ЕвропаОрбан предупредува: „Директен пат кон диктатура“„Директен пат кон диктатура. Токму тука се движи владата на Тиса. Да не дозволиме тоа да се случи“, рече Орбан.Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и поранешен премиер Виктор Орбан денес ја обвини владата на партијата Тиса дека ја води земјата кон диктатура, по контроверзноста предизвикана од изјавите на поранешниот претседател Јанош Адер за планираните отпуштања на државни функционери. Орбан на Фејсбук изјави дека Адер се залага за владеење на правото и оцени дека реакциите што следеа по неговите изјави покажуваат „агресија, закани и заплашување“, објави Хирадо. „Директен пат кон диктатура. Токму тука се движи владата на Тиса. Да не дозволиме тоа да се случи“, рече Орбан. На 2 јули, Адер во подкаст за јавниот сервис рече дека планираното отпуштање на претседателот Тамаш Шулок и други високи функционери би било спротивно на уставот. Премиерот Петер Маѓар реагираше на коментарите на Адер, обвинувајќи го за трошење јавни пари преку Фондацијата за заштита на климата „Сина планета“, која ја води тој. Во таа прилика, Маѓар тврдеше дека фондацијата со години користи значителни јавни средства, додека Адер, според него, добива висока месечна членарина и користи други бенефиции финансирани од државата.Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииИзвештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската Унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народотВМРО-ДПМНЕ почнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните.До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати. На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните. Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери. И ВМРО-ДПМНЕ нема да сопре тука, на пролет продолжува со трибини меѓу граѓаните од село во село, од град во град, сè со една цел подобра иднина за секој еден граѓанин. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook