Онана се врати на целосен тренинг - Канал 5

Онана се врати на целосен тренинг

Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана, се врати на тренинг по повредата на тетивата, објави „Manchester Evening News“.

Онана се врати на целосен тренинг

Дваесет и деветгодишниот Камерунец би можел да биде вклучен во составот за првото коло од сезоната 2025/26 во Премиер лигата против Арсенал. Натпреварот ќе се одржи на 17 август.

Онана ги продолжи тренинзите со другите голмани. Претходно учествуваше само во неконтактни тренинзи за време на азиската турнеја.

Во сезоната 2024/25, Онана прими 65 гола на 50 натпревари за Манчестер јунајтед, 11 натпревари не прими гол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска Уставниот суд ја одржа 18. седница

Соопштение по одржаната 18. седница на Уставниот суд.

Денеска Уставниот суд ја одржа 18. седница

Денеска Уставниот суд ја одржа 18. седница и го одлучи следното:

1. У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025

Поради недоволно мнозинство гласови при гласањето, овој предмет останува отворен и во фаза на гласање.

Оспорени акти: членовите 75-ѓ став 1 и 12 алинеја 1 и 2, 76-д став 5 алинеја1 и 2, и 78-а став 4 алинеја 1 и 2 од Изборниот законик

Подносители на иницијативите: Политичка партија “Левица” и политичка партија „Демократи”

2. Реферат У.бр.24/2026

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 83 став 4 од Законот за судовите. („Службен весник на Република Македонија” бр.58/2006, 62/2006-исправка, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Македонија” бр.96/2019).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски

3.Реферат У.бр.44/2026

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Член 9 во делот „без претходна согласност на Владата на Република Македонија” од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија” бр. 72/2016, 142/2016 и 233/2018 и Службен весник на Република Македонија” бр.14/2020 и 154/2023).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски

4. Реферат У.бр.47/2026

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 60 став 2 во делот „кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 60 години на живот за жена, односно 62 години на живот за маж” од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Македонија” бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020, 163/2021, 294/2021, 99/2022, 236/2022, 65/2023 и 192/2025).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.227/2024

Овој предмет е повлечен од седницата, поради испитување на дополнителни околности. Останува активен и ќе биде ставен на Дневен ред на некоја од наредните седници.

Одлука за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелацијја за корекција на границите на градежната парцела 1.28 од ДУП Крајбрежен појас – локалитет Спортски Општина Ѓорче Петров, Скопје („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” бр.2/2024).

Подносител на иницијативата: Томислав Крстевски преку адвокат Ивица Коневски

6. Реферат УЗ.бр.15/2026

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на став 2 во делот „јавните” и став 3 во деловите „јавните” и „за околу 6.000 крводарители” од точка IV. Финансирање на програмата и став 2 во делот „јавните” од точка V. Распределба на средствата од Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2026 година, донесена од Владата на Република Македонија, бр. 57-1208/8 од 24.02.2026 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, бр. 43/2026 од 27.02.2026 година.

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: Злате Шулески

II – ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ

1. CH-I-бр.1/2025

Судот одлучи дека за постапување по барањето за враќање на привремено одземени предмети е надлежен Основниот суд Радовиш.

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на предлогот:

Министерство за економија и труд –Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор – Струмица

III- БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

Реферат БЗСП.20/2025

Судот го одби барањето на Шерафедин Куртов од Велес за заштита на слободите и правата што се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на национална припадност.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

IV- БАРАЊЕ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД

Реферат УЗ.бр.75/2025

Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на Одлуката У.бр.94/2019 од 12 мај 2020 година година, донесена од страна на Уставниот суд на Република Македонија.

Одлуката е донесена едногласно.

ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО НАЦРТ- ОДЛУКА

1. У.бр.59/2025

Судот ја запре постапката за овој предмет. Во оваа фаза од постапката, Судот оцени дека Решението У.бр.59/2025 од 4 март 2026 година, со кое е поведена постапка за оценување на уставноста на член 9 став 2 во делот „на самостоен орган на државна управа“ од Законот за индустриската сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 21/2009, 24/2011, 12/2014, 41/2014, 152/2015, 53/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.31/2020 и 86/2025), е засновано врз погрешно утврдена фактичка состојба.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем меѓународен успех на ученичка од Македонија

Софија Ѓорчева од Кавадарци оствари меѓународен успех.

Голем меѓународен успех на ученичка од Македонија

На меѓународниот турнир „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија таа освои златен пехар во најтешката категорија „Ludovico Ferrari“; златен медал на тимскиот натпревар, сребрен медал на финалниот индивидуален натпревар.

До финалето стигна по четири квалификациски круга, во кои освои златен медал во секој круг.

Освен тоа, Ѓорчева е и добитник на сребрен медал на „International Youth Math Challenge (IYMC)“, каде што го постигна највисокиот резултат меѓу учесниците од Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

„Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства.“ - ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

Започнуваме нова кампања за вдомување посветена на кучињата кои најдолго престојуваат во прифатилиштето и со години чекаат некој да им даде шанса за нов живот.

Во рамки на кампањата, за реализиравме фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако станува збор за здрави, социјализирани и подготвени за вдомување миленици.

Во наредниот период, јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом.

Зад секое куче што со години е во Лајка се крие приказна која заслужува да биде слушната. Тие не се бројки, туку живи суштества кои секој ден го чекаат истиот момент - некој да дојде токму по нив. Со оваа кампања сакаме да им дадеме видливост на оние кои најдолго чекаат и да покажеме дека времето поминато во прифатилиште не ја намалува нивната вредност како идни домашни миленици.

Кучињата кои се дел од кампањата со години се под грижа на ЈП Лајка. Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Голем дел од нив учествуваа во бројни прошетки и активности, каде покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство.

Ги повикуваме граѓаните да ги следат објавите, да ги споделуваат нивните приказни и да размислат за вдомување. Понекогаш е потребно само едно споделување за едно куче, по години чекање, конечно да го пронајде својот дом.

За повеќе информации и интерес за вдомување, граѓаните можат да се обратат преку нашите официјални канали за комуникација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер