МакедонијаОпштина Ѓорче Петров со 10.000 денари ќе субвенционира млади до 25 години за полагање возачки испит – Б категоријаОпштина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.-Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, информираат од локалната самоуправа. Посочуваат дека градоначалникот Александар Стојкоски истакнал дека Општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница. -Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров, велат од Општина Ѓорче Петров и додаваат дека со вакви конкретни чекори продолжуваат да развиваат политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Свет Русија го нападна Киев со дронови, во станбена зграда загина 14-годишно момчеРуски дрон утринава погоди повеќекатна станбена зграда во Киев, при што загина 14-годишно момче, а девет лица беа повредени.Дронот погоди зграда од 16 ката во населбата Печерск, а осум од повредените беа пренесени во болница. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „апсолутно брутален и болен удар, лишен од каква било воена логика“. Тој истакна дека од почетокот на денот биле нападнати осум украински региони. Во регионот на Одеса, едно лице загина во напад врз поштенски терминал, додека во Запорожје беше погодена медицинска установа. Повредени имаше и во регионите Суми и Миколаев, изјави Зеленски. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта неговите сили користеле дронови за да нападнат објекти на украинската одбранбена индустрија, логистички центри и пловни објекти што наводно ги користеле украинските вооружени сили. Тагови: дронови Киев русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче пред француските сенатори: Времето поминува, европската иднина е доведена во прашањеНа денешната средба со делегацијата од Сенатот на Француската Република, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за евроинтегративниот пат на Македонија и за начинот на кој Владата го води процесот. Филипче посочи дека лошито политики на Владата во повеќе клучни области веќе се нотирано и во извештаите на Европската комисија, особено во делот на владеењето на правото, правосудството и медиумскиот плурализам. „Лично многу загрижен за евроинтегративниот пат на земјата и за перформансот кој што оваа Влада го има во изминатиот период во неколку сфери. И тоа е перформанс на кој што забелешки имаат дадено европските институции, влезени се забелешки во репортите на Европската Комисија во неколку важни сфери“, рече Филипче. Тој посочи дека особено загрижува состојбата со владеењето на правото, особено во однос на јавно мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на премиерот. „Во сферата на владеење на правото, сведоци сме на јавна критика што мислам дека е недозволиво од страна на премиерот, повикување на одредени судии, обвинители и така натаму. Понатаму, недоволниот буџет кој што ја оделем за правосудството, сметам дека е тоа нешто што не треба да биде така, поради тоа што соодветното буџетирање со област на европските стандарди е нешто што во оваа, навистина, лоша ситуација со довербата во правосудството кај нас, како еден од чекорите кои што тој систем треба да го зајакнува“, рече Филипче. Во обраќањето, Филипче укажа и на сериозните забелешки постојат во делот на медиумскиот плурализам, за кои Европската комисија веќе нотираше притисоци и проблеми, а дополнителна загриженост предизвикува и влезот на странски медиуми и начинот на кој тие добиваат дозволи за функционирање во земјата. „Притисокот на медиумите, нешто што е исто така нотирано во делот на медија плурализм на страница 4-5 во репортот на Европската Комисија и неколку малформации на кои што сме сведоци изминатиот период. Во нашата земја, околу 40% од медиумите се во сопственост на луѓе близки на поранешниот премиер Виктор Орбан, премиерот на Унгарија. Телевизиска станица, портали и така натаму.Меѓутоа во изминатиот период сме сведоци дека голем притисок и влез на српски медиуми во земјата и тоа на многу, би рекол, незаконски начин, затоа што постојат канали кои што доаѓаат преку српскиот Телеком и кои што имаат незаконски добиена лиценца од страна на независниот регулатор“, рече Филипче. Филипче предупреди дека времето минува и дека Македонија ризикува да остане надвор од процесите што веќе се отвораат за други земји. „Ако оваа влада обезбеди подобри услови во преговорите или гаранција дека во иднина нема да бидеме повторно блокирани на евроинтегративниот пат, ние тоа ќе го поддржиме. Но се поставува прашањето што доколку нема и не се обезбедат гаранции, и докога ќе се обидуваат да се обезбедат некакви гаранции, затоа што времето поминува“,рече Филипче. Скопје, 25.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомвриМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите во работењето. Во СВР Охрид, посебен акцент беше ставен на завршните подготовки на командниот центар, неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Секторот. На средбата беше констатирано дека активностите се во завршна фаза и дека системот треба да започне со примена од 12 октомври. „Во завршна фаза сме со уредувањето на командниот центар во СВР Охрид, кој е неопходен за да започнеме со практична примена на ‘Безбеден град’. Начелно се договоривме со раководството дека ќе бидеме подготвени системот да започне со примена од 12 октомври на целата територија на СВР Охрид. Тоа значи дека ‘Безбеден град’ го прошируваме и на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во следните две недели треба да ги завршиме преостанатите активности за овој паметен систем целосно да го ставиме во функција“, истакна министерот Тошковски. Во рамки на посетата се разговараше и за состојбите и резултатите во борбата против криминалот и корупцијата, спречувањето на нелегалната трговија и дистрибуцијата на дрога, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот. При посетата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, министерот информираше и за значаен исчекор во соработката со ФРОНТЕКС. Договорено е активностите што досега се спроведуваат на јужната граница да бидат проширени и кон западната граница, при што почетокот на заедничките активности се очекува на почетокот на идната година. „За првпат е договорено ФРОНТЕКС, во рамки на соработката што ја имаме со Европската Унија, своите активности да ги насочи и кон западната граница, а не само кон јужната како досега. Очекуваме заедничките активности да започнат на почетокот на идната година, со што ќе обезбедиме дополнителни капацитети и подобра контрола на западната граница, пред сè кон Република Албанија“, потенцираше Тошковски. Министерот нагласи дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на полициското работење, зајакнување на граничната безбедност и унапредување на капацитетите на полициските служби, со цел поефикасно справување со безбедносните предизвици и поголема безбедност на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook