3„И Здравје и Работа“- Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите
МакедонијаОпштина Ѓорче П.: Интензивно се гради новата сообраќајна врска меѓу Социјалистичка и СремскиОпштина Ѓорче Петров: Интензивно се гради новата сообраќајна врска меѓу улиците „Социјалистичка Зора“ и „Сремски фронт“.Општина Ѓорче Петров неодамна започна со изградба на нова сообраќајна врска која ќе ги поврзе улиците „Социјалистичка Зора“ и „Сремски фронт“, со што, како што информира општинската прес-служба, значително ќе се подобри локалната инфраструктура и ќе се олесни пристапот до главната улица „Ѓорче Петров“ – важна сообраќајна артерија која води кон скопската обиколница и западниот дел на Република Македонија. Градоначалникот Александар Стојкоски при увид во текот на градежните активности изјави дека овој зафат претставува значаен чекор напред за општината. - Не само што го олеснуваме секојдневниот живот на граѓаните, туку вложуваме во побезбеден, поквалитетен и пофункционален урбан развој, рече Стојкоски. Проектот е финансиран со 8.835.966 денари, доделени преку Одлуката за користење капитални дотации на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти во областа на транспортот за 2024 година. Согласно склучениот договор со економскиот оператор, вкупниот износ изнесува 8.879.500 денари, при што разликата ќе биде кофинансирана од страна на Општината. Од општината истакнуваат дека со реализацијата на овој проект ќе се постигне подобро поврзување на локалните улици, намалување на сообраќајната гужва на ул. „Ѓорче Петров“, поголема безбедност и проточност на сообраќајот и подобрување на секојдневното движење на жителите.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен е маж, кој со смрт му се заканувал на Александар ВучиќПрипадници на Министерството за внатрешни работи, Техничка дирекција, Служба за борба против високотехнолошки криминал, го уапсија С.С. (55) од Крагуевац .По наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Министерството за внатрешни работи, Техничка дирекција, Служба за борба против високотехнолошки криминал, го уапсија С.С. (55) од Крагуевац поради постоење основи на сомнение дека објавил објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ во која упатил смртни закани до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, објави Телеграф. Осомничениот се товари за кривично дело Загрозување на безбедноста. Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа, во кој рок ќе биде приведен на сослушување.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаВечерва две мултимедијални изложби во Музејот на Град СкопјеВечерва во рамки на одбележувањето на 63 годишнината од земјотресот во Музејот на Град Скопје беа отворени две мултимедијални изложби ...Во Градскиот парк кај фонтаната Лотус, вечерва со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт „Скопје радост моја“, со легендарните шлагери на Драган Мијалковски. Во Музејот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја отвори изложбата „63 години -скопје -63-та“, а по неа вечерва беше отворена и изложбата „Архив на тага Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажаччките обреди по земјотресот како и на промоција на дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„И Здравје и Работа“- Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите„И Здравје и Работа“ е локална иницијатива од југоисточниот регион која се залага за економски развој на регионот преку почитување на највисоките еколошки стандарди и заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник на стравови, шпекулации и дезинформации, наместо на научни факти, современи технологии и институционални процедури. Денес, современото рударство нема ништо заедничко со практиките од минатото. Технологиите што се применуваат во најразвиените земји овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и значително ги намалуваат потенцијалните ризици. Проектот „Иловица–Штука“ предвидува примена на технологијата Dry Stack Tailings – суво одлагање на јаловината, која е препознаена како едно од најсовремените решенија во рударската индустрија. Тоа значи дека не е предвидено класично хидројаловиште со брана, туку филтрирана јаловина со минимална содржина на вода, со што се намалуваат ризиците поврзани со складирањето на рударскиот отпад. Покрај тоа, проектот предвидува системи за управување, контрола и мониторинг на површинските и подземните води, како и мерки за нивна заштита во согласност со законските барања и еколошките стандарди. Токму затоа, доколку проектот ги исполни сите пропишани услови и ги добие потребните одобренија од надлежните институции, нема основ однапред да се отфрла неговата реализација. Сметаме дека никој нема право да ја игнорира науката, мислењето на стручната јавност и законските процедури само затоа што тоа одговара на однапред создадени ставови. Одлуките за инвестиции од вакво значење мора да се носат врз основа на докази, стручни анализи и институционални проценки, а не под притисок на дезинформации или политички калкулации. Во време кога Европа обезбедува сопствени извори на критични минерали, а соседните држави отвораат нови можности за инвестиции и развој, Македонија не смее да си дозволи да остане настрана поради неосновани стравови. Нашата држава има потреба од нови инвестиции, добро платени работни места и развојни проекти кои ќе создадат перспектива за младите луѓе. Секоја одлука што би значела отфрлање на ваков проект без да се темели на законските процедури, стручните анализи и научните докази, би била спротивна на долгорочниот интерес на државата и на граѓаните кои очекуваат економски развој, повисок животен стандард, нови можности за вработување и услови својата иднина да ја градат дома, а не надвор од Македонија. Затоа ја повикуваме Владата да не ја пропушти можноста Македонија да стане дел од европскиот синџир за снабдување со критични минерали, кои денес се од стратешко значење за економијата, енергетската транзиција и индустрискиот развој на Европа. Веруваме дека институциите имаат обврска да донесуваат одлуки врз основа на законите, научните докази и стручните проценки, а не под влијание на дезинформации или неосновани стравови. Доколку проектот ги исполни сите законски, технички и еколошки услови, неговата реализација треба да биде поддржана како инвестиција од национален интерес. Тоа би значело нови работни места, поголеми приходи за локалната економија, подобар животен стандард и реална можност повеќе млади луѓе да ја гледаат својата иднина во Македонија, наместо надвор од неа. Во спротивно, ризикуваме повторно да ја пропуштиме шансата за значајна инвестиција и економски развој, додека другите земји во регионот ги користат своите природни ресурси за да создадат нови можности за своите граѓани. Соопштение на „И Здравје и Работа“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook