Општина Кисела Вода врши дезинфекција во сите колективни станбени згради во општината

Општина Кисела Вода, продолжува со активностите за превенција од ширењето на  вирусот Ковид-19.

Имено, преку секторот за месна самоуправа и социјална грижа, од денес, се врши дезинфекција на сите колективни станбени згради на оваа територија.

Мобилни тимови организирани од Општината денес вршат прскање за дезинфекција во зградите во урбаните заедници Драчево и Расадник. Утре ќе се врши дезинфекција во урбаните заедници Цветан Димов и Кисела Вода, во сабота во 11 Октомври згради и бараки, додека во недела ќе бидат опфатени колективните станбени објекти во Бирарија, Црниче, Пржино и Припор.

Ова е уште еден од чекорите кои оваа локална самоуправа ги прави за превентива и заштита на своите жители од корона вирусот.

Претходно, Општина Кисела Вода изврши дезинфекција во сите детски градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода, на сите улици, јавни површини, на урбаната опрема, детските игралишта, пред поголемите маркети каде има поголема фреквенција на движење и на автобуските постојки на оваа територија.

Воедно, уште еднаш потсетуваме дека во рамките на работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот, Општина Кисела Вода заедно со Град Скопје, тимовите на Црвениот Крст и хуманитарната организација Св. Спас, организираа можност за бесплатна сервисна помош за лицата со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести. Тие, секојдневно, за своите потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, во временскиот период од 08:30 до 12:30 часот, на телефонските броеви 070/379-456 и 02/3211-417 можат да ги контактираат тимовите кои имаат задача бесплатно да им помагаат.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

притисни ентер