да бидат први во историјата што ќе се одржат зад затворени врати, доколку е забрането и доаѓањето на домашните гледачи со цел да се спречат инфекции. Организаторите веќе одлучиле да го забранат доаѓањето на гледачите од странство. "Најголемиот предизвик ќе биде управувањето со протокот на луѓе. Мислам дека мора да бидеме подготвени да ги организираме овие игри без гледачи", рече Хашимото. Микаел Пејн, поранешен директор за маркетинг на МОК, рече дека „строгите контроли воспоставени од јапонски организатори и МОК ги прекинаа директните врски помеѓу меѓународните посетители и Јапонците“. Околу 10.000 од вкупно 80.000 волонтери планирани на Олимписките и Параолимписките игри се откажани, а тоа, како што се наведува, се должи на здравствените проблеми, а тоа е една од најголемите тешкотии со кои се соочуваат организаторите. Поради четвртиот бран на инфекции, Токио и неколку други префектури ќе останат во вонредна состојба до 20 јуни, еден месец пред игрите, додека само три проценти од населението примило две дози вакцини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомвриВучиќ –кој е носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“ изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ. На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНикарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 годинаМинистерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс. Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар. Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи. Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД. Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата. Политичка криза во Никарагва Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата. Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век. Извор: Б92Тагови: Никарагва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветТрамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск. „Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници. Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05