Опел открива што планира со Корса (ФОТО) - Канал 5

Опел открива што планира со Корса (ФОТО)

Opel Corsa се раѓаше двапати во последната генерација, а сега дознаваме каква е нејзината иднина.

Опел открива што планира со Корса (ФОТО)

Актуелната Corsa требаше да биде последниот модел под хаубата на General Motors, а потоа пристигна и Stellantis. Новиот шеф воведе нови правила, а Corsa потоа ја презеде основата на останатите модели во концернот. Сега дознаваме што ќе се случи во иднина.

За разлика од, на пример, Ford Fiesta, а веројатно и VW Polo, името Corsa ќе живее барем уште една генерација.

Ова го потврди шефот на дизајнот Марк Адамс. При промовирањето на редизајнираната Corsa за Autocar, тој изјави дека целосно новата Corsa ќе пристигне оваа деценија, но како исклучиво електричен модел.

А таквата иднина може да се припише токму на поделбата на трошоците меѓу компаниите во рамките на концернот. Corsa, 208, C3 и Ypsilon се имињата кои ќе претставуваат супер мини возила со иста технологија, но различен дизајн. Речиси сигурно ќе им се придружи барем еден модел на Fiat.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американската војска соопшти дека погодила десетици цели низ Иран

Американската војска соопшти дека погодила десетици цели низ Иран

Американската војска соопшти дека погодила десетици цели низ Иран, вклучувајќи системи за воздушна одбрана, радарски локации, ракетни и беспилотни објекти. Потоа, ИРГК нападнала американски цели во регионот.

Американските сили погодија цели низ Иран, а ИРГЦ возврати со напад .

Иранските медиуми известија за експлозии во Бандар Абас, Кешм, Сирик, Џаск и делови од Хузестан. Едно лице загина, а четворица беа ранети во нападот врз станицата за пумпање вода во Махшар. Потоа, ИРГЦ изведе одмазднички напади.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека нападите на Иран врз американските воени бази и средства во јужниот дел на Персискиот Залив претставуваат легитимно и законско остварување на вроденото право на земјата на самоодбрана според меѓународното право.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок доцна синоќа, при што загинаа најмалку 27 лица, а осум се тешко повредени.

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени

Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци.

Пожарникарите, кои пристигнале на местото на настанот веднаш по полноќ, брзо го изгаснале пожарот. Тие ги пронашле телата на повеќето жртви во тоалетот , каде што очигледно побарале засолниште.

Прелиминарните истраги на одделот за превенција од катастрофи во Бангкок сугерираат дека пожарот можеби е предизвикан од електричен краток спој во клима уредот, иако не е наведена официјална причина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на Рајанер пред три дена, кога се случи оштетување на моторот

Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на Рајанер пред три дена, кога се случи оштетување на моторот, а според информациите, српски државјанин за малку ќе излетал од скршен прозорец.

Ова за Канал 5 го потврди претседателот на комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски, иако вчера во повеќе регионалните медиуми се појави вест дека Македонија ќе ја предводи истрагата поради тоа што инцидентот се случил над македонско небо.

Прпоски за Канал 5 потврди дека и македонски претставници ќе бидат дел од истражниот тим што ќе работи под раководство на американската институција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер