Општина Пустец ќе биде опфатена со Мастер планот за одржлив развој на туризмот - Канал 5

Општина Пустец ќе биде опфатена со Мастер планот за одржлив развој на туризмот

Општина Пустец ќе биде опфатена со Мастер планот за одржлив развој на туризмот, поддржан од AFD и Министерството за туризам, кој ќе ги утврди идните чекори за развој на одржлив и целогодишен туризам.

Општина Пустец ќе биде опфатена со Мастер планот за одржлив развој на туризмот

Ова е договорено на редовниот состанок на Регионалниот Комитет за развој на туризмот, каде што биле дискутирани мерките и подготовките за зимската сезона 2025–2026 година.

-Добра вест за Пустец и целиот регион е започнувањето на процесот за изработка на „Мастер план за одржлив развој на туризмот“. Општина Пустец ќе биде активен соработник и целосно ангажирана во овој процес, со цел искористување на извонредните потенцијали на регионот на одржлив и балансиран начин, информираа од општината.

Додаваат дека посебно била вреднувана работата на промоцијата на регионот, како важен чекор кон развој на туризмот и агротуризмот, еден од најголемите потенцијали што ги нуди овој крај, што во изјава за МИА, неодмна го потврди и градоначалникот Пали Колефски.

- Во изминатите девет месеци од годинава нашата општина ја посетија околу 50 илјади туристи. Освен домашни и посетители од Македонија, од година во година се зголемува бројот на туристи од многу европски земји, кои, како што самите велат восхитени се од убавините на нашата општина. Очекуваме годинава да биде надминат бројот од 80 илјади туристи колку што ја посетиле општината минатата година, рече Колефски.

Очекува годинава да биде надминат бројот од 80 илјади туристи колку што минатата година ја посетиле општината, која со своите природни убавини, езерската шир и многуте цркви и манастири, станува се попосакувана дестинација за туристите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“

Деновите на Маргарет Тачер и Тони Блер, двајцата најдолгогодишни британски премиери, кои служеа 11 и 10 години, како симболи на долговечност во политиката на „островот“ се одамна минато.

Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“

Ова е поткрепено со фактот дека Обединетото Кралство смени шест премиери од 2011 година, а седмиот премиер наскоро ќе се пресели на Даунинг стрит. Тоа е Енди Берман, кого медиумите го нарекоа „Крал на северот“ откако брзо се искачи на власт во Манчестер, град во северна Англија.

Откако Кир Стармер поднесе оставка, еден познат жител на Даунинг стрит 10 остана точно таму каде што беше.

Тоа е Лари, мачорот што пристигна на Даунинг стрит 10 во 2011 година кога Дејвид Камерон беше премиер. Оттогаш, тој ги гледаше Камерон, Тереза ​​Меј, Борис Џонсон, Лиз Трас, Риши Сунак и Кир Стармер како ја напуштаат функцијата.

Сега кога Енди Бернам стана премиер, Лари служи под неговиот седми лидер на Велика Британија. Премиерите доаѓаат и си одат. Владите се издигнуваат и паѓаат.

Но, Лари останува пред познатата црна врата, патролирајќи го обезбедувањето, поздравувајќи ги посетителите и продолжувајќи ги своите должности како главен чувар на глувци.

Во моментов, мачорот Лари е најстабилната фигура во британската политика, како што многумина на шега истакнуваат на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко и СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар

Мали Фрчко и  СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, пак во коалиција со ДУИ го штитат нивниот кадар, а кризата да не ја претвораат во дневнополитичка тема.

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко и  СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар

СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани.

Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани.

Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат поени, а затоа што градоначалникот е од нивните редови не се осмелуваат да одржат прес-конференција за него.

Градоначалник кој вели дека не чувствува никаква вина, а и не успеа да се справи со кризата. Локалната власт таму доцнеше со секаква реакција и не интервенираше.

Граѓаните од гостивар добиваат секој ден над 60 тони вода и останати технички потреби од страна на СОЗР. ИЈЗ и Министерството за здравство предочи мерки и препораки за како да се справат со оваа епидемија.

Има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе се достават до обвинителството, а се работи и на решавање на овој проблем.

СДС треба да им се извини на граѓаните што секоја криза, се обидува да ја претвори во тема од која ќе извлече нешто за себе, и веднаш да побара одговорност од Лимани, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте автобус кај Истанбул, полн со патници- десетици повредени (ВИДЕО)

На пат од Кирикале до Самсун, патниците во автобус доживеале драматичен момент кога возилото се превртело, при што биле повредени 40 лица. 

Се преврте автобус кај Истанбул, полн со патници- десетици повредени (ВИДЕО)

Возачот ја изгубил контролата врз воланот, што довело до несреќата, објавија турските медиуми.

Инцидентот се случил во близина на населбата Кимески кај Истанбул, а во автобусот имало 42 патници, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија, објави Хуриет.

Екипи на брза помош, полиција, жандармерија и противпожарна служба, како и специјални служби, веднаш пристигнале на местото на несреќата.

Повредените биле брзо евакуирани од автобусот, им била укажана прва помош и биле однесени во болниците во Кирикале. За среќа, според првичните информации, никој не е во животна опасност.

Полицијата и жандармеријата започнале истрага за да се разјасни причината за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер