ОН: Повеќе од два милиони луѓе ги напуштиле домовите поради борбите во Судан - Канал 5

ОН: Повеќе од два милиони луѓе ги напуштиле домовите поради борбите во Судан

Конфликтот во Судан протера повеќе од два милиони луѓе од своите домови, објавија ОН. 

ОН: Повеќе од два милиони луѓе ги напуштиле домовите поради борбите во Судан

Претставник на светската организација предупреди дека можеби се извршени злосторства против човештвото во жестоките борби во проблематичниот судански регион Дарфур.

Според Меѓународната организација за миграција, тело на ОН, повеќе од 1,6 милиони луѓе ги напуштиле своите домови и побарале засолниште во други области на Судан од почетокот на борбите. Околу 530.000 луѓе побегнале во соседните земји Египет, Јужен Судан, Чад, Етиопија, Централноафриканската Република и Либија, додава организацијата.

Наспроти ова, борбите во главниот град Картум и западниот регион Дарфур продолжуваат. Според Сојузот на судански лекари, од почетокот на конфликтот, најмалку 959 цивили загинале, а околу 4.750 се повредени.

Реалниот број може да биде уште поголем бидејќи пријавените бројки не вклучуваат извештаи за жртви и повредени во борбите во Генена, главниот град на провинцијата Западен Дарфур.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува

Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа.

ВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува

Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче.

Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега?

Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано?

И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот?

Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија и двојните стандарди на СДС и Филипче.

Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДС, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало.

Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник.

Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел?

Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи.

Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Убавата Емили блесна на филмска премиера

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви сите со својот изглед во тесен црн фустан со длабоко деколте и му даде силна поддршка на својот партнер на грчката премиера на неговиот нов филм „Sacrifice“.

Фото: Убавата Емили блесна на филмска премиера

Позната по своите провокативни пози, разголени модни изданија, а сега и по врската со Гаврас, Емили ужива во вниманието што го привлекува.

Францускиот режисер Ромен Гаврас се појави во поопуштено издание, во широк црн капут и сина кошула, при што цело време ја прегрнуваше Емили.

Емили ја надополни својата смела комбинација со чантичка со златен синџир и високи чевли што се врзуваат околу ногата, додека заедно пристигнуваа во културниот центар „Онасис Стеги“, пренесува „Дејли мејл“.

Премиерата на неговиот најнов филм „Sacrifice“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември.

Ова остварување претставува и негово деби на англиски јазик, а во главната улога се појавува Ања Тејлор-Џој како религиозен фанатик кој планира да жртвува тројца важни луѓе за да го спаси светот од уништување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жена без ниту една маана, Ријана воодушеви во секси долна облека

Светската музичка ѕвезда Ријана уште еднаш „покаже “ дека е Жена без ниту една маана. 

Фото: Жена без ниту една маана, Ријана воодушеви во секси долна облека

Атрактивната Рири се соблече по гаќички и ги покажа своите бујни прекрасни облини.

Уште едно провокативно издание на Ријана остави многумина без зборови. Таа се соблече по долна облека и ги покажа своите прекрасни облини.

Иако не е активна во музичкиот свет, пејачката Ријана ја пронајде среќата во бизнисменките води. Таа е горда сопственичка на брендот за убавина и мода „Fenty“, а активна е и на социјалните мрежи. Редовно објавува фотографии од своето приватно опкружување и не е тајна дека го користи своето влијание на мрежите за да го промовира својот бренд.

Така, таа неодамна објави збирка фотографии кои за кратко време предизвикаа бројни реакции ширум светот. Како што може да се види, таа гордо позираше во црвена долна облека што ги истакнуваше нејзините атрибути.

Во преден план беа нејзините бујни гради и прекрасни облини, а не смее да се изостави ниту нејзината секси поза што ја заокружи оваа сензационална сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер