СветООН ја усвои европската резолуција, американската ја преиначиЕвропските земји дадоа амандмани на резолуцијата на САД, која не ја доби подршката од Собранието. За изменетата американска рецолуција 93 земји меѓу кои и Украина гласаа за, 8 земји меѓу кои и Русија против, а 73 земји меѓу кои и САД беа воздржани.Со 93 гласа за 18 против и 65 воздржани Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои украинската резолуција подржана од Европа. #BREAKING UN General Assembly ADOPTS resolution “Advancing a comprehensive, just and lasting peace in Ukraine”; calls for deescalation, early cessation of hostilities and peaceful resolution of the war against Ukraine RESULT In favor: 93 Against: 18 Abstain: 65 pic.twitter.com/VhQ5Y1W2il — UN News (@UN_News_Centre) February 24, 2025 Меѓу земјите кои гласаа против резолуцијата беа и САД, додека Македонија остана воздржана. Претходно заменик-амбасадорката на САД Дороти Шеа кажа дека е потребно решение кое би обезбедило траен мир, додека рускиот амбасадор Василиј Бебензја порача дека изборот на резолуцијата на САД е практично решение со реалистички чекори. Европските земји дадоа амандмани на резолуцијата на САД, која не ја доби подршката од Собранието. За изменетата американска рецолуција 93 земји меѓу кои и Украина гласаа за, 8 земји меѓу кои и Русија против, а 73 земји меѓу кои и самите САД беа воздржани. И во овој случај Македонија остана воздржана, иако претходно беше најавено дека ќе го подржи америчкиот „Пат до мирот“. #BREAKING UN General Assembly ADOPTS resolution “The path to peace” with amendments VOTING RESULT In favor: 93 Against: 8 Abstain: 73 pic.twitter.com/wfY31Jqo7d — UN News (@UN_News_Centre) February 24, 2025 Украинскиот предлог бара моментално повлекување на руските сили и повикува на прекин на непријателствата и мирно решавање на судирот, додека америакнаката резолуција повикува на брз крај на конфликтот и траен мир помеѓу Украина и Руската Федерација, но без да биде спомената инвазијата на Русија врз Украина. Инаку Резолуциите на Генералното Собрание не се правно обврзувачки, туку претставуваат мерило на светското јавно мислење. Денешните 93 гласа се помалку од петходните кога руската агресија ја осудуваа и над 140 земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница., информира Државната изборна комисија. Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Гласањeто денес започна во 7 часот утринава. Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОрмускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на минаЧетвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“. Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец. Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина. The fourth oil tanker, traveling on a prohibited route in the Strait of Hormuz, has exploded. 🔹IRGC Navy: This afternoon, the fourth supertanker, despite warnings from the IRGC Navy against using the southern route of the Strait of Hormuz, suffered a powerful explosion after colliding with a mine and is currently on fire. 🔹This tanker, carrying over 2 million barrels of crude oil, also ignored radio warnings from the IRGC Navy and attempted to leave the strait via the prohibited southern route. 🔹This is the fourth oil tanker that has been on fire in the Strait of Hormuz since early this morning, due to American provocations. — Sprinter Press (@Sprinter_Press) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА. „Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа. „Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи. Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција . Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни. Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци. Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот. Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“. „Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter