Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаОпштина Гази Баба одбележа 48 години постоењеЗа да може да се направи разлика и да се даде оценка на времето кое е сега зад нас, потребно е да се вратиме на почетокот во 2021 година кога го добив мандатот за градоначалник.По повод 3 Ноември, Денот на општина Гази Баба се оддржа свечена академија на која се обрати градоначалникот Бобан Стефковски, кој обраќајќи се пред присутните, се осврнал на постигнатите резултати во изминатите три години од неговиот мандат, како и за плановите за престојната година. -За да може да се направи разлика и да се даде оценка на времето кое е сега зад нас, потребно е да се вратиме на почетокот во 2021 година кога го добив мандатот за градоначалник. Во моето обраќање на одбележувањето на денот на општината во 2021 година најавив нов почеток за Гази Баба базиран на четири постулати- да нема населено место во Општина Гази Баба без чиста вода за пиење, даа изградиме нови училишни спортски сали и нова училишна зграда за општинското основно училиште Крсте Мисирков, да изградиме детски градинки за дечињата од Инџиково, Керамидница, Трубарево и Сингелиќ и да изградиме спортски терени и детски катчиња во сите населени места, рекол градоначалникот на Општина Гази Баба. Според него, најдобриот начин да се предвиди иднината е неа да сами да ја креираме. - Пред три години кога ги поставив овие четири постулати, одлучив на себе да го превземам товарот за конечно да ги решиме децениските проблеми и да отвориме едно ново подглавје за нашата Гази Баба, истакнал Стефковски. Осврнувајќи се на состојбата денес, после три години од неговиот мандат градоначалникот Стефковски ги образложил реализираните проекти во секој од четирите постулати зад кој застанал во првата година од својот мандат. -Заклучокот е едноставен, пред три години зборував за постулати, а вечерва зборувам за дела. Покажавме дека само со одговорна, чесна и посветена работа можат да се создадат дела, заклучил градоначалникот Стефковски. Како што информираат од Општина Гази Баба, на свечената академија биле доделени плакети за успешна соработка во 2024 година со општествено одговорни компании и организации на Алкалоид, Пивара, Макстил, Виталиа, МакАутостар, Државна Лотарија на Македонија, Либерти, СОС Детско село, Црвен крст Гази Баба, Здружение за промоција на мото културата Гардијан Енџелс, Општинскиот сојуз за училишен спорт на Гази Баба и Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија. Дополнително за афирмација на општината, плакета добиле и Гоце Саздов во областа на фолклорот и културата и 12 годишниот Никола Петровски кој во период од 2019 до 2022 година бил државен првак во шах, а веќе следната недела заминува на светско првенство во Италија. На свечената академија присуствувале пратениците во македонското собрание Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Бојан Стојановски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заменикот министер во социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, заменикот министер за локална самоуправа Ерџан Селими, градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, директорот на ЈПДП Коце Трајановски и многу други гости. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКетрин Зета-Џонс: Бракот со Даглас ќе пропаднеше ако престаневме да работимеКетрин Зета Џонс (56) откри дека нејзиниот брак со Мајкл Даглас (81) е успешен веќе 26 години. Клучот, тврди, е што времето го поминуваат одделно, посветено на кариерата. Холивудската двојка се заљубила пред речиси три децении, а Даглас наводно и рекол на првата средба: „Јас ќе бидам татко на твоите деца“. Двојката која има две деца Дилан (26) и Керис (23) исто така помина низ тешки времиња. Тие накратко се разделија во 2013 година, кога на Даглас му беше дијагностициран рак на грлото, а Зета-Џонс се справуваше со биполарно растројство. Набрзо се смириле, а актерката за „The Sunday Times Culture“ објаснила како опстанала нивната врска. „Мајкл ми вели: „Прифати ја работата, супер е“. Потоа може да лета и да ме посети. Многу е подобро отколку да се разбудите со прашањето: „Што сакаш за појадок, душо?