Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
2 Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
Шоу бизОпра и „Карпата“ ветија директна исплата за настраданите во пожарите на Хаваи Двејн „Карпата“ Џонсон и Опра Винфри основаа фонд за да вршат директни уплаќања за да им помогнат на Хавајците кои ги загубија своите домови во шумските пожари на островот Мауи.Јавниот фонд Мауи има за цел да врши месечни исплати од 1.200 долари за илјадници жртви на шумските пожари што го зафатија островот овој месец. Двете познати личности донираа 10 милиони долари за започнување на собирањето средства и бараат дополнителни донации од јавноста. Официјалниот број на загинати е 115, но многумина се водат како исчезнати три недели подоцна. Парите ќе одат за возрасни лица, чии домови беа уништени од пожарите во Лахаина и Кула на Мауи. Помош ќе добиваат сопствениците и изнајмувачите на станови, но не и сопствениците кои не живеат во зградите што се уништени. „Луѓето ќе можат сами да одлучуваат за тоа што им е потребно на нив и на нивните семејства - тоа е нашата цел“, рече Винфри во видеото со Рок објавено на Инстаграм. „Дури и во најтешките времиња, луѓето од Мауи се здружуваат и ние се креваме - тоа е она што нè прави посилни“, рече The Rock. Винфри повремено живее во Мауи, а Рок како дете живеел на Хаваи и има делумно самоанско потекло.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMSМинистерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан. Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски силиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, објави на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави. Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник. Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери. Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook