МакедонијаОпштина Ѓорче Петров со нов специјализиран камион за интервенции на теренКако дел од овој проект, покрај специјализираното возило, Општина Ѓорче Петров доби и современа опрема и технолошки решенија за рана детекција и мониторинг, вклучувајќи:Во функција на подобрување на јавната хигиена, ефикасно справување со еколошки предизвици и брза реакција на терен, Општина Ѓорче Петров денес, во присуство на министерот за локална самоуправа г. Златко Перински, официјално го презентираше новиот специјализиран камион за отстранување отпад и санација на критични точки долж реката Лепенец. Настанот ја означи завршницата на прекуграничниот проект „Паметен систем за рано предупредување на поплави и следење на отпадот во сливот на реката Лепенец“, финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата. Како дел од овој проект, покрај специјализираното возило, Општина Ѓорче Петров доби и современа опрема и технолошки решенија за рана детекција и мониторинг, вклучувајќи: 2 паметни камери со сензори, кои во реално време детектираат нелегално фрлање отпад; Сензор за следење на водостојот, кој овозможува навремено предупредување од поплави; 2 дрона за аеронадзор, кои се користат за следење на ризични подрачја и контрола на отпадот. Возилото е наменето за интервенции во кризни услови, отстранување диви депонии и пристап до тешко достапни терени, што претставува сериозен чекор напред во зајакнувањето на теренската подготвеност и оперативните капацитети на општинските служби. Министерот Перински, во рамки на посетата, оствари информативен разговор со градоначалникот Александар Стојкоски, при што заеднички беа разгледани натамошни можности за развој на општинската инфраструктура и продлабочување на соработката со меѓународни партнери. „Ова возило е резултат на одлична меѓуопштинска и регионална координација и претставува заокружување на значаен проект со директна корист за граѓаните. Нашата општина продолжува со заложбата за еколошки поодговорно, поефикасно и побезбедно општинско функционирање,“ – изјави градоначалникот Стојкоски. Проектот беше реализиран преку заедничко партнерство со неколку институции, предводени од Општина Хани и Елезит од Република Косово, која воедно ја имаше улогата на водечки партнер. Од македонска страна, во имплементацијата активно учествуваше и Дирекцијата за заштита и спасување, како и Меѓународниот институт за развој и истражување „Д-р Југослав Ачковски“ од Скопје, кој даде значаен придонес во делот на стручната анализа и техничката подготовка на проектните активности. Како краен корисник на проектот се јавува Општина Ѓорче Петров, чии општински служби се целосно вклучени во процесот и веќе поминаа обука за користење на специјализираната опрема и современите системи за мониторинг, што се набавија преку проектот.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
БалканВучиќ ќе поднесе оставка в неделаПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека оставката од функцијата Претседател на републиката ќе ја поднесе в недела, на 27 септември, во вечерните часови, како и дека граѓаните тогаш ќе можат да го слушнат и неговото образложение.– Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер – им изјави Вучиќ на новинарите синоќа во Њујорк. Тој додаде дека тогаш ќе ги наведе причините кои граѓаните ќе можат да ги слушнат. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева оти за два до три дена, по разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе знае повеќе за решението за прашањето за Нафтената индустрија на Србија. На новинарско прашање во Њујорк дали сега е извесна сликата кога е во прашање решението околу нафтената индустрија на Србија, Вучиќ рече дека не знае што точно да одговори, но оти се надева дека по разговорот со Путин ќе знае нешто повеќе.Тагови: Александар Вучиќ Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
БалканСловенија ја укинува деветолеткатаСловенија се подготвува за една од најголемите промени во основното образование во последните две децении. Министерот за образование, наука и млади Борут Рончевиќ најави укинување на сегашниот модел на деветгодишно основно образование и воведување „современа осумлетка“. Планот беше објавен при претставувањето на резултатите од истражувањето pisa 2025, кое покажа пад на резултатите на словенечките 15-годишници во читање, математика и природни науки. Министерот оцени дека резултатите се сериозно предупредување и најави целосна реформа на образовниот систем. Иако се зборува за „укинување на деветолетката“, според најавениот модел децата и понатаму би имале девет години задолжително образование.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк. „Постојат конкретни договори. На нашата последна средба, претседателот Трамп ми потврди: 'Да, ја донесов конечната одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети 'Патриот''“, им рече Зеленски на новинарите, како што пренесе „Украинска правда“. По изјавата на украинскиот претседател, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД сѐ уште немаат донесено конечна одлука за доделување лиценци на Украина. На 31 јули, коментирајќи ја таа можност, самиот Трамп изјави дека САД „мора да бидат многу внимателни“ во врска со ова прашање. Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала договор за испорака на серија ракети за системите „Патриот“, што е прашање одвоено од прашањето за лиценците за производство.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Патриот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook