Општина Ѓорче Петров го одбележа 9 Мај - Денот на победата над фашизмот - Канал 5

Општина Ѓорче Петров го одбележа 9 Мај - Денот на победата над фашизмот

На споменикот на партизаните – симбол на отпорот и жртвата за слобода, со длабока почит и во духот на незаборав, денеска во паркот во Ѓорче Петров беше одбележан 9 Мај – Денот на победа над фашизмот.

Општина Ѓорче Петров го одбележа 9 Мај - Денот на победата над фашизмот

Како што соопштија од Општината, на настанот присуствуваа бројни делегации кои им оддадоа почит на борците за слобода. Делегацијата од Општина Ѓорче Петров ја предводеше градоначалникот Александар Стојкоски кој во своето обраќање истакна дека овој ден не е само историски настан, туку ден на живо сеќавање.

-Ова е и ден кога се потсетуваме на оние кои застанаа против најголемото зло на 20 век и го платија тоа со сопствениот живот, верувајќи во слободата, правдата и достоинството. Пред повеќе од осум децении, нашите предци – храбрите партизани од Народноослободителната борба, со срце полно љубов кон родната земја и со неуморна верба дека Македонија заслужува слободна иднина, ја заокружија вековната борба на македонскиот народ за своја држава - рече градоначалникот, додавајќи дека слободата која ја уживаме денес е резултат на жртва која заслужува длабока почит.

Тој посочи дека денешната борба е различна – таа не се води со оружје, туку со збор, со избор и со одговорност.

-Денешниот непријател можеби не е облечен во униформа, но се крие во обидите за бришење на историска вистина, манипулација со идентитет или заборав на жртвите. Да ја чувате Македонија, додаде, не значи само да ја сакате, туку и да се борите за вистината, за правдата, за чесноста, за достоинството – вредности кои не застаруваат и кои се темел на секое здраво општество, изјави Стојкоски.

Во духот на наследството од НОБ, Стојкоски повика на пренесување на пораките за слобода и храброст на младите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер