3Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров по прв пат доделува субвенции за набавка на клима уреду и топлотни пумпиПраво на аплицирање имаат сите жители на територијата на Општина Ѓорче Петров .Во насока на промовирање на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, Општина Ѓорче Петров за прв пат распишува јавен повик за доделување субвенции за граѓаните кои набавиле клима уред или топлотна пумпа за затоплување на своите домаќинства. Право на аплицирање имаат сите жители на територијата на Општина Ѓорче Петров кои: имаат пријавено живеалиште на подрачјето на општината; набавиле клима уред или топлотна пумпа во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година; не се приклучени и немаат можност за приклучок на централно градско греење; претходно користеле печка на дрва, јаглен, нафта или мазут и се согласуваат да ја предадат на Општината; не користеле претходно субвенции за набавка на пелет печка или инвертер. Општината субвенционира: до 50% или максимум 15.000 денари за клима уред; до 10% или максимум 21.000 денари за топлотна пумпа. Дополнително, данокот на личен доход кој произлегува од исплатената субвенција ќе биде покриен од страна на Општината. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во својата објава на социјалните мрежи истакна дека оваа мерка е дел од општинската програма за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот. „Со оваа поддршка, ги стимулираме граѓаните да се ослободат од штетните и застарени начини на затоплување како што се печките на дрва, мазут и јаглен, и да преминат кон поеколошки и економични решенија,“ нагласи Стојкоски. Документацијата се поднесува во затворен плик во архивата на Општина Ѓорче Петров, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот. Повикот ќе биде отворен до 30.06.2025 година, односно до исцрпување на предвидените буџетски средства. Пријавите ќе се разгледуваат по редослед на пристигнување, исклучиво доколку документацијата е комплетна. Обрасци и дополнителни информации се достапни на: https://opstinagpetrov.gov.mk/2025/06/16/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b1%d1%80-02-972-5-%d0%be%d0%b4-16-06-2025-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%83%d0%b1%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%80%d0%b0/ www.opstinagpetrov.gov.mk Општина Ѓорче ПетровТагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лицаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба. По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани. „Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter