СветОрбан не сака Унгарците да ја делат судбината со Украинците„Унгарците не сакаат да бидат во истата Европска унија со Украинците“, рече тој. Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повтори својот став дека Унгарците не сакаат да бидат во ист сојуз со Украинците за да не ја делат нивната судбина - а судбината на Украинците, според него, е да бидат покрај Русија, рече тој во интервју за унгарското радио Кошут. „Унгарците не сакаат да бидат во истата Европска унија со Украинците“, рече тој. „Доколку сте со некого во федерален систем, ја делите неговата судбина, а Украина е земја со многу тешка судбина. Зошто да ја делиме таа тешка судбина?“, праша тој. „Не сакаме да ја делиме нашата судбина со нив“ Како што пишува Украинска правда, тој нагласи дека Унгарците имаат своја судбина, која е многу полесна од украинската. „Ние чувствуваме жал за нив, сочувствуваме со нив, тие се борат храбро, мора да ги поддржиме, но не сакаме да ја делиме нивната судбина“, истакна тој. Според унгарскиот премиер, судбината на Украинците е таква што тие живеат покрај Русија и постојано се во војна со Русите. Орбан рече дека сака да ја ослободи Унгарија од потребата да биде во федерален систем со Украинците и да се бори со Русите. „Ако сте во федерален систем со некого и ве нападнат, порано или подоцна ќе мора да испратите војници, а ние не сакаме да умреме за Украина“, рече тој. Да потсетиме дека Унгарија не ја поддржува идејата за давање „кредити за репарација“ на Украина врз основа на замрзнати руски средства.Тагови: Виктор Орбан украина Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнима Мунди бара да се затвори зоолошката градинаАктивистите бараат независна истрага за бегството на волците.Итно да се затвори скопската зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните Анима Мунди, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици. Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување на одговорност за сите пропусти, како и мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат стандардите. Тие го повторија и својата заложба да се затвори ЗОО Скопје и да се трансформира во спасувачки и рехабилитациски центар за животните. Од таму споделуваат снимка на која се гледа како волците пробуваат да излезат од живеалиштето на место кое е импровизирано со мрежа, каде што металната ограда е веројатно оштетена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусија собори 660 украински дроновиНоќеска руската воздушна одбрана собори 660 украински дронови, објави министерството за одбрана во Москва. Според градоначалникот на Москва ова се едни од најбројните напади од почетокот на конфиликот. Во последните месеци, Украина ја засили кампањата на напади со беспилотни летала на долг дострел против Русија, со посебен фокус на енергетската инфраструктура, во обид да го лиши Кремљ од важен извор на приходи за финансирање на воените напори. Минатата недела, украински напад предизвика голем пожар во рафинерија за нафта југоисточно од Москва.Тагови: дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Вработените“ во пералната и без пари и без работаПред министерството за здравство денеска повторно протестираа вработените од пералната на Клиничкиот центар кој не ги добија 17 те плати, а сега останаа без работа. Тие бараат од министерот да не ги заборави и да им ги исполни основните права во правото на работни односи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook