Онколог потенцира шест навики, кои го зголемуваат ризикот од канцер - Канал 5

Онколог потенцира шест навики, кои го зголемуваат ризикот од канцер

Иако повеќето луѓе знаат дека треба да избегнуваат очигледни канцерогени материи како тутунот, постојат секојдневни навики кои можат да го зголемат ризикот од рак - без ние дури и да го сфатиме тоа.

Онколог потенцира шест навики, кои го зголемуваат ризикот од канцер

Хируршкиот онколог д-р Аџит Паи предупредува дека одредени избори во исхраната и начин на живот можат сериозно да го оштетат дигестивниот систем и цревната обвивка, зголемувајќи го ризикот од канцер на желудникот, дебелото црево, панкреасот и други органи, пренесе Индекс.

Тој сподели шест навики кои треба да се преиспитаат - и кои можат да влијаат на вашето здравје на долг рок.

Пречеста консумација на високо преработена храна

Иако практична, високо преработената храна може сериозно да му наштети на здравјето на дигестивниот систем. „Консумирањето преработена храна, особено ако постојано се загрева и повторно се користи, е исклучително штетно“, предупредува д-р Паи за SheFinds. Ваквите производи често содржат хемиски адитиви и конзерванси кои можат да ја оштетат цревната слузница и да го зголемат ризикот од развој на рак.

Јадење изгорено црвено месо

Готвењето месо на високи температури, особено на скара, создава соединенија кои можат да бидат канцерогени. „Голема количина на силно печено месо, особено црвено месо, е многу штетно“, вели д-р Паи. Изгорените делови содржат нитрозамини - супстанции кои се поврзани со зголемен ризик од рак на хранопроводот и желудникот.

Прекумерна консумација на кисела и солена храна

Киселата и конзервираната храна често е богата со сол, што претставува дополнителен товар на слузницата на желудникот. „Јадењето големи количини кисела и солена храна ја оштетува слузницата на желудникот и предизвикува рак на желудникот“, нагласи д-р Паи. Во земјите каде што традиционално се јаде многу таква храна, се регистрирани повисоки стапки на рак на желудникот.

Користење солариум

Користењето солариуми е поврзано со поголем ризик од рак на кожата, вклучувајќи меланом - најсмртоносната форма на рак на кожата. УВ зрачењето од солариумите е екстремно концентрирано и може да ги оштети клетките на кожата дури и по повремена употреба. Редовната употреба значително ги зголемува шансите за развој на рак, особено кај младите луѓе.

Користење тутун во која било форма

Тутунот е сè уште една од најсериозните причини за рак. „Користењето на тутун во која било форма придонесува за развој на неколку видови рак - од усната шуплина и грлото до белите дробови и пошироко“, предупредува д-р Паи. Тие вклучуваат цигари, тутун за џвакање, наргиле и електронски цигари.

Консумирање алкохол

Спротивно на популарното верување дека една чаша вино дневно е корисна, д-р Паи истакнува дека „нема безбедна количина алкохол“. Дури и една чаша дневно може да ја оштети цревната слузница и да го зголеми ризикот од развој на рак на желудникот, дебелото црево, ректумот, панкреасот и црниот дроб, особено ако тоа доведе до цироза.

Иако многу од овие навики станаа вообичаени, д-р Паи ја нагласува важноста на свеста и умереноста. „Оние мали, но доследни одлуки можат или да го заштитат или да му наштетат на вашето здравје. Изборот е ваш“, заклучува онкологот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.10.2026 до 30.10.2026 зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци

Октомври со највисока исплата за породилни надоместоци.

ФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци

Над 621 милион денари исплатени во октомври, од кои рекордни 467 милиони денари за породилни надоместоци во последните четири месеци. Зад овие бројки стои континуитет во реализацијата на правата на осигурениците и јасна определба навремената исплата да стане стандард, а не исклучок.

Фондот за здравствено осигурување го заокружи октомври 2026 година со исплатени 621.383.663 денари за надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство.

Од вкупниот износ, 467.074.428 денари се исплатени за породилни надоместоци, што претставува највисока месечна исплата за оваа намена во периодот јули–октомври 2026 година. За останатите надоместоци по основ на боледување се исплатени 154.309.235 денари.

Но, вистинската слика за работењето на Фондот не ја дава само еден месец.

Во периодот од јули до октомври, Фондот исплати вкупно над 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства, од кои над 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци.

Овие податоци ја отсликуваат финансиската димензија на една од најважните обврски на Фондот – обезбедување континуитет во остварувањето на законските права на осигурениците.

Особено значајно е што октомвриската исплата за породилни надоместоци бележи раст од над 25 проценти во однос на септември, потврдувајќи го засилениот обем на реализирани исплати за оваа категорија осигуреници.

За Фондот, успехот не се мери само со висината на исплатените средства, туку и со сигурноста што ја носи нивната навремена исплата.

Зад секој исплатен надоместок стои конкретно право, а зад секое право – човек, родител или семејство за кое финансиската предвидливост има особено значење.

Токму затоа, определбата на раководството, предводено од генералниот директор м-р Златко Перински, е редовноста на исплатите да се воспостави како траен принцип на работење, со одговорно управување со средствата и непречено исполнување на останатите обврски на Фондот.

Средствата на здравственото осигурување им припаѓаат на осигурениците. Обврска на Фондот е тие да се користат законито, одговорно и навремено, во функција на остварување на нивните права.

Фондот и во наредниот период ќе продолжи да работи на подобрување на организацијата, ефикасноста на обработката на барањата и одржувањето стабилна динамика на исплатите.

Нашата цел е едноставна: осигурениците да не ја доживуваат навремената исплата како посебна вест, туку како сигурност на која можат да сметаат.

ФЗО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.

Мицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција

-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер