Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово
1Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово
МакедонијаОпштина Илинден положи цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски во МиладиновциТој бил истакнат војвода и борец за национална слобода, кој предводел чета составена од комити од поширокиот регион на денешна општина Илинден. Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври е одбележан со пригоден настан во населеното место Миладиновци, каде што беше положено свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот револуционер Васил Стојанов-Аџаларски, роден во 1880 година во селото Аџалари, денешно Миладиновци. -Тој бил истакнат војвода и борец за национална слобода, кој предводел чета составена од комити од поширокиот регион на денешна општина Илинден. Аџиларски херојски загинал во 1909 година, соопшти Општина Илинден. Цвеќе пред неговиот споменик положила општинска делегација предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, во која биле пратеничката Драгана Бојковска, советници, претставници на општинските јавни претпријатија и училиштата, Сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден, претставници на невладини организации и голем број граѓани. Во рамки на одбележувањето, во Домот на културата во Миладиновци се одржал и шаховски турнир организиран од Здружението на пензионери „Илинден“, на кој учествувале 18 шахисти. Општината информира дека првото место на турнирот го освоил Душан Сурловски, второто - Христијан Стефановски, третото место - Миле Спасовски и четвртото - Диме Мицевски. -Покровител на настанот беше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на крајот на турнирот им додели пригодни награди и плакети на најдобрите учесници, при што истакна дека ваквите активности претставуваат важен дел од заложбата на Општината за активно вклучување на повозрасните генерации во јавниот живот, но и за негување на традицијата и сеќавањето на историските вредности. Со достоинствено чествување, Општина Илинден уште еднаш покажа дека историјата е темел врз кој треба да се гради иднина заснована на слобода, солидарност и припадност, се наведува во општинското соопштение. Тагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаНови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во КумановоТимот на Lidl во Македонија продолжува да расте.Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме стабилен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со Lidl. Вложуваме во внимателен избор на кандидатите, во нивниот професионален развој и во создавање работна средина во која секој од нив ќе има можност да учи, да напредува и да се чувствува ценет“, изјави Теодора Хаџи-Димова-Танаскоска, директорка за човечки ресурси во Лидл Северна Македонија. Секој нов вработен минува низ јасно структуриран процес на воведување во работата. Oбуките траат од шест до осум недели, зависно од работната позиција и се насочени кон стекнување практични знаења и вештини, со постојана поддршка во текот на целиот период на обука. Со над 400 вработени во земјава, Lidl обезбедува стабилност и можност за кариерен развој во рамките на еден од најголемите европски малопродажни синџири. Работењето во Lidl се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква работна средина секој вработен е важен дел од тимот, а учењето, развојот и меѓусебната поддршка се препознаени како основа за долгорочен успех. Компанијата продолжува со вработувања и во наредниот период, а повеќе информации за отворените работни позиции и процесот на аплицирање се достапни на jobs.lidl.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаСерафимовски во Струмица: Министерството активно работи на стабилизирање на откупот на пиперкатаМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица оствари одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи - трговци и со производителите на пиперка од Струмичко.Во разговорот со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон производителите на пиперка. На средбата министерот Серафимовски потсети на обврската условите за откуп да бидат однапред познати, цените јавно истакнати, а класификацијата прецизна и доследна. „Цената ја определуваат пазарните услови, но начинот на кој се одвива откупот мора да биде законски, транспарентен и предвидлив. Улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да ги сослуша аргументите на сите страни, да обезбеди почитување на правилата и да придонесе за откуп на пиперката што ќе го вреднува трудот на земјоделците и ќе овозможи непречен пласман“, истакна министерот Серафимовски. На одделната средба со производителите на пиперка беа сослушани нивните забелешки и барања поврзани со почетните откупни цени, производствените трошоци и последиците од временските непогоди врз годинашната реколта. Министерот Серафимовски истакна дека секој земјоделец, независно дали настапува индивидуално или преку здружение, има право неговите аргументи да бидат разгледани сериозно и одговорно. „Зад секој предаден килограм стојат вложувања, труд и приход на едно земјоделско семејство. Затоа разговорот за откупот не смее да се сведе само на бројки, туку мора да ја опфати и одговорноста на секој учесник во синџирот. Секој земјоделец што се соочува со реален проблем е легитимен соговорник “, порача министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски информираше дека Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со секојдневните контроли на откупните пунктови. Се проверуваат условите за вршење откуп, јавното истакнување на цените, класификацијата на производите, исправноста на мерните инструменти и уредноста на документацијата. За секоја утврдена неправилност за која постои законска основа ќе бидат преземени соодветни мерки. Во текот на наредната недела министерот Серафимовски ќе се сретне и со сопствениците на преработувачките капацитети, со кои ќе разговара за расположливите капацитети, планираните количини за откуп и можностите за пласман на годинашната реколта на пиперката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за ГостиварФилипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица. Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога. СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04