3Македонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС
КултураОнлајн тркалезна маса по повод 100 години од раѓањето на Блаже КонескиВо чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески оваа тркалезна маса е замислена како уште еден начин да се осветли личноста и делото на Блаже КонескиВо соработка со Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, денеска ќе одржи тркалезна маса на тема „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти", во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески, со почеток во 12 часот на платформата Зум. Настанот се одржува како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески" која се одвива под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија. На тркалезната маса ќе се обратат Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Северна Македонија, Анета Дучевска, декан на филолошкиот факултет „Блаже Конески", при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", Андреј Александрович Липгарт, декан на филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносо. Модератор на настанот е проф. д-р Биљана Мирчевска-Бошева, директор на Рускиот центар. Во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески оваа тркалезна маса е замислена како уште еден начин да се осветли личноста и делото на Блаже Конески, овојпат низ призмата на македонско-руските јазични, литературни и културни врски на која ќе се дискутира на следниве теми и тоа на руски и на македонски (како работни јазици): Конески мостот што ги поврзува македонските и руските слависти и перспективите и предизвиците на славистиката во 21 век. За руските мотиви и влијанието на руските поети во творештвото на Конески ќе зборуваат Ала Шешкен и Елена Верижникова од Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов" и Кристина Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески" при Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. За патувањата на Конески во Русија и за неговото значење и улога во развојот и афирмацијата на македонистичките студии во Москва ќе се осврнат Димитар Пандев и Максим Каранфиловски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески" при Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, додека Весна Мојсова-Чепишевска од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје ќе зборува за развивањето на културната соработка меѓу Македонија и Русија, за улогата на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и Рускиот центар како продолжувачи на плодната и успешна соработка меѓу овие две земји. Македонистиката и славистиката на универзитетите во Русија е во фокусот на интересот во излагањата на Елена Иванова и Зоја Шанова од Филолошки факултет при Санктпетербуршкиот државен универзитет и на Ирина Аржанова од Воронешкиот унивеврзитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаСедница на социјално - економскиот советЗаконот за високо образование, годишната програма за работа на ЕСС биле главните точки на кој се разговарало на денешната седница на економско совијалниот совет...Во рамки на програмата предвидено е до крајот на годината да се разговара и за минималната плата, но и за владината потрошувачка кошничка, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши... Иако на седницата не станало збор за цените на храната, Дурмиши во изјава за медиумите рече дека двете детални анализи кои ги направил дражвниот пазарен инспекторат покажале дека состојбата со цените на хранта во моментов е стабилна, но пазарен, вели, останува на терен и доколку во иднина има неосновано поскапување како влада ќе превземат соодветни мерки. По седницата изјава за медиумите дадоа и од Сојузот на синдикати, од каде уште еднаш повторија дека мора да има раст на платите бидејќи секојдневно велат растат и трошоците за живот, податок што го потврдува според нив и пресметката на минимална синдикална кошничка. Од ресорното министерство очекуваат до крајот на годината да биде целосно усогласена владината потрошувачка кошничка, која според нив ќе користи при креирање на идните економски политики... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПолицијата почна да „лови“ несовесни возачи на тротинети – стапи на сила новиот закон Старите навики и натаму се гледаат, побрзо возење меѓу пешаци, во спротивна насока, а речиси никој не ги турка тротинетите за да премине улица – па останува да се види, дали казните ќе ја поттикнат совеста кај оние кои возат тротинети.А, токму овие навики денеска беа под лупа на полицијата која денеска на неколку локации во градот ги стопираше возачите на тротинети кои не се придржуваа до поригорозните правила кои сега се законски регулирани. Дел од нив беа изненадени, други пак со изговор дека не знаеле оти законот веќе е на сила, па им беше посочено од полицјата на што треба да внимаваат во иднина за да бидат сите побезбедни. Забележавме на тротинетите и малолетници, кои не само што не смеат да возат, туку возеа и на булевар, во спротивна насока, а и побргу од утврдената брзина и покрај тоа што за нив казните се највисоки, односно 275 евра, а можат да останат и без тротинетот. Еден од малолетниците не успеа да ја избегне полициската стоп-палка. Ако малолетник биде сопрен на тротинет, веднаш се повикуваат неговите родители, како и инспектор за малолетници – се изготвува записник и потоа следува прекршочната процедура – па затоа од МВР апелираат до родителите, за најмладите да бидат побезбедни, најважно е да се стекнат со сообраќајна култура и да научат да ги почитуваат законите од најрана возраст. Воедно, побараа сите да бидат внимателни за посигурни улици. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот како и до возачите на лесни електрични возила, како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, да ги почитуваат собраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта низ државатам, бидејќи почитување на сообраќајните правила значи и заштита на човекови живот,- – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Електричните тротинети со новото законско решение станаа „лесно електрично возило“, а силата на електромоторот не смее да надминува 0,6 киловати и 35 кг без товар. Максимална дозволена брзина е 20 кмч на вело-патека, и 6 кмч на пешачка патека – возењето на булевар е забрането. Не смеат да се превезуваат други лица, во спротивно, и тој што вози, а и тој што се превезува ќе треба да платат по 100 евра казна. Воедно, тротинетот не смее да се вози при минување на пешачки премин. За опасноста што ја носат овие превозни средства, пред се по самите возачи говори и статистиката на итната медицинска помош, од каде посочуваат дека во просек 3 лица завршуваат во Итна медицинска помош по падови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗа 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојкаКолапси во автобуси и на постојки, сообраќајки, варирање на притисок, панични напади, ноќни повици поради млади што во алкохолизирана состојба паѓаат по улици. Високите температури освен асфалтот ја „вжештуваат“ и линијата на Итната медицинска помош. Со само пет екипи на смена на цело Скопје оваа служба има полни раце работа - над 100 повици, од кои за 73 во изминативе 24 часа морале да пратат и возила и да интервенираат на лице место. Утрово специфичен случај на колапс имало во автобус кога човек откако изгубил свест се струполил додека автобусот се движел и се здобил со повеќе повреди. На 194 не изостануваат повиците на депресивни, луѓе со психози и панични напади. Лекарите велат дека бројот на вакви случаи се зголемува, а на 194 се јавуваат и такви кои бараат помош за чувство на тахикардија поради тоа, боледуваат од хронична љубов. Не ја земајте терапијата за притисок пред да го измерите, велат лекарите кои покрај основните препораки - надвор да не се изглегува во најтоплиот период од денот и да се пие големо количество на вода, советуваат, во најтоплите денови да се замине во поладните предели, на пример на планина, а и повеќе да се внимава на исхраната и начинот на живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook