Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова река - Канал 5

Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова река

По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче.

Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова река

Општина Аеродром ги повикува жителите што имаат имот во поплавеното подрачје каде имаше излевање на Маркова Река, да ги пријават материјалните штети со поднесување пополнет образец во Архивата на Општината или во Урбаната заедница во Горно Лисиче, секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот. Рокот за пријавување е 10 дена од излевањето на реката.

-По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче. Веднаш по излевањето беше ангажирана механизација што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување. В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, веднаш стапи во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), МВР и АД Водостопанство, чии претставници излегоа на терен и ги презедоа сите неопходни мерки за превенција со цел да се спречи поплавување на домовите што се наоѓаат во близина на текот на реката во Горно Лисиче. Екипите се постојано на терен и ја следат ситуацијата, информираат од Општина Аеродром.

Според информациите од терен, додаваат, нема нанесени штети на куќи, но се поплавени неколку магацини и земјоделски објекти, како и дел од полето во Горно Лисиче.

-Оттука, Општина Аеродром ги повикува жителите што имаат имот во поплавеното подрачје да ги пријават материјалните штети со поднесување пополнет образец во Архивата на Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче, секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот. Рокот за поднесување на пријавите трае десет работни дена од денот на излевањето на Маркова Река што се случи на 1 април (вторник), односно повикот ќе трае заклучно со 14 април (понеделник), велат од Општина Аеродром.

Образецот може да се најде на линкот , како и во Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче. Покрај пополнување на ова барање, подносителите треба да достават важечки документ за идентификација, доказ за сопственост (копија од имотен лист), како и фотографии од локацијата по претрпената штета.

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило.

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 26.04,2025 во 03.25 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека возилото го управувал под активна забрана за управуање на моторно возило од „Б“ категорија.

А.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Коалицијата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е во постојани кавги и целосно нефункционална.

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада

Наместо да работат за интересите на граѓаните, тие се занимаваат со меѓусебни пресметки, блокади и партиски калкулации.

Додека владата на ДПМНЕ тоне во расправии и нема капацитет за реализација на проекти и политики од интерес на граѓаните, државата стои!

Економијата е закочена и во постојан пад, институциите се нефункционални, Владата на ДПМНЕ не може ниту да исплати плати на време, ништо не функционира како што треба.

Очигледно е – на партиите од власта не им е гајле за стандардот, за животот, за иднината на граѓаните. Единствено што им е важно се државните фотелји, личните интереси и тендерите.

Со оваа неспособна, незаинтересирана и раскарана влада на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Македонија нема напредок.

СДСМ

притисни ентер