“ Мислам дека нашиот брак немаше да опстане ако изгледаше така“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) Посветеност на работата и семејниот живот Додека Даглас се повлече од актерството во 2022 година по речиси 60-годишна кариера и рече дека ќе се врати само за „специјална“ улога, Зета-Џонс продолжува да работи. По успехот на серијата на Нетфликс „ Wednesday“, нејзиниот следен проект е главната улога во серијата „Kill Jackie“. Кога не снимаат, парот живее во Њујорк, каде што се преселиле откако живееле на Бермуди десет години. Нивните деца, Дилан и Керис, исто така градат актерска кариера по завршувањето на факултетот. „Тие се обидуваат. Мора да ја следите вашата страст“, рече Зета-Џонс. View this post on Instagram A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) Театарско деби на ќерката Керис Керис, која дипломираше на Универзитетот Браун минатата година, дебитираше во театарот во Њујорк во јули. Таа глумеше во претставата на Чехов „Галеб“, која беше одиграна на крајот на јуни во Бруклин, а видеото од нејзиниот настап стана вирално на социјалните мрежи. Семејна пријателка потврди дека нејзините родители се „многу горди“ на нејзиниот успех. Самата Керис зборуваше за списанието „People“ за нејзината желба да продолжи да глуми. „Пораснав во театар. Не студирав глума, но среќна сум што сум во креативна средина и се надевам дека ќе продолжам по тој пат“, вели таа. Во 2018 година, таа го опиша растењето со познати родители за „Town & Country“: „Ме држат приземјена и ме потсетуваат: „Погледни околу себе. Животот што го имаш е извонреден“. Извор: Индекс.хрТагови: Кетрин Зета-Џонс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОбјавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есенЕвропа нуди долга и разновидна есен, со пејзажи кои се движат од планински долини и шуми до лозја, од кои сите добиваат препознатливи сезонски бои.Европа може да биде навистина убава за време на есента, па затоа е објавена листа од десет европски дестинации во кои навистина може да се ужива по летото. 10 европски дестинации за посета за време на есента: 1. Езерото Блед, Словенија 2. Баварските Алпи, Германија 3. Езерскиот округ, Англија 4. Трансилванија, Романија 5. Пертшир, Шкотска 6. Доломити, Италија 7. Долина на Лоара, Франција 8. Лапонија, Финска 9. Долина Дуро, Португалија 10. Национален парк Плитвички Езера, Хрватска Извор: Индекс.хрТагови: Европа есен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБрод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнатИндија соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато по нападот врз брод во близина на оманскиот брег во Ормузскиот теснец.Осудувајќи го нападот врз трговскиот брод МТ Ел Гаја, индиското министерство за надворешни работи соопшти дека 14 индиски членови на екипажот биле на бродот во времето на нападот, а еден сè уште се води како исчезнат. „Нашата амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и проактивно се координира со оманските власти во тековната операција за пребарување и спасување. Им благодариме на оманските власти за нивната поддршка во спасувањето на нашите државјани“, соопшти министерството. Повикувајќи на „итна деескалација и дијалог и дипломатија за да се донесе мир во регионот“, Њу Делхи рече дека „таргетирањето на трговските бродови, морнарите, цивилите и цивилната инфраструктура во регионот е неприфатливо“. Ситуацијата во теснецот не се смирува „Исто така, повикуваме на итно враќање на слободната и безбедна пловидба и протокот на трговија преку меѓународните водни патишта во регионот“, соопшти министерството. Британскиот орган за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти рано во неделата дека брод што минувал низ Ормускиот теснец бил погоден од неидентификувана муниција. Во соопштението објавено на интернет се вели дека нема достапни информации за состојбата на екипажот, обемот на штетата или потенцијалното влијание на бродот врз околната средина. Поморскиот орган соопшти дека е во тек истрага и им советува на бродовите да продолжат да пловат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност. Сообраќајот низ критичниот Ормуски теснец останува далеку под нивоата забележани пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари оваа година, поради тековните безбедносни ризици и нападите врз трговски бродови што минуваат низ регионалните води. Извор: Индекс.хрТагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter