3ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ТехнологијаОН со сателити ќе пронаоѓа истекување на метан на Земјата Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) објави дека ќе лансира јавна база на податоци за светските истекувања на метан, снимени од вселенски сателити.Тоа е нова иницијатива за поттикнување на компаниите и владите да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Новиот систем наречен МАРС е резултат на ветувањето потпишано минатата година од 119 земји за намалување на емисиите на метан за 30 отсто оваа деценија. Научниците нагласуваат дека оваа цел е клучна за борбата против климатските промени. „МАРС е голем чекор во помагањето на владите и земјите да ја постигнат оваа важна, краткорочна цел за климата“, рече Ингер Андерсен, извршниот директор на УНЕП, во изјавата на самитот за климата COP27 во Египет. „Намалувањето на емисиите на метан може да донесе брза и голема промена бидејќи тој гас ја напушта атмосферата многу побрзо од јаглерод диоксидот“, додаде таа. Метанот е безбоен, запалив гас без мирис, кој најмногу се појавува во депониите, во земјоделството, сточарството и при екстракција на нафта и гас. Во однос на количината, по јаглерод диоксидот, тој е втор најзастапен стакленички гас во атмосферата и е одговорен за околу една четвртина од затоплувањето на планетата. На глобално ниво, метанот е одговорен за околу 30 проценти од затоплувањето, според Обединетите нации. Иако метанот ја загрева планетата 80 пати посилно од јаглерод диоксидот, тој исчезнува од атмосферата за две децении, додека јаглеродниот диоксид останува стотици години, па се верува дека неговото намалување брзо ќе влијае на глобалното затоплување. Системот МАРС ќе ја користи постоечката мрежа на сателити за да го открие гасот ширум светот, да определи колкаво е истекувањето и да ги идентификува одговорните компании и влади, соопшти УНЕП. Програмската опсерваторија потоа ќе ги сподели тие информации со одговорните засегнати страни за да се поправи истекувањето. По период од 45 до 75 дена, опсерваторијата ќе објави информации за истекувањето и одговор од компанијата или владата во базата на податоци. Системот прво ќе се фокусира на светските постројки за нафта и гас, еден од најголемите извори на метан, по што ќе се префрли на индустријата за јаглен, отпадот, сточарството и производството на ориз. Иницијативата делумно ќе биде финансирана од САД и Европската унија, заедно со филантропските организации на основачот на Амазон ,Џеф Безос и Глобалниот центар за метан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОсум лица се ранети во средно учлиште во ТурцијаОсум лица се ранети во Маниса во Турција, откако утрово непознато лице отворило оган пред средно училиште, соопшти канцеларијата на гувернерот на Маниса.На снимките од безбедносните камери се гледа како осомничениот оди по улицата со пушка во раката, а потоа брзо бега од местото на настанот заедно со оружјето. По вооружениот напад во училиштето во Маниса, на местото почнале да пристигнуваат вознемирени родители, додека полицајците се обидувале да ја смират толпата и да ја стават ситуацијата под контрола. На местото на настанот е присутен голем број припадници на безбедносните служби, а родителите се обидуваат да добијат информации за своите деца. првичните извештаи укажуваат дека се ранети осум лица, од кои едно е во критична состојба.напаѓачот побегнал од местото на настанот. Полицијата започнала голема потрага и тој набрзо бил уапсен.пукањата во училиштата се ретки во Турција, иако претходно оваа година имаше два напади во еден по друг дена на југот од земјата што предизвикаа гнев кај локалното население Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“Лидерот на СДСМ Венко Филипче утринава на прес конференција на која зборуваше за повеќе теми рече дека Македонија е изолирана земја и а Мицкоски го нарече руски прокси играч.Целосната изјава погледнете ја во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, уставСДС се дрзна да каже дека ВМРО-ДПМНЕ ја распродавала државата, и тоа замислете од партијата водена од најголемите докажани квинслинзи на Македонија, Зоран Заев и Венко Филипче. Кога Коте од Руља кој е синоним за прадавство би бил жив, на овие двајца вода може да им носи. Сменија име, сменија Устав, сменија знаме, се откажаа од македонското малцинство во соседните држави, кажуваа дека Бугарите биле ослободители, дека македонскиот јазик почна од Втората светска војна. Донесоа француски предлог и ултиматум и го направија критериум за напредок кон Европската Унија. Па СДС е таму каде што е токму поради овие предавства. Така да предавствата станаа второ име за Филипче и Заев. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05