Општина Карпош го изгласа буџетот и програмите за работа за 2026 година - Канал 5

Општина Карпош го изгласа буџетот и програмите за работа за 2026 година

Градоначалникот Сотир Лукровски и Советот на Општина Карпош го изгласаа општинскиот буџет и програмите за работа за 2026 година. 

Општина Карпош го изгласа буџетот и програмите за работа за 2026 година

Советот на Општина Карпош заседаваше по шести пат, при што советниците расправаа и полноважно одлучуваа по околу триесетина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Првенствено, мнозинска поддршка доби Предлог – Решението со кое беа именувани претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 2026 година. Советот ја изгласа и Одлуката за утврдување надоместок на членовите на Општинска изборна комисија – Карпош и избирачките одбори на подрачјето на општина Карпош, за извршената работа во подготовката и спроведувањето на Локалните избори 2025 година.

Со истата динамика беа поддржани и 17 годишни Програми за работата на Секторите и Одделенијата од Општина Карпош за 2026 година. По детално разгледување на компонентите од кои е составен, беше изгласан и Буџетот на Општина Карпош за 2026 година. Имено, според образложението, Министерството за финансии ја извести локалната самоуправа дека максималниот износ на сопствените приходи на основниот буџет за општина Карпош за 2026 година ќе изнесува 608.436.000 денари. Притоа, средствата кои општината ќе ги добие како приход од ДДВ за 2026 година изнесуваат 28.978.000 денари, а средствата доделени од Владата на РСМ изнесуваат 615.020.279 денари. Планираниот пренесен вишок на приходи од претходната година изнесува 80.000.000 денари, така што висината на вкупниот износ на основниот Буџет на општина Карпош ќе изнесува 1.332.434.279 денари.

Земајќи го сето ова во предвид, Консолидираниот Буџет на Општина Карпош за 2026 година ќе изнесува 2.159.676.279 денари и истиот ги содржи планираните извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите за 2026 година. Поточно, од трансфери и донации ќе се финансираат 1.478.975.279 денари или 69%, од даночни приходи 569.500.000 денари или 26%, додека пак од неданочни приходи ќе се финансираат 88.551.000 денари или 4% и од капитални приходи 22.650.000 денари или 1%. Планираните расходи на Општината се во поглед на развојна компонента на јавните услуги кои се надлежност на локалната самоуправа. Оттука, за изградба на инфраструктурни објекти во насока на подобрување на јавните услуги на граѓаните се обезбедени средства во износ од 790.930.279 денари или 36,60%. За стоки и услуги се планираат да се потрошат средства во износ од 399.997.000 денари или 18,51 %, каде што се трошат најголем дел од средствата за комунални услуги за греење, комуникација и транспорт. Социјалните бенифиции учествуваат со 7.800.000 денари или со 0,34%, субвенциите и трансферите со 118.978.000 денари или со 5,60%, додедка пак каматните плаќања со 1.000.000 денари или со 0,04% и отплата на главница за земени кредити со 6.400.000 денари или поточно со 0,28%.

Советниците ја поддржаа Одлуката за формирање на Штаб за заштита и спасување, како и Просторна единица за заштита и спасување кои ќе функционираат во рамки на Општина Карпош. На предлог на градоначалникот Сотир Лукровски, Штабот и Единицата се формираат со цел спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на луѓето и материјалните добра од воени разурнувања, од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, како и отстранувањето на последиците предизвикани од нив.

Советниците од Карпош го усвоија и Правилникот за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата, наменета за сите десет општински основни училишта на подрачјето на Карпош за 2026 година. Според Правилникот, распределбата на блок дотацијата се спроведува по критериумот - основен трошок по ученик, а блок дотацијата за основното образование содржи две компоненти - Основна компонента и Варијабилна компонента. Средствата за блок дотациите ќе се насочуваат по општини од Буџетот на РСМ, преку Минстерството за образование и наука, месечно или по динамика во договор со Министерството за финансии.

Советот даде „зелено светло“ и за Одлуката за организирање на продолжен престој во IV (четврто) одделение во општинските основни училишта за 2026 година. Имено, со оваа Одлука Советот на Општина Карпош дава согласност за обезбедување финансиски средства за ангажирање на одделенски наставници, за реализирање на настава во продолжен престој за четвртоодделенците кои во претходните учебни години следеле настава во продолжен престој. Инаку, продолжен престој за основците од IV-одделение се организира за хомогени и хетерогени групи од најмалку 15 (петнаесет) ученици.

Со гласовите од советниците од Карпош беше изгласана и Одлуката за прифаќање на донација од КАМ ДОО Скопје во висина од 68.700 денари. Станува збор за донација на околу 300 новогодишни пакетчиња за дечињата од Карпош, кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. 

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните.

Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување.

Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан.

Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле.

Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците.

„Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна.

Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво.

Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција.

Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер