Организаторите на извидничкиот камп за сексуална едукација повикани на разговор во полиција

Оргазнизаторите на скандалозниот едукативен камп за секс за своите активности проговориле и во полиција по барање на обвинителството.

Организаторите на извидничкиот камп за сексуална едукација повикани на разговор во полиција

Од обвинителството веќе оформија предмет откако родител во полиција го пријави случајот по раскажување на 16 годишната ќерка дека во кампот било барано едукциите да бидат преку соблекувања, танцувања и бакнувања. За психолзоите ова се моменти што никогаш нема да се забороват во животот, но работењето со психолози, педагози и родителите ќе им се помогне на децата да продолжат со животот.

Еден од финансиерите на првиот скопски извдинчки одред е градот Скопје. Оттаму со реакција дека се оградуваат од ваквите активности.

Телоп Сакаме да информираме дека во проектната документација доставена до нас, ја нема наведено спорната активност ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата. Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред, известуваат од Град Скопје.

Скандалот кој веќе два дена се продолжува преку раскажувањата на малолетните деца и нивните родители дека во кампот било барано децата да се бојат со бои и да оставаат отпечатоци од нивните тела, а највисоки поени добивале отпечатоци од половите органи создаде голем револот кај родителите чии деца оделе во овој камп барајќи одговорност за безбедноста и на деца.

Мелони: Ги разбирам критиките на Венс за Европа

Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека ги разбира критиките на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс кои се упатени кон Европа во неговиот говор на Минхенската безбедносна конференција во изминатиот месец.

Мелони: Ги разбирам критиките на Венс за Европа

„Морам да кажам дека се согласувам. Ова го говорам со години... Европа малку се изгуби себеси“, одговори Мелони на прашање за обвинувањата на Венс дека Европа назадувала во своето залагање за слободата на говорот и демократијата, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Венс во својот говор рече дека внатрешните закани се најголемите предизвици за европската демократија, а не надворешните закани од Русија или Кина и дека најголемиот проблем е масовната имиграција.

Вкупно 597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање

Во рамки на сообраќајните контроли на МВР вчера на територија на целата држава издадени се 597 платни налози, од кои 200 се однесуваат на непрописно паркирање.

Вкупно 597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање

Вкупно 92 случаи се за непочитување на пропишаната брзина на движење.

Како што информира МВР, по основа на неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење евидентирани биле 47, односно 16 прекршоци.

Полициските службеници откриле 50 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи. Во осум случаи санкционирани се возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека изречени се и четири мерки за возачи на моторцикли кои не носеле заштитна кацига, а изречени се и 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата вчера биле евидентирани 17 нерегистрирани возила во сообраќајот, а седум возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева

Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) ја суспендира својата обвинителка Теодора Георгиева во рамките на покренатата административна истрага за евентуално прекршување на правилата на институцијата од нејзина страна

Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева

Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) ја суспендира својата обвинителка Теодора Георгиева во рамките на покренатата административна истрага за евентуално прекршување на правилата на институцијата од нејзина страна, соопшти оваа тело на ЕУ со седиште во Луксембург.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европската главна обвинителка Лаура Ковеши веќе ги информирала институциите на ЕУ дека против Георгиева, кој по потекло е од Бугарија, е покрената „истрага без преседан“ за утврдување дали таа го почитувала „целиот спектар на внатрешни мерки за заштита на интегритетот“ на постапките на Обвинителството.

- Независноста на сите наши обвинители е една од основните вредности на ЕППО, што е од суштинско значење за извршување на нашата мисија, се наведува во соопштението на Европското јавно обвинителство, без да се наведат дополнителни детали за истрагата.

Според медиумските извештаи, постапката против Георгиева е покрената откако таа решила да се повлече од истрагата за сомнежите за потенцијална корупција и изнуда при реализацијата на проектот за обнова на најголемото складиште за гас на Балканот во местото Чирен во северозападна Бугарија.

Истрагата за обновата на складиштето во Чирен започна во август 2024 година, откако Европското јавно обвинителство доби информации од „свиркачи“ за неправилности при реализација на проектот и потенцијален ризик по објектот. Врз основа на овие информации европските обвинители извршија претреси во бугарската државна енергетска компанија „Булгартрансгаз“.

За обновата на складиштето во Чирен беа издвоени 78 милиони евра од Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина (ЦИНЕА).

Георгиева изјави дека се повлекла од истрагата за Чирен затоа што „се чувствувала загрозена“ од бугарскиот пратеник, олигарх и лидер на Движењето за права и слободи (ДПС), Дељан Пеевски.

Пеевски, кон кого САД и Велика Британија имаат воведено санкции поради сомнежи за вмешаност во корупција, ги отфрли наводите на Георгиева.

притисни ентер