Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
СветОрбан: ЕУ нема никаква важност, Трамп греши за Путин Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „Европската Унија нема никаква важност“ и оцени дека американскиот претседател, Доналд Трамп, „греши во врска со рускиот претседател Владимир Путин“. Анса денеска објави дека италијанската премиерка Џорџа Мелони на средбата со Орбан во Рим, се обидела да посредува меѓу унгарскиот премиер и другите европски лидери во врска со ветото на Унгарија врз клучните одлуки на ЕУ за Украина. Пред средбата со Мелони, Орбан изјави дека „Европа нема улога во решавањето на војната“ и дека „иднината на европската економија е сериозно загрозена“. Тој повтори дека се надева на можна средба меѓу Трамп и Путин во Будимпешта, „иако засега тоа останува само можност“. За време на престојот во Рим, Орбан се сретна и со папата Лав во Ватикан, а планирана е и средба со лидерот на Лига и италијански министер за транспорт Матео Салвини. Според соопштението од кабинетот на италијанската премиерка средбата се одржала во „срдечна и неформална атмосфера“, а Мелони го повторила ставот на Италија дека се залага за итен прекин на огнот во Украина и почеток на дипломатски преговори. Како што објави русмки „Масаџеро“, италијанската премиерка му повторила на Орбан дека Италија нема да се повлече од европските рестриктивни мерки против руската економија, ниту пак ќе се дистанцира од американската забрана за руска нафта. Покрај прашањето за Украина, премиерите разговарале и за заеднички инвестиции во одбранбениот сектор и „иновативни решенија“ за управување со миграциските текови, вклучително и можноста за центри за репатријација во трети земји. Италија и Унгарија се подготвени да презентираат заеднички проект за безбедни кредити, пренесе „Масаџеро“. Опозициските партии во Италија остро реагираа на изјавите на Орбан за ЕУ и ја повикаа Мелони јасно да се дистанцира од унгарскиот премиер. Орбан, исто така, ги сфаќа санкциите на САД „многу сериозно“. Тој за „Масаџеро“ изјави дека во следните неколку дена ќе отпатува за Вашингтон за да го убеди Трамп да ги укине енергетските санкции кои „чинат многу“ за Унгарија, која е зависна од снабдувањето со руски гас и нафта.Тагови: Виктор Орбан Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМорничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕОНа социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата. Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели. Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност. Руско „сафари“ Today, many were shocked by yet another video of the drone “safari” Russians are carrying out against civilians in Kherson. A Russian drone deliberately hunted down a man selling vegetables and detonated right next to him. The Russians even admitted to the crime, showing zero… pic.twitter.com/uGjC7esFwR — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 4, 2026 Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително. Извор: Б92Тагови: руско сафари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилен земјотрес ја погоди областа во близина на ПизаЗемјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса. Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца. Засега нема извештаи за повредени или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08