МакедонијаОпштина Центар на последен буџетски форум со граѓаните го креира буџетот за 2024 годинаВо Општина Центар синоќа со низа предлози, сугестии и конструктивна дискусија на граѓаните и општинската администрација заврши последната сесија на буџетскиот форум за креирање на буџетот за наредната 2024 година. На финалната буџетска сесија имаше предлози и од областа на образованието, како што се дигитализација на училиштата, отворање научно-компјутерски центар, промоција и наградување на училишниот спорт, а се расправаше и за горливите проблеми, како што се паркирањето, бучавата од клубовите, узурпирањето на јавниот простор од страна на дуќаните и кафулињата. Воедно граѓаните, како што соопшти Општина Центар, побараа решение за затворање на улица „Боемска“ и урбанизирање на делот зад Градежниот и Архитектонскиот факултет за да се добие побезбеден пристап на децата до Основното училиште „Коле Неделковски“. Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека интензивно се работи за надминување на овој проблем и најави уривање на бараката зад факултетот како дел од новото сообраќајно решение. -Остваривме средби со деканите на Градежниот и на Архитектонскиот факултет, како и со ректорката на УКИМ за да изнајдеме решение. Се согласивме дека треба да се искористи просторот зад факултетот, да се отстрани бараката и да се направи свртница која ќе биде функционална, најави Герасимовски. Локалната самоуправа го поддржа и предлогот на граѓаните од претходната буџетска сесија одржана во ноември за хортикултурно и партерно уредување на населбата Капиштец, за што веќе се обезбедени 25 милиони денари. -Овој проект на потегот од паркингот „Зебра“ до паркот „Капиштец“ ќе ја разубави населбата со ново зеленило, осветлување и со ново партерно уредување. Општина Центар и Капиштец го заслужуваат тоа, потенцира Герасимовски. Од Општина Центар нагласуваат дека преку редовните буџетски форуми, транспарентно и отчетно ги дефинираат приоритетите и проектите за поквалитетен живот на граѓаните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“ Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка. Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога. Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените. Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНајчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинакуКонцептот Фиат Мултиплеј го најавува враќањето на името Мултипла во сосема нова форма.Фиат подготвува необичен концепт за Саемот за автомобили во Париз – Мултиплеј, модел кој се потпира на наследството на два различни автомобили со името Мултипла, но носи сосема поинаква каросерија. За разлика од претходните модели, новиот Мултиплеј не е миниван. Фиат го опишува како комбинација од теренец и пикап, со отворен товарен простор и флексибилен ентериер. Теренец и пикап во едно Идејата е дека конфигурацијата на возилото може да се промени само со неколку движења, благодарение на посебен механизам. Така, Мултиплеј би можел да понуди практичност на отворен товарен простор кога е потребно, но и удобност на теренец за секојдневно возење. Фиат го опишува возилото како „нов концепт за мобилност“, со фокус на пристапност, флексибилност и практичност. Иако во моментов е концепт, Фиат не го крие фактот дека Мултиплеј би можел да послужи како основа за иден производствен модел. Компанијата вели дека би можела да создаде нова категорија возила и да ја прошири својата понуда за прифатливи семејни возила. Доколку производството навистина се одвива, се очекува да се користи платформата Смарт Кар на Стелантис, која поддржува бензински, благ хибрид и целосно електрични погонски склопови. Враќање на името Мултипла Првиот Фиат 600 Мултипла беше претставен во средината на 1950-тите. Беше долг околу 3,5 метри, имаше три реда седишта и можеше да смести шест патници. Името беше повторно користено кон крајот на 1990-тите. Фиат Мултипла од 1998 година стана познат по својот многу необичен дизајн и двојни фарови, но во исто време нудеше простор за шест патници во два реда седишта. Должината на овој модел беше компактна 399,4 см. Новиот Мултиплеј сега можеше да ја комбинира практичноста на тие модели со модерен концепт на теренец/пикап. Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата во Париз. Извор: Б92Тагови: Мултипла фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари! Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем.Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните производи. Тој остави цените да подивеат. Горивото стигна до плафон, над 100 денари. Со него лебот, млекото, превозот. Потрошувачката кошница со вклучена кирија отиде кон 95.000. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, а откупот паѓа. Цените се покачија затоа што не се реагира навреме. Сега, тоа што на сила ги симнува, пак го плаќаат граѓаните. Разликата се покрива со ново задолжување. Државата се задолжува. Сметката повторно доаѓа за наплата. Цените нема да паднат затоа што тој ја спуштил цената на горивото. Граѓанинот е во загуба двапати: поскап живот, плус враќање на кредитот со камата. Така изгледа економската политика на арамијата Мицкоски. Од шупливо во празно. Исто како дипломатијата. Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа: буџетот веќе е пократок за 7 до 8 милијарди денари. Па дупката ќе ја крпи со нов план и со нов кредит. Поевтинувањето на бензинот е цената што граѓанинот ја плаќа двапати. Што вели Европа, не кабинетот на арамијата. Просечниот дизел во ЕУ на крајот на септември е 2,24 евра за литар. Бензинот 2,10. Рекорд од 2005. Од Февруари дизелот во Унијата е зголемен околу 35 до 40 отсто. Експерти на ЕЦБ: маржата на дизелот го достигнува врвот во Октомври. БНП Париба: во четвртиот квартал дизелот веројатно продолжува да расте. Европа ги отвора резервите затоа што има притисок, не затоа што поевтинува. Кај нас последната одлука на РКЕ, 28 септември: дизел минус 4,5 денари, на 100 денари. Бензин 95 остана 100 денари, додека бензин 98 отиде на 102 денари. Дел од тоа е поради намалениот ДДВ до 12 Октомври и намалената акциза. Тоа не е тренд на намалување. Туку е даночна крпеница. Ако следната недела падне за еден денар, тоа не е победа. Тоа е една котација. Зимата доаѓа. Истата логика за струјата. Вели: бара начин цената да не порасне. Исходот го знаеме. Македонија увезува. А увозот го сака истиот круг на луѓе како и за броилата на ЕВН - Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска. Разликата ја покрива со кредит. Граѓанинот не го гледа веднаш трошокот. Го плаќа со камати. И броилата. ИНРМ денеска: задолжителната замена кај сите домаќинства е штетна. Трошокот за набавка, монтажа и одржување паѓа на товар на мрежарината или на буџетот. Член 185 од Законот за енергетика веќе дефинира неточно мерење: претпоставена потрошувачка, усогласување на три месеци. Прво закон. Потоа нов трошок. Инженерите не се против нова технологија кај производителите и во заедницата. Тие се против данокот над секое домаќинство. Арамијата не го интересира дали ќе се вградат по закон. Го интересира дека се купени. Провизијата е земена. Паметни се броилата. За касата на арамијата. Да ги послушаше мерките на СДСМ на почетокот, основните производи немаше да поскапат вака. Кошницата немаше да порасне вака. Земјоделецот ќе имаше поевтино гориво. Куповната моќ ќе беше поголема. Но не. Имаше бајка за трета економија во Европа. Сега пак најавува. Народот веќе знае што следи по неговата најава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter