Општина Крушево со апел за достоинствена прослава на Илинден

Општина Крушево во соработка со МВР и со Владата ќе ги преземат сите мерки кои стојат на располагање за прославата Илинден да помине без проблеми, без да се повторат насилните инциденти од минатогодишната прослава на Мечкин Камен.

-Празникот Илинден е празник на сите граѓани на Република Северна Македонија без оглед на етничката, религиската или партиската припадност. Секој граѓанин на државата има право овој празник да го чувствува и чествува како свој. Поради тоа што овој празник им припаѓа на сите граѓани, Општина Крушево во соработка со Министерството за внатрешни работи и Владата ќе ги преземат сите мерки кои стојат на располагање за да не се повтори насилното однесување од минатата, 2018 година, кога претставници на САД, владини претставници, членови на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република" како и други, беа физички нападнати на Мечкин Камен.Наша обврска е на достоинствен начин на 2 Август да ги испочитуваме сите борци за слобода на нашата држава и заеднички да прославиме за вредностите на нашето општество: мултиетничност, толеранција и соживот, стои во сооптешнието на крушевската локална самоуправа.

Преку ова соопштение се апелира до сите кои го почитуваат овој голем македонски празник и ќе присуствуваат на централната прослава на Мечкин Камен во Крушево, одбележувањето на настанот да го проследат на мирен и достоинствен начин, нагласувајќи „на 2 Август сите заедно да покажеме дека сме вистински патриоти".

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер