МакедонијаОпожарени два дома во Куманово, граѓаните реагираат на секојдневно палење на смет Опожарени два дома во Куманово, граѓаните реагираат на секојдневно палење на смет на потег од „Стари Лозја“ до влез на „Перо Чичо“.Два семејни дома биле опожарени вчера во Куманово, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите гаселе пожар на запалена кровна конструкција во село Пчиња до 15 часот со една екипа. Во попладневните часови била опожарена куќа во центарот на Куманово на улицата „Пионерска“. На пожарот интервенирале две екипи со шестмина пожарникари. ТППЕ Куманово гаселе пожар и на запалена сува трева на улицата „Народна Револуција“ и во населбата „Средорек“ каде бил запалена сува трева и смет. Кумановци реагираат дека на оваа локација несовесни граѓани постојано палат смет и често има пожари кои ја вознемируваат јавноста и го загадуваат воздухот во попладневните часови. Кумановци бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и го загадуваат воздухот. - Во текот на годината често, во последно време речиси секојдневно интервенираме на таа локација од „Стари Лозја“ до надвозникот пред влезот на населбата „Перо Чичо“, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Според истражувањата изработени во рамки на проект, дефинирани се шест извори на загадување согорувањето на биомаса, сообраќајот, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53
ФудбалБарселона и Челзи во трка за дефанзивец од Јувентус Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ја одреди цената за својот разноврсен дефанзивец Андреа Камбијасо, за кого интерес покажуваат богатите европски великани Барселона и Челзи.Според италијанските медиуми, клубот од Торино нема намера да го пушти за помалку од 30 милиони евра. Според „Скај Спорт Италија“, Барселона во последните денови активно се распрашува за можноста за доведување на Камбијасо. Во исто време, „Калчомеркато.ком“ пишува дека Јувентус е подготвен да ги слушне понудите, но дека нема да го продадат 26-годишниот италијански репрезентативец за помалку од 30 милиони евра. Камбијасо претходно беше поврзуван со Комо и Интер, но Јувентус во моментов не е во напредни преговори со ниту еден од заинтересираните клубови. Камбијасо, кој може да ги покрива двете бековски позиции, има договор со Јувентус до јуни 2029 година. Поранешниот играч на Џенова и Болоња имаше успешна сезона во Јуве , во која одигра 47 натпревари за „бјанконерите“ во сите натпреварувања.Тагови: БАРСЕЛОНА Јувентус Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамкаСоцијалдемократскиот сојуз денеска го одржува 32-иот конгрес, на кој партијата ги дефинира идните политички насоки и приоритети на партијата.. Во фокусот е усвојувањето на нова идеолошка платформа и програмска рамка. Конгресот во Скопје го следи Јана Јосифоска. Јана, што се очекува да произлезе од собирот на социјалдемократите како финален документ? Во видеото погледнете го целиот извештај Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПецовски: Производите од медицински канабис повеќе не се табу тема за граѓанитеСе зголемува интересот за производи базирани на медицински канабис. темата која пред десет години беше табу тема, денес е нашироко позната меѓу граѓаните, вели во интервјуто за Канал 5, Душан Пецовски, генерален директор на „РЕПЛЕК“. Посебно е важно што РЕПЛЕК отвори „КА“ -информативен центар каде што граѓаните може да добијат и бесплатни стручни совети за употребата на производи со медицински канабис.. Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со него. Целиот разговор погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook