Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација
2Божиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
2Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
БалканОпозицијата во Белград на протест бара нови избори, Вучиќ им одговори (ВИДЕО)Српската опозициска коалиција „Србија против насилство“ вечерва побара поништување на изборите на сите нивоа поради наводни бројни нерегуларности и злоупотреби.На предвремените парламентарни избори во неделата, убедливо победи владејачката Српска напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ. Изборната комисија во понеделникот ја потврди победата на СНС со 46,84 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција на левиот центар „Србија против насилство“ освои 23,38 отсто. На изборите во Белград, кои се одржаа паралелно со парламентарните, листата собрана околу СНС доби нешто повеќе од 38 отсто од гласовите, а „Србија против насилство“ околу 35 отсто, покажуваат изборните проекции. Опозицијата тврди дека е украдена волјата на граѓаните, пред сѐ во главниот град, а меѓународните набљудувачи оценија дека предизборната кампања, иако тој не беше кандидат, ја одбележа доминацијата на Вучиќ, која заедно со нелојалната конкуренција со пристрасни медиуми и други нерегуларности, придонесоа за нерамномерни изборни услови. Вечерва, кога истекува рокот за поднесување приговори, опозицискиот блок најави дека ќе побара повторување на изборите на сите нивоа и ќе достави докази за малверзации, изборен инженеринг од страна на владејачката партија, носење гласачи од Република Српска и други српски градови за да гласаат во Белград. Вучиќ одговори дека не можат да се помират со изборниот пораз. „Во име на граѓаните на Србија, во името на целиот наш народ, сакам да ви порачам вам, но и на сите во Србија – ќе ја браниме изборната волја на народот и во тоа нема сомнеж“, рече Вучиќ во видео пораката на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Изборната комисија вечерва се прогласи за ненадлежна да ги поништи изборите во Белград, но соопшти дека поради нерегуларности се повторуваат парламентарни избори на 28 избирачки места во дваесет општини каде гласале нешто повеќе од 12.240 гласачи. Повтореното гласање, закажано за 30 декември, не може значително да ги промени изборните резултати. Студентите вечерва се собраа пред комисијата и најавија посилни протести доколку Министерството за државна управа и локална самоуправа не се согласи да го отвори избирачкиот список до понеделник до 12 часот за да се утврди кој гласал на изборите на 17 декември и врз основа на кои прописи и услови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаТинејџерите добиваат свој „ChatGPT“„OpenAI“ објави нова верзија на „ChatGPT“ наменета за корисници на возраст од 13 до 17 години, со посебни безбедносни заштити, родителски контроли и функции за учење.Новата верзија е наменета да биде стандардно искуство за тинејџерите, а системот е развиен во соработка со Универзитетот Стенфорд, со функции кои имаат за цел да ги охрабрат учениците сами да решаваат проблеми, наместо „ChatGPT“ едноставно да им дава готови одговори, објавува „Fox Business“. Меѓу новите функции ќе бидат квизови и потсетници за одговорно користење на „ChatGPT“ при пишување домашни задачи, како и опција што му овозможува на тинејџерот или родителот да постави периоди во кои ќе се активира режимот на учење. Тинејџерите исто така ќе бидат предмет на построги правила во врска со самоповредување, насилство, нарушувања во исхраната, опасни активности и експлицитна сексуална и графичка содржина. За време на почетното поставување, тинејџерите исто така ќе добиваат предупредувања да не објавуваат приватни фотографии или фотографии што содржат чувствителна содржина. Тоа не е сè „OpenAI“ воведува и заштитни мерки против емоционална зависност од „ChatGPT“, така што моделот со вештачка интелигенција нема да користи јазик што сугерира романтични чувства за корисникот, ниту пак ќе тврди дека има лични чувства или свест. Дополнително, „ChatGPT“ нема да се претставува како поважен од семејството, пријателите, наставниците, менторите или другите доверливи луѓе во животот на тинејџерот. Новата верзија ќе има и стандардни поставки што поттикнуваат поздрави модели на користење, вклучително и почести потсетници за пауза. „OpenAI“ исто така ќе им стави до знаење на тинејџерите дека „ChatGPT“ е алатка, а не личност и не е замена за човечките односи. Новите мерки доаѓаат по случаите во кои тинејџерите го користеле „ChatGPT“ за време на сериозни емоционални и психолошки кризи. Извор: Б92Тагови: ChatGPT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаКривична пријава против тројца скопјани за „насилство“ и „изнуда“На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, физички нападнале 28-годишен скопјанец и упатувале закани кон него и неговото семејство.Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, физички нападнале 28-годишен скопјанец и упатувале закани кон него и неговото семејство. По преземени мерки обезбедени се В.А. и Д.А., а против С.С. е распишан централен распис. Исто така, обезбеден е и доказен материјал. В.А. и Д.А. се изнесени пред судија за претходна постапка, кој на В.А. му одреди 30 дена мерка домашен притовр, на Д.А. му се одредени мерки за претпазливост, а на С.С. му е одредена мерка притвор во отсуство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска со државниот секретар на Северна Рајна-Вестфалија Кристијан Вирмер: Размена на искуства за енергетската трансформација Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер.На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна и конкурентна енергетска инфраструктура. Министерката Божиновска говореше за реформите и активностите што ги спроведува Министерството во насока на обезбедување стабилно и сигурно снабдување со енергија, забрзување на енергетската транзиција и усогласување на националната енергетска политика со европските стандарди и политики. Посебен акцент беше ставен на развојот на гасната инфраструктура и регионалното енергетско поврзување, како и на значењето на инфраструктурните проекти што придонесуваат за поголема отпорност и сигурност на енергетскиот систем. На средбата беше разговарано и за искуствата на Северна Рајна-Вестфалија во процесот на енергетска трансформација, имајќи предвид дека станува збор за еден од најзначајните европски индустриски региони, кој паралелно со економскиот развој спроведува процеси на декарбонизација и модернизација на енергетскиот сектор. Во разговорот беше истакнато значењето на размената на знаења, добри практики и искуства, особено во делот на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура и создавањето услови за нови инвестиции. Европската соработка и размената на искуства со развиените европски региони се важен дел од процесот на модернизација на македонскиот енергетски сектор. За Македонија е од особено значење да ги користи искуствата на европските партнери кои веќе поминуваат низ комплексни процеси на енергетска трансформација. На средбата беше оценето дека постојат можности за продлабочување на институционалната соработка и за понатамошна размена на искуства во областите од заеднички интерес, особено во контекст на европската интеграција, енергетската транзиција и зајакнувањето на регионалната енергетска поврзаност. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter