Орада во бело вино - Канал 5

Орада во бело вино

Орада во бело вино е едноставно, медитеранско јадење со свеж и префинет вкус. 

Орада во бело вино

Комбинацијата од сочна риба, ароматична мајчина душица, лимета и бело вино создава лесен, но богат оброк, идеален за семеен ручек или свечена трпеза.

Потребни состојки:

околу 1,8 кг орада (или друга морска риба)

1 главица кромид

3 лажици презла

3 лимони

2 дл бело вино

4–5 гранчиња мајчина душица

сол и бибер по вкус

маслиново масло

Начин на подготовка:

Исчистената, измиена и исушена риба посолете ја одвнатре и однадвор, па ставете ја во тава за печење врз листовите лимон. Кромидот исечкајте го на помали парчиња и изблендирајте го со 3 лажици маслиново масло, мајчина душица и презлата. Додадете сол и бибер по вкус. Два лимони излупете ги, исечете ги на коцки и додајте ги во смесата а, третиот исечете го на листови. Половина од подготвената смеса одвојте ја, а со другата половина наполнете ја рибата. Во преостанатата смеса додајте го белото вино и уште 3 лажици маслиново масло, промешајте и прелијте ја рибата. Печете во загреана рерна на 180°C околу 35–45 минути, односно додека рибата добие златна боја и омекне.

Послужете топло, со свежа салата или варен компир како прилог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полски автобус се преврте во Унгарија; 12 загинати

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте во текот на ноќта на автопат во источна Унгарија. 

Полски автобус се преврте во Унгарија; 12 загинати

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја соопшти веста за несреќата во објава на Фејсбук утрово пренесува Ројтерс.

Рано утринава, автобус излета во канал и се преврте на автопатот М3, во близина на градот Мезехерестеш. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓхаза. Државната новинска агенција МТИ известува дека во автобусот имало 57 патници и двајца возачи.

Истрага за причините Во соопштението, полицијата наведе дека автобусот излетал во канал и се превртел на дел од патот што бил прав.

„Првичните информации укажуваат на тоа дека возачот веројатно заспал“, се наведува на веб-страницата на полицијата. Потврдено е дека возачот на автобусот е приведен, а сите повредени се пренесени во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температури до 36 степени

Времето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. 

Сончево со температури до 36 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути

Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. 

За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути

Зголемен број возила е регистриран утрово на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни.

Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини.

На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП Богородица, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Посебна внимателност се советува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

АМСМ ги повикува учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ги почитуваат ограничувањата, особено во услови на зголемен сообраќаен интензитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер