Опасно возење во Индија (ВИДЕО) - Канал 5

Опасно возење во Индија (ВИДЕО)

Што може да се случи доколку се возите врз автобусот?

Опасно возење во Индија (ВИДЕО)

Група студенти завршија на асфалтот откако автобусот нагло закочи, додека студентите биле качени врз автобусот. Студентите го прославувале Денот на автобусите, во индискиот град Ченај. Вкупно 30 студенти со здобиле со полеасни повреди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избрана новата портпаролка на Белата куќа

 Конзервативната коментаторка Кејти Закари е избрана за нова секретарка за печат на Белата куќа, наследувајќи ја Керолајн Ливит, која ја напушти функцијата во август, објави „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Избрана новата портпаролка на Белата куќа

Закарија моментално работи како виш советник за комуникации во компанијата „Трамп медиа енд технолоџис груп“ (Trump Media and Technologies Group), која управува со социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) на американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно, таа кратко време работела како портпарол на тогашната секретарка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.

Каролин Ливит се повлече од функцијата секретар за печат на Белата куќа во август, но останува ангажирана како надворешен советник на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од маршот „Непокор.Борба.Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и антифашистичката борба, порача дека денешната генерација има историска обврска да се избори за иднина.

Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од маршот „Непокор.Борба.Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и антифашистичката борба, порача дека денешната генерација има историска обврска да се избори за иднина во која младите ќе останат во Македонија и тука ќе го градат својот живот.

„Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче.

Тој посочи дека празните училишни клупи и намалениот број првачиња се сериозен аларм за иднината на државата, нагласувајќи дека Македонија не смее да се помири со иселувањето на младите.

„Затоа што денес најтажната слика на Македонија се празните училишни клупи. Околу 3000 првачиња помалку оваа година. Тоа е алармот што мора сите да го слушнеме. Затоа што држава без млади луѓе нема иднина. Ние не смееме да се помириме со тоа и нема да се помириме“, порача претседателот на СДСМ.

Филипче истакна дека иселувањето не смее да стане нормалност и дека секој млад човек треба да има перспектива во сопствената татковина.

„Не прифаќаме иселувањето да стане нормалност, затоа што изолацијата не е опција. Не прифаќаме во 21. век да нема чиста вода за пиење. Не прифаќаме власта да нема одговори и никој да нема одговорност. И најмногу од сè, не прифаќаме една цела генерација да поверува дека за неа нема место во сопствената татковина. Затоа што патриотизам е тоа како луѓето живеат денес и што ќе им оставиме на децата утре. И тоа е мерката за успешната политика. И токму затоа денес сакам посебно да им се обратам на младите. Тие што имаат 18, 20, 25 години. Вашата генерација денес има друга битка. Битка за иднината. Ние сме тука да ја водиме за вас и со вас. Затоа, наша следна голема национална задача е заедничка. Европската иднина и европски можности за секое младо момче и девојка тука во Македонија“, рече Филипче.

Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот марш во Прилеп по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“. Во своето обраќање, Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики и антифашистичките вредности на партизаните, кои пред 85 години ја започнаа борбата за слободата и македонската државност.

„Ние Социјалдемократскиот сојуз сме наследниците на државотворните политики на нашите предци партизаните, на вредносните политики на антифашистичката борба. И затоа денес кога сме соочени со криминална власт која што нè пљачка, нè изолира, повторно имаме историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. Повторно да се покаже пркос, да ѝ се спротивставиме на неправдата, да ѝ се спротивставиме на криминалната банда на власт и да ја вратиме државата во служба на народот“, рече Филипче.

Тој нагласи дека историската борба за слобода денес продолжува преку демократска борба против криминалот, корупцијата, неправдата и политиките на власта кои го поткопуваат достоинството на граѓаните.

„Таа улога, таа борба бара храброст, истрајност и одговорност. Ние ја имаме храброста, ја имаме решителноста, а народот е нашата сила. Нашата денешна борба ја водиме со демократски средства, со вистината, со јавниот збор, во Собранието и со гласот на граѓаните“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека 11 Октомври не е само датум за одбележување, туку потсетник на огромната жртва на борците кои ја извојуваа слободата и ја поставија основата за создавањето на современата македонска држава.

„Покрај сите наши славни историски датуми, треба да признаеме дека партизаните ја извојуваа најголемата и единствената победа која доведе до првата современа национална држава. Кога ја славиме победата, лесно ја забораваме неизвесноста пред првиот чекор. Лесно е да се биде храбар во говор, осумдесет и пет години подоцна. Во октомври 1941 година, храброста се мерела со тоа дали ќе излезеш од дома, знаејќи дека можеби последен пат ја затвораш вратата зад себе“, рече Филипче.

Филипче истакна дека антифашистичката борба и победата во Народноослободителната војна се нераскинлив дел од македонската државност, од Илинден, АСНОМ до независноста, а обврската на денешните генерации е да го продолжат тој историски пат.

„Од Илинден 1903, преку АСНОМ, од 1944, до референдумот за независност од 1991 година, низ различните историски епохи се провлекува една иста нишка. Тоа се поглавја на една многу, многу долга борба. Илинденците се бореа за слобода и ги поставија темелите на борбата. Асномците ците ја втемелија државноста. Генерацијата на независност ја создаде суверена и меѓународно призната република Македонија. Генерација за последните 10 години го обезбеди нашето членство во НАТО. А на нас и секоја следна генерација и останува обврската да продолжи таа историска вертикала“, рече Филипче.

Тој порача дека денешната генерација има историска одговорност да ја зачува државата, да ја зајакне економски и да обезбеди иднина во која младите ќе останат да живеат во својата татковина, наместо да бидат принудени да ја напуштаат.

„Да ја чува државата, да ја развива, економски да ја зајакнува и да ја носи напред кон Европа силна и обединета. Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче порача дека борбата за Македонија денес е борба за достоинството на секој граѓанин, за подобар живот, за правда и за европска иднина, нагласувајќи дека СДСМ нема да се откаже од вредностите врз кои е изградена македонската држава.

YouTube video

СДСМ

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лапорта го нападна Реал: „Тие сакаат да го свртат вниманието“

 Претседателот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Жоан Лапорта, остро го критикуваше најголемиот ривал Реал Мадрид, обвинувајќи го дека се обидува да ѝ наштети на репутацијата на каталонскиот клуб преку повторно актуелизирање на афера.

Лапорта го нападна Реал: „Тие сакаат да го свртат вниманието“

Претседателот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Жоан Лапорта, остро го критикуваше најголемиот ривал Реал Мадрид, обвинувајќи го дека се обидува да ѝ наштети на репутацијата на каталонскиот клуб преку повторно актуелизирање на аферата „Негреира“.

Односите меѓу двата шпански гиганти стануваат сè понапнати, а Лапорта смета дека приказната за спорните исплати кон поранешниот потпретседател на Шпанската судиска комисија се користи за да се сврти вниманието од случувањата во мадридскиот клуб.

„Во Мадрид зборуваат за други теми за да го свртат вниманието. Барселона минува низ одличен период; уживаме во фудбалот и доживуваме прекрасни моменти од нашата историја. Уживаме меѓународен углед и имаме тим што ги освојува срцата на навивачите. Во Реал се обидуваат сето тоа да го омаловажат“, изјави Лапорта.

Осврнувајќи се на аферата „Негреира“, првиот човек на Барселона повтори дека верува оти неговиот клуб ќе биде ослободен од обвиненијата.

„Се обидоа да нè осудат уште пред да ни се суди, иако на крајот излегува дека ситуацијата не е онаква каква што ја претставуваат во обвинувањата. Целосно верувам дека Барселона ќе биде ослободена од вина“, рече Лапорта.

Тој додаде дека, според него, постојаното враќање на оваа тема во јавноста само ѝ штети на репутацијата на каталонскиот клуб. „Тие ја продолжуваат истрагата колку што можат за да ја одржат приказната жива, но тоа не води никаде. Сето ова служи за да се дискредитира Барселона. Ќе дојде време да се зборува за сè кога ќе биде донесена пресудата“, изјави претседателот на каталонскиот гигант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер