Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ЖивотОпстанокот на реките и езерата во рацете на човекот, ќе дозволиме ли да секне изворот на живот?Уметноста на природата е целосна кога преовладува синилото на реките, езерата и морињата. Тоа синило, под влијание на неумоливата консумирачка потреба на човекот, станува пола, на пат да го снема. И покрај свесноста за значењето на водите, сепак, човечката рака се повеќе ги суши водните површини. Па така, се чини синилото од уметничкото дело на природата полека станува сивило за човештвото. За ова секојдневно алармираат граѓанските здруженија, велат – „Треба што поскоро да се вклучи црвено светло и да се преземат многу поголеми чекори, бидејќи нерационалното користење на природните ресурси веќе одамна е секојдневие". Според Министерството за животна средина главни виновници за намалувањето на водостојот на водните површини се климатските промени, силниот антропоген притисок, земјоделството и инвазивните видови. Сепак, покрај овие фактори, за здружението Еко – свест постојат и други кои исто така, ја влошуваат состојбата со водните површини. -Со урбанизацијата се зголемуваат непропустливите површини односно, зголемената застапеност на бетонската и асфалтна инфраструктура и намалувањето на зелената инфраструктура, доведува до нарушување на климатските услови и модификација на површинското и подземното истекување, вели еко- активистката, Елена Николовска. Додава дека централната и локалната власт несериозно гледаат на итноста од заштита и зачувување на водните ресурси. -Во услови кога се соочуваме со недостиг на вода во блиска иднина, апсолутно недозволиво е водните ресурси да се користат за производство на електрична енергија особено преку мали хидроелектрани. Земјата нема план за прилагодување на климатски промени кој треба да опфати и мерки за зачувување на водните ресурси, велат од Еко- свест. Капка вода на дланка, желна за спас. Ќе допрат ли проблемите на водните површини до нас?! Моментално состојба со нивоата на трите природни езера во државава е загрижувачка бидејќи се намалени, и од состојба на покачување и стагнација преминуваат во состојба на намалување. Од УХМР објаснуваат дека ова се должи на намалување и исцрпување на водата од резервите добиени од снежниот покривач кој паднал во текот на зимата и пролетта и како резултат на покачувањето на температурите на воздухот, кои како што велат беа изразито покачени при крајот на јуни во однос на првата половина на јуни. -Од податоците со кои располагаме можеме да кажеме дека покачувањето на температурите влијае на испарувањето, особено на испарувањето од слободна водена површина, па така за езерата можеме да кажеме дека испарувањето од езерата е приближно исто колку и врнежите кои паѓаат на него, а во одредени ситуации и поголемо. Покрај директното влијание врз водните резерви има и индиректно, користењето на водите, а и тоа следи како последица на зголемените температури на воздухот, соопштуваат од Хидрометеоролошката станица. Велат дека кога станува збор за користењето на водите за разни намени на годишно ниво, ако користењето е неконтролирано тогаш природата не може да ја надополни загубата. -Користењето на водите за разни намени на годишно ниво и не изгледа толку големо, но ако знаеме дека тоа што ќе се искористи нема дополнително од каде да се врати, предизвикува континуирано, секоја година, малку по малку, намалување и губење на водните резерви. На одредени територии низ светот се случувале слични ситуации и сега на тие места има голем недостаток на вода. Оттука останува прашањето дали и ние ги загубивме односно ги губиме водните површини на територијата на нашата територија поради тоа што природата не успеала да ја надомести загубата од неправилното третирање. Секторот води најранлив на климатските промени и човечките активности Покрај човекот како втор наголем непријател на водите се климатските промени. Од Еко- свест информираат дека во рамки на третата комуникација е направена проценка на ранливоста кон климатските промени на водните ресурси во југо-источниот дел на Македонија и според официјалниот заклучок земјата се соочува со проблем на недостаток на вода. -Дополнително оваа година се заврши и најновиот извештај за проекции на климатските промени и за промени во екстремните климатски настани во РСМ, кој јасно укажува дека Македонија во иднина ќе се соочи со потопла и посушна клима и дека сериозноста на оваа промена првенствено ќе биде поврзана со идната концентрација на стакленички гасови, односно климатските промени, изјави Николовска. Потенцираат дека според проценките земјава забрзано се движи кон опустинување, односно продолжени периоди на суша и топлотни бранови. -Со моменталната ситуација светот се движи кон покачување на глобалните температури од над 3 степени целзиусови, и ова значи дека сите држави се подеднакво загрозени. Но, земјите во развој како нашата немаат финансиски средства да се справат со штетите и загубите од промените во климата и ова значи дека последиците ќе ги чувствуваме многу повеќе, заклучија од здружението. Согледувајќи го сериозниот недостиг на вода со кој се соочува светот, државите, и оние развиените, но и тие во развој, веќе активно работат на заштита на водите. Па така, во урбаните средини се инсталираат системи за фаќање и насочување на дождовна вода, дури и складирање во подземни резервоари за подоцнежна употреба- полупропусен бекатон на пешачките патеки и зголемување на зелените површини се само некои од мерките кои се преземаат. -Од искуствата кои се споделуваат на конференциите за клима е јасно дека воспоставувањето на институционален систем за управување со водите е еден од клучните елементи. Мора да се побрза со носењето национален план за адаптација кој ќе обезбеди и силна координација и комуникација на активностите помеѓу централните власти и општините. Општините не може да превземаат активности кои се косат со веќе донесени национални планови како што е тоа случајот сега, истакнува Елена Николовска. Ја прашавме нутриционистката Фани Гувелевска за тоа каква улога има водата за човековото здравје. Според неа водата освен што не одржува во живот не штити и од различни болести. -Треба да пиеме околу два литра вода дневно за да останеме здрави. Ако пиете два литра вода на ден, ќе пиете околу 60.000 литри вода во нашиот живот бидејќи просечниот животен век е околу 79 години. Воедно останување хидриран всушност може да помогне во спречување на рак, бидејќи хидратацијата е клучна за циркулацијата на крвта што им овозможува на клетките на имунолошкиот систем да достигнат оштетени ткива во поголем број, порачува таа. За жал, очекувањата на здруженијата за заштита на водните површини за во иднина се дека продолжените сушни периоди во иднина ќе предизвикаат и големи штети и загуби за земјоделството што го прави невозможно и одгледувањето на некои традиционални домашни производи кои бараат многу вода. Имено важноста, а воедно и нашата одговорност да ја чуваме водата станува поголема кога ќе земеме предвид дека покрај тоа што таа е најзастапена на планетата таа во голема мера е присутна и во човечкото тело, општо познато е дека човекот во себе содржи 70 проценти вода, па оттука заклучокот е дека водата сме ние, а без неа не нема и нас./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЈанчев на средба со директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските службиНа средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието, објави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Денес, во големата сала на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот д.р Стојанчо Рамов, директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби одржаа средба со жителите на населените места Радња, Бунарче, Гарниково, Драгожел, Рожден, Клиново, Бојанчиште, Мајден, Фариш, Ќесендре, Горна Бошава, Долна Бошава и Крњево. На средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието. Преку непосредна комуникација и отворен разговор, граѓаните имаа можност да ги изнесат своите барања и идеи, а претставниците на Општината да ги слушнат нивните предлози и да разговараат за можностите за нивно решавање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе Аутопсијата откри од што почина центарфорот на шпанскиот второлигаш Тенерифе, Хесус де Мигел!30 годишниот напаѓач на Тенерифе починал како последица на трауматска повреда на градниот кош, здобиена при тежок судир со голманот на Андора, Хесус Овоно. Првичните наоди дадоа одговор за причината за смртта на фудбалерот, кој го загуби животот еден ден по натпреварот, додека истрагата за сите околности на трагедијата сè уште трае. Според информации од шпанските медиуми, повредата е оценета како причина што би можела да доведе до фатален исход. Сепак, форензичките испитувања сè уште не се завршени, а конечниот извештај треба да даде поцелосна слика за тоа што се случило. Истрагата е сè уште во тек, а истражителите ги проверуваат сите околности на трагедијата, вклучително и медицинската помош што фудбалерот ја добил по судирот. Шокатниот настан се случи на 2 ноември, за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора во втората шпанска лига. Натпреварот беше во самиот финиш се играше судиското надополнување, резултатот беше 2:2, а Де Мигел тргна во напад по долгата асистенцијата од своите дефанзивци, се обиде да стигне до топката, но скоро на половина терен се случи стратотниот судир со противничкиот голман. Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше излезен далеку од својот шеснаесетник за да интервенира. Во обидот да стигне до топката, тој го удри Де Мигел со нога во горниот дел од телото. Напаѓачот на Тенерифе веднаш падна на тревата и остана неподвижен. Фудбалерите на двата тима веднаш почнаа да повикуваат лекарска екипа. Судијата му покажа директен црвен картон на Овоно, наведувајќи дека голманот го удрил противникот со подигната нога и со прекумерна сила, додека топката била во игра. Лекарскиот тим пристигна брзо до повредениот фудбалер и започна со давање на медицинската помош. Потоа, Де Мигел беше изнесен од теренот на носила и пренесен во болница, каде што беше примен во тешка состојба. За време на транспортот, тој доживеал срцев застој, но лекарите успеаја да му го вратат пулсот. Сепак, и покрај напорите на медицинскиот персонал, неговата состојба се влоши, а во вторникот наутро беше потврдена неговата смрт.Тагови: Тенерифе фудбалер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗемјите од групата „Квад“започнува голема воена вежбаЗемјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“. „Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио. Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook