Опаѓа продажбата на нови автомобили во земјите на ЕУ

Побарувачката за нови автомобили ќе биде намалена годинава , процени денеска здружението на производителите на автомобили АЦЕА , менувајќи ја досегашната прогноза за мал раст на продажбата.

Во АЦЕА очекуваат дека продажбата на нови автомобили во земјите на ЕУ ќе падне за еден процент , со проценка дека годинава ќе бидат регистрирани нешто над 15 милиони нови автомобили.

Во средината на февруари од здружението проценуваа дека продажбата ќе порасне за нешто помалку од еден процент.

"Во прилог на неизвесноста предизвикана од Брегзит  и менување на макроекономските услови, тоа е природна стабилизација на пазарот", изјави генералниот секретар на ACEA Ерик Жонарт.

Тој, исто така, додава дека новата проценка е во согласност со пониската стапка на раст на БДП на земјите на ЕУ , бидејќи продажбата на автомобили силно го одразува економскиот раст.

Според денешната објава за автомобилската индустрија за 2019./2020., секторот сега обезбедува работни места за 13,8 милиони Европејци, или 6,1 проценти од вкупниот број на вработено население на ЕУ. Нејзиниот удел во работните места во индустријата е 11,4 отсто, со 3,5 милиони работници.

Највисока е позицијата на Германија во автомобилската индустрија со 870.000 вработени. На второ место е Франција со 223 илјади и трета Полска со 203 илјади.

Четвртото место и припаѓа на Британија со директно вработени 186.000 работници, а петтата е Романија со 185.000.

притисни ентер