СветОН: „Репресивниот режим“ во Венецуела се уште е целосно оперативенМисијата на Обединетите нации за утврдување факти соопшти дека „репресивниот државен апарат“ во Венецуела е целосно оперативен и по соборувањето на поранешниот претседател Миколас Мадуро.Мисијата на Обединетите нации за утврдување факти соопшти дека „репресивниот државен апарат“ во Венецуела е целосно оперативен и по соборувањето на поранешниот претседател Миколас Мадуро, извршено од страна на американските сили на почетокот на јануари годинава. Во извештајот доставен до Советот за човекови права на ОН се наведува дека „институционалните структури кои овозможуваат кршење на човековите права не се укинати“, додавајќи дека од падот на Мадуро се регистрирани 87 политички мотивирани апсења. Владата во Венецуела со години ги негира обвинувањата за кршење на човековите права и постоењето политички затвореници, тврдејќи дека притворените лица се товарат за класични кривични дела. Во извештајот се наведува и дека високи владини и воени функционери, претходно посочени како одговорни за злосторства против човештвото, се уште се мошне влијателни во земјата. Вашингтон подолг период ја критикува состојбата со демократијата во Венецуела, обвинувајќи ја социјалистичката власт за изборни измами и политичка репресија. САД претходно соопштија дека ќе „преземат контрола“ врз Венецуела, но не инсистираа веднаш на нови избори, нагласувајќи ги притоа добрите односи со поранешната потпретседателка Делси Родригез, која ја презеде функцијата привремена претседателка и поддржа измени во националните регулативи за нафта и за рударство насочени кон привлекување инвестиции. Нејзината Влада усвои и закон за амнестија како дел од договор за ослободување илјадници затвореници. Според Владата во Каракас, до крајот на февруари биле ослободени речиси две илјади лица, што сепак беше оспорено од локалните невладини организации, кои упатуваат критики до власта за недоволна транспарентност и забелешки за далеку помал број ослободени затвореници. Алфредо Ромеро, директорот на организацијата „Форо Пенал“ изјави дека „репресивниот систем и натаму постои и оти правосудниот систем и натаму е алатка за политички прогон“. Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 30. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 30 . септември 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници. Кариера Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате. Здравје Радувајте се на она што е добро. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас. Здравје Не се сомневајте ,туку работете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна. Кариера Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти. Здравје Се е во ред. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство. Кариера Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи. Здравје Почнете да спортувате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни. Кариера Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби. Здравје Мала главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение. Кариера Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте. Здравје Имајте малку повеќе верба. Овен 21.3-20.4. Љубов Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија. Кариера Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете. Здравје Одете чекор по чекор. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата. Кариера Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен. Здравје Средете го ритамот на работата и одморот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат. Кариера Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки. Здравје Уживајте во секој момент. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни. Кариера Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење. Здравје Премногу се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо. Кариера Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно. Здравје Поработете на вашето трпение. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас. Кариера Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите. Здравје Бидете искрени кон сите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Богданка Кузеска и Валентин Манасиевски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богданка Кузеска и Валентин МанасиевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЛуѓето расправаат дали би го оставиле партнерот за пари, еден одговор е хитНајпопуларниот коментар, кој доби импресивни 16.000 гласови, беше краток и јасен: „Побарај 10 милиони“.На Reddit се разви дискусија околу едно хипотетичко сценарио: што би направиле ако таткото на вашиот партнер/ка кој е милијардер ви понуди шест милиони долари за да ја прекинете врската? Прашањето беше објавено на подфорумот r/AskReddit и набргу предизвика низа духовити, цинични и прилично безобѕирни одговори. „Побарај 10 милиони“ Најпопуларниот коментар, кој доби импресивни 16.000 гласови, беше краток и јасен: „Побарај 10 милиони“. Следуваа и подетални предлози. Еден корисник напишал дека прво би ја покажал понудата на партнерката за да открие што се обидува да направи татко ѝ. Потоа прокометирал дека заедно би можеле да смислат начин да „извлечат повеќе пари од старецот“ пред да побегнат заедно. Друг корисник отишол многу подалеку, шегувајќи се дека со тие пари би можеле да „ангажираат платен убиец“, што би довело до она што тој го опишал како „заедничко гарантирано уништување“. „Но, таткото може да си дозволи повеќе платени убијци“, возвратил друг корисник. Некои споделиле искуства од реалниот живот Еден од корисниците претпоставил дека таквата понуда всушност би можела да биде тест. Тој се присетил како неговиот татко еднаш направил нешто слично со едно момче што се гледало со неговата сестра. Наводно, таткото му понудил неколку стотици долари (или повеќе) за да ја прекине врската со неговата ќерка, бидејќи сакал таа да го продолжи образованието, а врската да не ѝ ги попречи плановите. „Момчето ги зеде парите, а еден час подоцна сестра ми му се јави на татко ми плачејќи дека дечко ѝ ја оставил“, напишал корисникот, додавајќи дека верува оти татко му постапил правилно. Во друг коментар, еден корисник споделил приказна за поранешен колега кој, според него, не бил особено бистар, но направил една многу паметна работа во животот: се оженил со ќерка на милијардер. Тој, наводно, првично го советувал колегата да не се впушта во врска со ќерка на толку познат и богат човек, но колегата не го послушал. Подоцна тој ја изневерил, а бракот завршил со развод. Корисникот се присетил дека по разводот на бирото кај својот колега видел чек за алиментација од 25.000 долари, тврдејќи дека тој износ го примал секој месец и требало да го добива до крајот на животот. Многумина прашале зошто тој воопшто сè уште работи, со оглед на тоа што со таков месечен приход лесно би му овозможил да се пензионира. Други пак коментираа дека им е чудно што милијардерот не инсистирал на предбрачен договор. „Би уживал во моите шест милиони“ Некои учесници во дискусијата немале дилеми. „Би уживал во моите шест милиони долари“, напишал еден корисник, добивајќи повеќе од 300 гласови. Друг бил уште подиректен: „Ако еден милијардер не те сака во своја близина, нема ни да бидеш таму“. Судејќи според коментарите, шест милиони долари навистина би биле доволно силна причина за многумина да стават крај на врската. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11