МЗШВ: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство
Попов: Герасимовски и СДС не можат да обезбедат основно мнозинство за работа, избегаа од соочување со граѓаните
1МЗШВ: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство
2Попов: Герасимовски и СДС не можат да обезбедат основно мнозинство за работа, избегаа од соочување со граѓаните
3Герасимовски: Фактите ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ, во ребалансот за 2026 година нема ниту еден денар за „Пелагонија“
ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
ЕвропаСијарто: Украина продолжува грубо да се меша во изборите во Унгарија Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави оти Унгарија продолжува грубо да се меша во претстојните избори во Унгарија.Тој го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека за блокирање на на испораките на нафта преку нафтоводот Дружба со цел да изврши притисок врз унгарската влада пред гласањето. - Педесет и осум дена пред парламентарните избори, Украина многу очигледно се меша во нашиот изборен процес. Овој пат тие се обидуваат да ја загрозат енергетската безбедност на Унгарија. Претседателот Зеленски одлучи од политички причини да го блокира продолжувањето на испораките на нафта за Унгарија, иако нафтоводот е технички целосно способен да ги продолжи испораките без технички или оперативни пречки - наведе Сијарто. Според него, Зеленски и Украинците ја поддржуваат опозициската партија Тиса. - Ако Тиса победи, ќе дозволи Унгарија да биде вовлечена во војната, ќе дозволи унгарски пари да бидат испратени во Украина и ќе го одобри членството на Украина во ЕУ - потенцира Сијарто. Тој додаде дека за разлика од Тиса, „суверено националната влада“ ќе ја заштити Унгарија. - Ние кажуваме „не“„на Брисел, кој не вовлекува во војна, „не“ за испраќање пари во Украина и „не“ на членствоито на Украина во ЕУ - истакна Сијарто.Тагови: Петер Сијарто Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗШВ: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанствоСо предлогот на ребаланс на Буџет предвидени се дополнителни над 1,4 милијарди денари за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и околу 100 милиони денари за капитални инвестиции во водостопанство.Со одговорни политики обезбедуваме поголема конкурентност и подобри услови за секој земјоделец. Со вистинска поддршка на земјоделците придонесуваме за одржливо земјоделство. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанствоТагови: МЗШВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
МакедонијаПопов: Герасимовски и СДС не можат да обезбедат основно мнозинство за работа, избегаа од соочување со граѓанитеГерасимовски избега од соочување со граѓаните, со советниците избрани од центарци!СДСМ и Герасимовски ја прекинаа денешната седница на советот на Општина Центар, затоа што не можат да обезбедат ни основно, просто мнозинство за работа. Избегаа од дебата! Кадрите на СДСМ повеќе немаат ниту волја, ниту способност, а очигледно ни легитимитет да раководат со Центар. Центарци заслужуваат повеќе и подобро од ова! Сергеј Попов Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Сергеј Попов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Фактите ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ, во ребалансот за 2026 година нема ниту еден денар за „Пелагонија“Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар повторно се обидува да ја доведе јавноста во заблуда, пласирајќи невистини за ребалансот на Буџетот за 2026 година.Тврдењата дека со ребалансот се обезбедуваат средства за исплата на судски пресуди поврзани со „Пелагонија“ се целосно неточни и претставуваат свесна манипулација со граѓаните. Фактите се јасни и лесно проверливи. Одлуката по која е изгубен судскиот спор е донесена во 2025 година, а обврската по таа пресуда е целосно исплатена во текот на 2025 година. Прашањето е затворено минатата година и нема никаква поврзаност со ребалансот на Буџетот за 2026 година. Во ребалансот за 2026 година се предвидени средства за реконструкција и санација на ООУ „Димитар Миладинов“ за изградба на лифт за децата со попреченост, во ООУ „Киро Глигорв“ поставување на нов чилер, реконструкција на платото на салата во ООУ „Гоце Делчев“ и реконструкција на постоечкиот потпорен ѕид во дворот на ООУ „Кочо Рацин“. И покрај тоа, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше против овие инвестиции за децата. „Наместо да ги поддржат проектите што обезбедуваат подобри услови за учениците, тие избраа да шират лаги и да ја манипулираат јавноста. Денес разговараме исклучиво за подобри училишта и подобри услови за нашите деца. Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ повторно гласаше против инвестициите во образованието и против подобри услови за учениците“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар ќе продолжи одговорно и транспарентно да работи во интерес на граѓаните, а јавноста навремено и вистинито да ја информира за сите одлуки и политики, без простор за политички манипулации и дезинформации. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter