Опасностите од нередовната проверка на филтрите за воздух во автомобилот - Канал 5

Опасностите од нередовната проверка на филтрите за воздух во автомобилот

 Во случај на почесто течење на носот и насолзени очи кај возач, стручњаците препорачуваат проверка на филтритe за воздух во кабината од автомобилот, коишто треба ги задржуваат несаканите честици од воздухот, како полен, прашина, бактери или алергени.

Опасностите од нередовната проверка на филтрите за воздух во автомобилот

Имено, додека филтрите се нови, тие спречуваат надворешните влијанија да навлезат во возилото, но филтрите што не се менуваат подолго време, може да се затнат и да станат „плодна почва“ за мувла и други штетни влијанија. И антибактериските и фунгицидните премази на филтерот стануваат неделотворни по долга употреба. Тоа уште повеќе ја препорачува редовната проверка на филтрите.

Има само неколку модели автомобили што им овозможуваат на сопствениците сами едноставно да ги исклучат и вклучат филтрите. Повеќето возачи ќе треба да го однесат своето возило кај механичар за замена на тој дел.

Познавачите велат оти филтрите би требало да се менуваат на секои 15.000 минати километри и дека дури и возачите кои не минуваат толку голема километража треба да ги менуваат барем еднаш годишно за да се обезбеди нивната делотворност.

- Ова обично се прави како дел од техничкиот преглед. Но, ако сте принудени да возите низ области полни со полен секој ден, можеби ќе треба да го смените автомобилот, нагласува Винченцо Лука - технички инспектор на германско-австриското Здружение за техничка проверка на возила - ТУВ (TÜV).

Така, ако страдате од алергија на полен, не се препорачува паркирање под дрвја за време на сезоната на полен. Исто така, најдобро е прозорците да бидат затворени во возење, како и подвижниот покрив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ.

Средба на министерот Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги.

На средбата стана збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефицата на Европската централна банка поднесува оставка

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе поднесе оставка на 7 февруари 2027 година, објави денеска ЕЦБ.

Шефицата на Европската централна банка поднесува оставка

Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за својата одлука, се вели во соопштението.

Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе замине пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година.

Нејзиниот наследник ќе го назначи Европскиот совет, по постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија.

Управниот совет на Европската централна банка ѝ се заблагодари на Лагард за нејзината работа, со долг аплауз, соопшти ЕЦБ на својата веб-страница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра

За операции на очи, приватна болница наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. 

Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра

Прво склучиле незаконски договор, а потоа наплаќале за операции на очи и од Фондот и од џебот на пациентите, фалсификувале медицински податоци, изготвувале фиктивни фактури и прикривале утврдени неправилности – ова се само дел од злоупотребите на шемата помеѓу раководни лица во ФЗО и приватна очна болница, за кои МВР до ОЈО ГОКК поднесе 11 кривични пријави и уапси осум лица.

Тројца осомничени, меѓу кои двајца се екс-директорот на ФЗО, а едниот од нив е Ден Дончев, во чие директорување е потпишан спорниот договорот во 2020 година, се сомничат за злоупотреба на службената положба. Претседателот на УО на фондот се сомничи за неправилности при одобрувањето на договорот, преку кој болницата се незаконски се стекнала со 4,5 милиони евра, а буџетот бил оштетен за 1,7 милиони. Од 2022 до 2025, периодот кој ги офаќа малверзациите, според пријавата биле оштетени од 3000 до 4000 пациенти.

„Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од фондот и од пациентите. На пациентите покрај законската партиципација им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од фондот.“

Сомнежите се однесуваат и на прикривање на неправилностите.. Екс-директорот на секторот за контрола, според пријавата, ги одложувал контролите, не доставувал и не доставувал извештаи, а раководителките на подрачна служба на фондот не ја следеле наплатата на казните. Еден од осомничените пак се товари и за фалсификување и уништување на деловни книги.

Приватната очна клиника, која е отворена во 2011 година, се сомничи за перење пари и други приноси од кривично дело, а две нејзини директорки се товарат дека сториле измама во службата и ја злоупотребиле службената положба и овластувања.

Ваквите, сериски прекршувања на законот биле аларм за актуелниот министер за здравство и поранешен директор на фондот Клековски да се обрати до надлежните инсититуции и, како што кажа, да ја иницира истрагата.

„Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов.“

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Дончев, кој во 2020 даде оставка од „приватни семејни причини“ , но тој не одговори на нашите повици. Засега е непознато дали е помеѓу уапсените, бидејќи често престојува во Австралија.

За време на полициската акција биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и во Куманово, а при истите биле запленети 50.000 евра и мобилни телефони. Во моментов, за осуммината лишени од слобода, се очекува какви мерки ќе бидат побарани од ОЈО ГОКК до судот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер