ЕвропаОрбан: По изборите во април ќе ја збришеме бриселската машинерија од Унгарија Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес вети дека ќе продолжи со борбата против „поткупените граѓански псевдо-организации, новинари, судии и политичари“, сметајќи на победа на парламентарните избори во април.Националистичкиот лидер се соочува со најголемиот предизвик откако се врати на власт во 2010 година, бидејќи неговата партија Фидес заостанува зад опозициската TISZA во анкетите пред изборите на 12 април. „Угнетувачката машинерија од Брисел сè уште работи во Унгарија. Ќе ја исчистиме по април“, изјави тој во своето годишно обраќање за состојбата на нацијата. „Работевме напорно и постигнуваме добар напредок, но оваа работа сè уште не е завршена. Затоа мораме и затоа сакаме да ги добиеме изборите во април“, изјави тој. „Можеме да го отстраниме странското влијание од Унгарија“ Орбан рече дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој го поддржува, „се побунил против глобалната мрежа на либерали, бизнисмени, медиуми и политичари, со што ги подобрил и нашите шанси. И можеме да го избркаме од Унгарија странското влијание што го ограничува нашиот суверенитет, како и неговите агенти“, продолжи тој. Орбан, исто така, го прикажа својот главен ривал, лидерот на партијата TISZA, Петер Маѓар, како „бриселска марионета“ поддржана од мултинационални корпорации. Тој тврди дека, ако опозицијата победи, „џебовите на унгарските семејства ќе бидат испразнети“. Маѓар вети дека ќе се бори против корупцијата, обвинувајќи го Орбан и неговите сојузници за збогатување. Во својот обид да изгради „нелиберална држава“, како што ја нарече, Маѓар го обвини премиерот за замолчување на критичките гласови од судството, академијата, медиумите и граѓанското општество и за ограничување на правата на малцинствата.Тагови: Виктор Орбан Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сексипилната Никол повторно во бикиниСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер уште еднаш покажа дека и нема рамна кога е во прашање изгледот, иако наполни 48 години.Мегапопуларната Никол Шерцингер ја покажа својата фигура што го одзема здивот додека споделуваше серија заводливи фотографии по повод нејзиниот 48-ми роденден. Ѕвездата од „Pussycat Dolls“ изгледа прекрасно во објава на Инстаграм додека ужива на егзотичните Хаваи, во серија фотографии и видео. „Последен ден на овие години, се чувствував слатко на зајдисонце, како дома на нејзината омилена плажа“, напиша Никол за себе. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
МакедонијаВо Скопје повторно работат над 220 фонтани за пиење водаПовеќе од 220 јавни фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција низ Скопје, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Тој во објава на фејсбук наведе дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период, кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење. Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода – наведе Ѓорѓиевски. Градоначалникот најави дека, покрај обновувањето на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
СветХаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето горивоВо Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво.Во Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво, бидејќи кризата со снабдувањето се продлабочува поради украинските напади врз руските рафинерии. Мерката беше воведена откако гувернерот на Сибирската област Иркутск, прогласи режим на зголемена готовност поради недоволни залихи на гориво. Недостатокот на гориво се прошири низ многу руски региони откако украинските напади со беспилотни летала уништија околу една четвртина од вкупниот капацитет на рафинериите во Русија. Рускиот претседател Владимир Путин призна дека нападите врз енергетската инфраструктура создале проблеми со снабдувањето со гориво. Тој рече дека има недостиг, но дека, според него, тој не е критичен..Тагови: Бензин русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook