Оптимизам за јулска покана за НАТО

Премиерот Зоран Заев очекува во јули Македонија да добие покана за влез во НАТО. 

За себе вели дека е неуморен оптимист, но потенцира и дека сите треба да се насочат кон изнаоѓање решение за спорот со името со Грција. Од друга страна, последната анкета направена таму покажува дека еден од двајца Грци смета дека сега треба да се постигне решение.

Својот оптимизам премиерот го искажа во интервју за магазинот CorD, кој се печати во Белград, а за свои читатели ги има претставниците на дипломатскиот кор во земјите во регионот.

- Ако се насочиме сите кон изнаоѓањето решение, 2018 година може да биде година за паметење и за Република Македнија, но и за регионот, и за ЕУ и за НАТО. Затоа, неуморен оптимист сум и очекувам во јули покана на Македонија за влез во НАТО, истакнал премиерот Зоран Заев во интервју

На прашањето дали промените на Западен Балкан го прават фактор на стабилност во регионот или е сe уште регион што продуцира кризи, Заев потенцирал дека Западен Балкан покажа оти може да има искрени, енергични и посветени политички раководства, кои сакаат, можат и знаат да проценат што е потребно за своите граѓани, но и пошироко и се подготвени, без калкулации, да ги постават државите на вистинскиот пат.

- Ако некогаш Западен Балкан бил цврст во своите погледи кон заедничката индина, тоа е сега. И ова е многу важен момент. Ги препознавме потребите за меѓусебна поврзаност и соработка и и покажавме на Европа дека е цела, безбедна и стабилна само со целосна интеграција на сите држави што географски, историски, културно и припаѓаат. Сме фактор на стабилност на Европа, не на нестабилност, нема повеќе дилеми. За поздравување е што и Европа го препозна тоа и подаде раце кон Западен Балкан, истакнал премиерот.

На прашањето како ќе се усогласат поволните пораки од ЕУ за Република Македонија, особено по препораката за определување датум за преговори, со отвореното прашање за проблемот што Грција го има со името на нашата земја, премиерот Заев рекол дека со одлуката на ЕК за кристално јасна препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ, се потврдија политиките на актуелната влада, со кои за само 10 месеци се откочени процеси кои беа длабоко заглавени поради неодговорното однесување на претходната власт и заради политичката криза.

- Очекувам 2018 година да донесе нови значајни позитивни промени во остварувањето на стратешките, евро-атлантски цели на државата и во квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија. Разговорите со Република Грција ги поставивме на пријателско и достоинствено ниво и моите очекувања се дека водат кон решение што носи добра иднина за граѓаните на Македонија и на Грција, но и на целиот регион, потенцирал Заев.

Во очекување на телефонскиот разговор Заев - Ципрас и услогласување на сите технички прашања од еветуалниот договор, грчката телевизија Action24“ ја објави анкетата што за неа ја изработила агенцијата „Rass“, според која речиси половина од анкетираните Грција се согласуваат дека грчката влада треба во овој момент да се стреми кон постигнување решение на прашањето за името.

На прашањето „дали се согласувате или не со мислењето дека условите за решавање на скопското прашање се поволни и владата треба да се стреми кон негово решавање сега“, 43,8 отсто од анкетираните одговориле дека се согласуваат, а 4,5 отсто дале одговор „веројатно се согласувам“, 40,7 отсто рекле дека не се согласуваат, а 3,2 отсто оти веројатно не се согласуваат. Одговор не дале 7, 8 отсто.

Според деталната анализа на истражувањето, од оние кои што поддржуваат решение во овој момент, мнозинството се жени (51,9 отсто), на возраст од 17 до 34 години (60,1 отсто), на последните избори гласале за СИРИЗА (55,2 отсто), а местото на живеење им е во јужниот дел на Грција (58,9 отсто).

Од друга страна, тие што не се согласуваат или веројатно не се согласуваат со ставот дека условите се поволни за решение, се на возраст од 35 до 44 години (50,3 отсто), мнозинството се мажи (50,6 отсто), на последните избори во 2015 гласале за Нова демократија (59,3 отсто), а живеат во северна Грција (48,3 отсто).

Во однос на политичката сцена во Грција, опозициската Нова демократија и понатаму е во предност пред владејачката СИРИЗА со разлика од 10.3 отсто.

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис е најпопуларен лидер на политичка партија во Грција, а во однос на тоа кој е посоодветен за премиер, дали тој или актуелниот Алескис Ципрас, Мицотакис има предност од 10,7 отсто.

Во истражувањето на агенцијата „Rass“ за грчката телевизија „Action24“, спроведено од 29 до 31 мај, биле анкетирани 1.002 лица преку телефонски интервјуа. /МИА

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:

-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

Фото: Никол Кидман во златен фустан

Актерката Никол Кидман  доби историско признание, и докажа дека е вистинска ѕвезда на филмската индустрија.

Мегапопуларната актерка неодамна ја доби наградата AFI (American Film Institute Lifetime Achievement) за животно дело и вклученост во филмската индустрија. Со тоа таа стана првата Австралијка која ја добила оваа престижна награда во Лос Анџелес.

На доделувањето на наградата на кое присуствувале многу колешки на Никол, сексапилната актерка блесна во златен долг и елегантен фустан кој ја истакна нејзината соврѓена става.

притисни ентер