Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
1Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
ЖивотОпра ќе донира 12 милиони долари за борба против Ковид-19Американската телевизиска водителка Опра Винфри објави дека ќе донира 12 милиони долари во неколку американски градови кои не се во состојба да пружат адекватни услуги во борба против пандемијата на Ковид-19.Винфри соопшти дека од нејзиниот фонд за борба против коронавирус пари ќе донира во Чикако, Балтимор, Нашвил, Тенеси, Милвоки и Косциускоѓ Таа изјави како верува дека овој вирус нема на иусчезне во скоро време. „Дури и ако вирусот исчезне, на луѓето кои моментално не работат со месеци и понатаму ќе им биде потребна поддршка“, рекла телевизиската водителка. Пет милиони долари ќе бидат донирани во дом за стари лица во Чикаго, два милиони во организација која во Нешвил дели храна за 10.000 луѓе, а остатокот ќе биде дониран на невладини организации кои помагаат на они кои не добиваат доволно услуги во некои градови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаАндоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформацијаМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на денешната панел-дискусија во рамки на настанот на Светска банка за претставување на новиот Извештај за раст и работни места во Македонија, кој се одржа во Скопје. Настанот го отвори претседателот на Владата, Проф. д-р Христијан Мицкоски, а во фокусот на обраќањето на Андоновски беа дигитализацијата на услугите, поддршката за дигитална трансформација на компаниите и потребата од поактивно користење на достапните дигитални решенија. Андоновски истакна дека напредокот во дигитализацијата треба да се мери и преку реалната примена на услугите и придобивките што тие ги носат за граѓаните и стопанството. „На Националниот портал за електронски услуги го зголемивме бројот од 120 на 360 електронски услуги, а на Платформата за интероперабилност, која овозможува меѓусебна комуникација и размена на податоци, од околу 60 стигнавме до 95 поврзани институции. За компаниите дигитализиравме десетина од најкористените услуги, кои самите ги посочија како потребни, меѓу кои потврдите за неосудуваност на правни лица и различни изводи“, посочи Андоновски. Министерот нагласи дека паралелно со зголемувањето на понудата на електронски услуги, потребно е да се работи и на нивното пошироко прифаќање. Како пример ги наведе услугите поврзани со извозот на вино и тутун од Државниот инспекторат за земјоделство, кај кои, и покрај значителното скратување на времето преку дигиталната постапка, дел од компаниите сè уште избираат да ги користат шалтерите. „И кога ќе дигитализираме услуга која од 10 до 20 пати го скратува времето потребно за одредена компанија, таа повторно одбира да користи шалтер. Главната поента е да креираме екосистем кој ги користи услугите“, истакна Андоновски. Дополнително, Андоновски ја нагласи поддршката за бизнис-секторот преку двата дигитални иновациски хаба, ИНО-ФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК, предводени од ФЕИТ и ФИНКИ. Преку кофинансирање од државата и Европската Унија, овие конзорциуми им овозможуваат на компаниите бесплатна поддршка за изработка на патокази за дигитализација, анализа на нивните потреби и тестирање на можни решенија. „Целта е фирмите да знаат што им е потребно за да се дигитализираат. Овие услуги се достапни бесплатно и имаат простор за поголема искористеност. Мораме заедно да го чекориме овој пат, државата, граѓаните и компаниите“, порача министерот. Андоновски информираше и дека се работи на софтверот САМИС за распределување на државната помош, кој треба да овозможи поголема транспарентност и следливост на поддршката. „Веќе работиме на софтвер за распределување на државната помош, САМИС, за транспарентно да знаеме каде оди државната помош, како се добива, за што служи и како се известува за неа“, истакна Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГувернерот на Калифорнија за изјавата на Трамп: Тој е пореметенГувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп, откако тој за време на предизборен митинг во Небраска сугерираше дека Иран би можел да ги „уништи“ Лос Анџелес и Сан Диего. „Тоа е мала цена што треба да се плати за да се зачува безбедноста на светот и на нашата земја. Тие можат да уништат еден град. Нека го уништат Лос Анџелес. Нека го уништат Сан Диего“, рече Трамп. Присутните на собирот аплаудираа по неговите зборови. „Откако ги испрати Националната гарда и Маринците да ја окупираат Калифорнија, Доналд Трамп сега вели дека нашите странски непријатели треба да ги ‚уништат‘ Лос Анџелес и Сан Дијего. Тој е пореметен и опасен“, напиша Њусом. Покрај тоа што е втор град по број на жители во САД, Лос Анџелес е седиште на Командата за вселенски системи при Вселенските сили на САД. Градот е исто така дом на компании од областа на воздухопловството и вселенската индустрија, како што се „Локхид Мартин“ (Lockheed Martin), „Боинг“ (Boeing) и „Нортроп Груман“ (Northrop Grumman), како и на федерални истражувачки центри, меѓу кои и корпорацијата „РАНД“ (RAND Corporation). Trump: The war will end very quickly, and prices are going to come down very sharply. You might say, "Please, please, sir, it's going down too fast!" https://t.co/BGc8eXFE7D — Clash Report (@clashreport) October 5, 2026 „Улогата на претседателот е да ја штити земјата, а не активно да ѝ се заканува и да поттикнува напади врз животите на Американците“, напиша на платформата „Икс“ (X) градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас. Сан Дијего, осмиот по големина град во САД, располага со големи воени објекти во самиот град и во неговата околина, вклучувајќи ги: Поморската база Сан Дијего – матично пристаниште на Пацифичката флота на САД; базата на Корпусот на маринци „Кемп Пендлтон“, каде што престојуваат 70.000 цивили и активен воен персонал; и Поморската амфибиска база „Коронадо“ – главниот центар за обука на специјалните единици „Navy SEALs“ на западниот брег. „Сан Дијего не е колатерална штета, ние не сме потрошен материјал и никогаш не сме биле ’мала цена што треба да се плати‘. Држете го нашиот град подалеку од вашите непромислени закани за војна“, напиша градоначалникот на Сан Дијего, Тод Глорија, на платформата X.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЗдравјеФЗОМ ги скрати боледувањата кај матичен од седум на пет дена.Од седум на пет дена ќе трае боледувањето од матичен доктор, доколку здравствената состојба не се подоборува тогаш пациентот ќе биде упатен на дополнителни испитувања.Од седум на пет дена ќе трае боледувањето од матичен доктор, доколку здравствената состојба не се подоборува тогаш пациентот ќе биде упатен на дополнителни испитувања, а до 15 дена матичниот доктор ќе може да даде боледување, ова се новите измени што денеска ги донесе управниот одбор на ФЗОМ. По 15 дена, предлогот за привремена спреченост за работа матичниот лекар ќе го доставува електронски, наместо рачно. Се прошируваат случаите во кои боледувањето ќе може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, особено кај тешко болни, неподвижни и тешко подвижни лица, лица на болничко лекување, како и во други оправдани случаи. Кај хроничните заболувања ќе може да се користат постојните дијагностички наоди, доколку се во предвидениот период на важност, без непотребно повторување на истите испитувања. кај определени тешки заболувања се предвидуваат исклучоци од обврската за конзилијарно мислење кај боледувањата подолги од 60 дена, велат од ФЗОМ. . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08