ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!
„Разговори за иднината во 12:05“ : Само со вистинско обединување на прогресивната опозиција се менуваат десничарските популисти на балканот!
1ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!
2„Разговори за иднината во 12:05“ : Само со вистинско обединување на прогресивната опозиција се менуваат десничарските популисти на балканот!
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
АвтомобилизамOpenAI му даде отказ на извршиот директор Сем Алтман По разгледување на ситуацијата бордот заклучил дека Алтман преземал неутврдени активности што „ја спречувале неговата можност да ги извршува своите одговорности“, се наведува во соопштение од синоќа. Технолошката компанија OpenAI без предупредување му даде отказ на соосновачот Сем Алтман од функцијата извршен директор под изговор дека тој не бил „постојано искрен во неговите комуникации“, по серија судири за управувањето на компанијата меѓу некои членови на бордот на директори. По разгледување на ситуацијата бордот заклучил дека Алтман преземал неутврдени активности што „ја спречувале неговата можност да ги извршува своите одговорности“, се наведува во соопштение од синоќа. -Бордот нема повеќе доверба во неговите можности да продолжи да го води OрenAI. Oваа компанија лани во ноември ја лансираше ЧатЏи-Пи-Ти, програмата заснована на вештачка интелигенција која може да спроведува комплексни задачи како правење, видео, музика или текст што не се разликуваат од оние создадени од човек. Ова донесе потрес во многу индустрии за опасноста од моќта на вештачката интелигенција и нејзината контрола. Регулаторите на Запад започнаа да размислуваат за контрола и законски решениај за апликациите на оваа програма Во соопштние на Х (поранешен Твитер) доцна синоќа, Грег Брокман, претседател на OpenAI и уште еден соосновач, изјави дека Алтма бил „шокиран и тажен од тоа што бордот го стори денеска“. -Ние исто така се обидуваме да дознаеме што се случило, напиша тој. Брокман си даде оставке веднаш откако OpenAI го најави замнувањето на Алтман. Според Алтман, се работи за борба за власт меѓу некои членови на бордот, вклучувајќи го избршниот научен раководител на компанијата и негов пријател и соосновач, Илја Сутскевер, за прашања како балансот меѓу брзината и безбедноста. Волстрит журнал цитира сегашни и поранешни вработени во OpenAI според кои Сутскевер сѐ повеќе искажувал загриженост за долгорочната безбедност на производите на OpenAI и дека создавал тим за истражување на начините како системите на иднината можат да бидат „порамнети“ со човечките вредности. Промените во компанијата ја шокираа технолошката заедница и се изненадувачки развој за човекот кој стана главно лице на бумот на генеративната вештачка интелигенција. Ова беше изненадување и за Мајкрософт која инвестираше 13 милијарди долари во OpenAI за удел од 49 отсто. Мајкросфт дознал за отпуштањето на Алтман после објавата за тоа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите. Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води до лудо зголемување на цените кои го уриваат стандардот и директно го осиромашуваат народот. За Либерално-демократската партија (ЛДП) и за народот популистичката манипулација е прочитана приказна на оваа влада која докажува дека нема ни знаење ни капацитет да се справи со руинираната куповна моќ на македонскиот граѓанин. Срамота! Ако владата е толку неспособна сама да понуди решение, барем нека ја послуша ЛДП и веднаш да ги усвои итните мерки за заштита: бараме итна имплементација на предлогот на ЛДП за поврат на ДДВ за горивата ексклузивно за македонските граѓани и домашни бизниси, а не за транзитерите и соседите. Крајно време е функционерите да излезат од комфорната зона на своите фотелји и да се прошетаат меѓу народот по градовите, селата, нивите, фабриките, меѓу младите, пензионерите и работниците – да видат дека со овие цени се живее прескапо! И за крај, упатуваме јасна препорака до сите граѓани: искористете го времето и купете гориво уште вечерва пред да стапат на сила новите поскапувања утре, бидејќи оваа власт нема да ви го полни празниот џеб! ЛДП порачува дека не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Разговори за иднината во 12:05“ : Само со вистинско обединување на прогресивната опозиција се менуваат десничарските популисти на балканот!На граѓаните и државјани на Србија им честитаме за високиот одзив за гласање што е уште една потврда колку е важно демократските промени и процеси да бидат рефлексија на слободно изразена волја. По повод одлуките на државјаните, граѓаните на Србија и Бугарија на нивните парламентарни и претседателски избори, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следното: На граѓаните и државјани на Србија им честитаме за високиот одзив за гласање што е уште една потврда колку е важно демократските промени и процеси да бидат рефлексија на слободно изразена волја. Честитки до „Студентската листа“ за својата истрајност, упорност и принципиелност со што ја освоија довербата на големото мнозинство на Српскиот народ и ја добија честа и одговорноста да раководат со Република Србија во наредниот период. Добивме уште еден пример после Унгарија дека граѓаните се уморни од традиционалните политички опции, долгогодишните професионални политичари и корупциски профитери. Затоа се приклонуваат кон автентични политички коалиции на прогресивната демократска јавност. Земајќи предвид дека без малку цели две години во Србија се практикуваше улична демократија која предизвикуваше драматични политички тензии, сега после демократската смена на власта, посакуваме брзо нормализирање на внатрешните состојби кои се предуслов за стабилност во целиот регион. Историски најслабиот одзив во првиот круг на претседателските изборите е ехо на Бугарскиот народ за актуелната политичка понуда. Очекуваме, откако го злоупотреби бегството на Ива Михајлова во својата кампања, Претседателката Илијана Јотова да покаже политичка мудрост и во пресрет на вториот круг да иницира постапка за нејзина брза екстрадиција во Македонија и соочување со правдата. Земајќи предвид дека во моментот кога се потпишуваше фамозниот Договор за добрососедство Јотова беше потпретседателка на Румен Радев, таа има морална одговорност да ја прекине спиралата на непотребни провокации од официјална Софија. Во спротивно, доколку и во кампањата за вториот круг се пласираат радикални ставови со кои драматично се нарушуваат билатералните односи, кандидатите треба да бидат свесни дека со таквиот пристап во Македонија го зголемуваат внатрешниот притисок за преиспитување на Договорот за добрососедство. После вчерашните парламентарни и претседателски избори во Србија и Бугарија, може да го заклучиме дека: Политичката борба за полноправно членство во ЕУ не подразбира безусловна подготвеност на национални отстапки кои не ги одобрува високото мнозинство на Македонскиот народ. Млаките реакции за провокациите на официјална Софија не ја приближуваат Македонија до ЕУ туку го разјадуваат македонското национално ткиво создавајќи внатрешни поделби заради кои речиси е невозможно да се постигне консензус за неопходните внатрешни реформи кои го надминуваат мандатот на една или друга политичка Влада; Политичките процеси кај нашите соседи се повик за исполнување на предизборното ветување за воведување на една изборна единица со отворени листи. Оваа клучна реформа на нашиот политички систем треба да се случи пред следните парламентарни избори; Во Македонија студентите и генерално младите, без разлика на нивната етничка и верска припадност и колку во моментот се потценети од традиционалните партии, поседуваат интегритет и капацитет да бидат значаен фактор во политичките промени; Уште еднаш се потврди дека без вистинско обединување на целокупната опозициска прогресивна демократска јавност е речиси невозможно да се победат десничарските популистички власти на Балканот. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Тагови: РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лагиИзлажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист, што уште крие Филипче од јавноста?Венко Филипче стана препознатлив по спорните изјави, лагите и манипулациите во јавноста. Во изминатиот период на виделина излегоа повеќе лаги. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за анкетите, за златната виза, лажно си го вакцинираше внучето и еден куп други лаги. На лагите на Филипче им нема крај. Венко Филипче мора да одговори на јавноста, зошто зборува за автомобил од 6.000 евра, кога во анкетниот лист се наведени други возила? Филипче зборува за автомобил од 6.000 евра, но во анкетниот лист, според достапните наводи, се пријавени две моторни возила, „мерцедес“ во вредност од околу 44.000 евра, како и мотор вреден околу 25.000 евра. Тогаш, каде е автомобилот од 6.000 евра? Дали станува збор за друго возило? Дали има разлика меѓу јавно кажаното и пријавениот имот? Има ли дополнителни информации што Филипче треба да ги соопшти за да се расчистат сите дилеми? Кај Филипче и СДС нема транспарентност и одговорност има само лаги и манипулации. Филипче треба јавно да објасни што точно поседува, дали целиот имот е уредно пријавен и на што се темелат неговите изјави за вредноста на возилото. Ако се е чисто, документите и фактите треба да го потврдат тоа. Ако постојат разлики, јавноста заслужува јасно објаснување. За хронични лажговци и манипулатори нема место во политиката. Граѓаните очекуваат работа, дела и конкретни резултати, а не политичари како Филипче кои на секој втор збор лажат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter